Петар Шапкарев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 20 декември 1908
Софија,  Бугарија
Починал 16 септември 1997
Софија,  Бугарија
Занимање општественик


Петар Климентов Шапкарев (бугарски: Петър Климентов Шапкарев) е економист, математичар, предавач, научник и општественик од Бугарија.

Биографиjа[уреди | уреди извор]

Петар Шапкарев е роден на 20 декември 1908 година во Софија. Наследник е на прочуениот Охридски род Шапкареви, син на револуционерот Климент Шапкарев, внук на етнографот и фолклористот Кузман Шапкарев и правнук на преродбеникот Димитар Миладинов.

Во 1990 година е избран за заменик-претседател на Сојузот на македонските културно-просветни друштва во Бугарија (денес ВМРО-БНД). Во истата година е востановен Македонскиот научен институт и Петар Шапкарев става негов претседател. Бил главен редактор на списание „Македонски преглед“.

Објавени книги[уреди | уреди извор]

  • Шапкарев, П., Отрасловата структура в междуотрасловите връзки на промишлеността в НР България, София, 1965, БАН Икономически институт
  • Шапкарев, П., Статистико-икономически етюди върху народното стопанство на НР България, София, 1982
  • Шапкарев, П., Производственият ритъм в народното стопанство на НР България, София, 1983, Наука и изкуство
  • Шапкарев, П. и др., Сто години от рождението на акад. Иван Стефанов, София, 1999, АИ Проф. Марин Дринов

Извори[уреди | уреди извор]



Претседатели на Македонскиот научен институт

професор Иван Георгов | професор Љубомир Милетиќ | професор Никола Стоjанов | професор Димитар Сиљановски | Георги Кулишев | професор Петар Шапкарев | професор Димитар Гоцев | професор Трендафил Митев