Спиро Карасулски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Spiro Ivanov Karasule IMARO.JPG
Роден 1869
Ругуновец, Кукушко, Егејска Македонија
Починал непознато
непознато

Спиро Иванов, познат како Карасулски, бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1869 година во Ругуновец. Влегува во ВМОРО, бил покрстен од свештеникот Стамат Танчев, и врши терористички наредби од Централниот комитет.

Откако извршуваат неколку убиства над шпиони, прогонувани од властите на 15 септември 1897 година, Иванчо Карасулијата, Апостол Петков и Спиро Карасулски стануваат нелегални, а кон нив подоцна се приклучува Христо Узунов од Куфалово. Војвода е Апостол Петков. Кон средината на февруари кон четата им се приклучуваат и Гоно Балабанов од Сехово и Павле Граматиков од Кониково, Стојко од Карасуле, Лазар Делев од Ореховица, Гого Киров и Хаџи од Мутулово и Кољо Машкото од Богородица. За кратко време четата, која дејствува во Дојранското, Гевгелиско и Ениџевардарско, посеала страв кај зулумџиите.ѓ

Во Првата балканска војна во 1912 година Спиро Карасулские доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на Лазар Делев [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 298.