Кузо Стефов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кузо Стефов
Роден 29 септември 1875
Загоричани, Костурско, Егејска Македонија
Починал 18 февруари 1902
Шестево ,Костурско, Егејска Македонија

Кузман (Кузо) Стефов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кузо Стефов е роден во 1875 година во селото Загоричани, Костурско (денес Василиада). Учи прво во своето родно село, а потоа во Цариград. Во 1894 година се школува во Битолската машка гимназија. Образование го завршил во 1898 година при Солунската машка гимназија, каде што се спријателува со Лазар Поп Трајков, Лазар Москов и влегува во редовите на ВМОРО.

Учителствува во Хрупишча (денес Аргос Орестико) а истовремено извршувал револуционерната дејност, како агитатор. По апсењето на Лазар Поп Трајков во 1899 година го раководи Костурскиот револуционерен реон заедно со Павел Христов и Михаил Николов. Кузо Стефов е осуден по Нурединовата афера во 1901 година, меѓутоа успеал да избега и се засолнил Корча, станува нелегален.

Во почетокот на 1902 година Гоце Делчев го обиколува Костурско, ги одредува за раководители на регионот Кузо Стефов (во Пополе), Лазар Поп Трајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев и Михаил Николов, а Васил Чекаларов бил задолжен за купување на оружје од Грција.

Кузо Стефов, заедно со Пандо Кљашев, е одреден да дејствува во Пополе и кон Хрупишча. Една вечер во Нестрам, додека Кузо Стефов организира револуционерен комитет, ренегатот Коте Христов и неговите четници извеле неуспешен обид за убиство врз војводата Кузо.

На 24 февруари (12 стар стил) 1902 година во близина на селото Шестеово четата на војводата е забележана и предадена од турски селани. Уште истата вечер надојдените аскер ја опкружува четата. Кузо Стефов е повреден, а четникот Малиот Наке е убиен од првите истрели на Турците. Смртно повреден Кузо Стефов се враќа кај својата свршеница Василка Иванова и се самоубива. Учителката Василка Иванова исто така се самоубива за да не биде заробена [1]. Останатите четници успеале да избегаат под раководство на војводата Атанас Петров. Главите на Кузо Стефов и Малиот Наке биле отсечени и два дена биле изложени на конакот во Костур, подоцна се погребани во братскиот рид во Апоскеп.

Кузо Стефов е воспеан во народна песна.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 138.