Јордан Гавазов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
YordanGavazov.jpg
Роден 1868
Прилеп, Македонија
Починал 1898
Прилеп, Македонија

Јордан Гавазов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Јордан Гавазов е роден во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. По професија е железар. Заедно со Даме Груев, Александар Хаџи Панов и Јордан Поп Костадинов го создале Прилепскиот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во 1894 година.

Во 1896 година е уапсен и затворен во битолскиот затвор, уапсен е како учесник во убиството на беговските зулумџии во Небрегово во 1894 година, нападот бил извршен од Дедо Димо и неговите другари. Во затворот, Јордан Гавазов, заедно со Стојан Лазов и Дончо го прободеле со ками неколку пати Мицко Крстевски, по што Мицко конечно преминал во услуга на српската пропаганда во Македонија [1][2].

Зимата на 1897-98 година Јордан Гавазов успеал да се ослободи од затвор и емигрирал во Бугарија. Заедно со Христо Чемков повторно навлегол во Македонија, во мај 1898 година, со идејата да формираат организациска чета во Прилепско со Харалампи Џуров и Стојан Димитров - Акчијата [3].

Во Прилеп, Гавазов и Чемков биле опколени во една куќа и за да не бидат заробени се самоубиваат, а пред тоа го убиле полицискиот началник и неколку војници [4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 198 г. [1]
  2. Силяновъ, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, II“, София, 1943, стр.279
  3. Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр.24.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 28.