Прејди на содржината

Георги Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Николов
Роден 1868
Охрид, Македонија
Починал 1 март 1939
Цариград, Турција

Георги Николов (Охрид, 1868Цариград, 1 март 1939) — македонски револуционер, лекар и учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Четврта генерација на матуранти во Солунската гимназија во учебната 1888/89 год.
Прв ред (учители): Ј. Буфети, Б. Димитров, Г. Прличев, Д. Матов, Н. Начов, Д. Хаџииванов, В. К’нчов, Е. ефенди
Втор ред (матуранти): Н. Зарзев, К. Робев, Н. Апостолов, П. Васков, Д. Поптомов, Ј. Игнатиев, И. Хаџимишев, М. Лучански
Трет ред (матуранти): Ј. Гелев, Г. Трајчев, А. Димитров, Г. Николов

Николов е роден 1868 година во Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа и Медицински факултет во Цариград. Работи како лекар во Охрид, Битола, Скопје, Воден и други. Бил покрестен од страна на Даме Груев во Организацијата, влегол во првиот Охриски околиски комитет, а подоцна бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет.[1] Станува претседател на окружниот комитет на Организацијата во Скопје во 1904 година. Во 1907 година веќе како претседател на околискиот комитет во Воден е уапсен и осуден на вечен затвор. Ослободен е за време на Хуриетот. Во Балканските војни учествува како лекар кон Бугарската армија. Умрел на 1 март 1939 година во Цариград.[2]

  1. Александров, Тодор. Дневник и кореспонденция от Първата световна война, Издателство „Знание“, Стара Загора, стр. 67.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 117.