Пере Тошев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пере Наумов Тошев
1865 - 4 мај 1912
Пере Тошев.jpg
македонски револуционер и национален херој
Прекар: Пере  • Совеста на револуционерна Македонија
Роден во: Прилеп, Македонија
Починал во: Дреново, Македонија
Служба во: Македонско национално движење
Период на служба: 1893 - 1912
Чин: Член на Централниот комитет
Единици: Четнички институт
Командува/л со: Македонска револуционерна организација
Битки/војни: Српско-бугарска војна  • Битка кај Сливница  • Борба за Македонија  • Илинденско востание
Одличја: Орден за храброст
Други занимања: учител
Поштенска карта. На предната страна е ликот на Пере Тошев, на задната страна пишува: Лишен од сите човечки права, при полно отсуство на какви и да било услови за една легална, културна борба, фрлениот во очај македонски народ, повторно е принуден да се заложи за последното средство - оружјето - и да се бори против тиранијата за слобода или смрт. Пере Тошев, роден 1867 г. во Прилеп, Македонија: Еден од основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација, паднал за слободата на својот народ 1912 кај село Дреново. Нaјдолу: Серија I - Борци паднати за слободата на Македонија, No. 3, издание на Сојузот на македонските студентски друштва во туѓина
Споменик на Пере Тошев во Скопје
Дел од серијалот
Пантеон на бессмртните предводници на македонската револуционерна епопеја“
Споменик на паднатите борци за Македонија.JPG
Гоце Делчев
Даме Груев
Пере Тошев
Јане Сандански
Петар Поп Арсов

Петар Наумов Тошев (1865 - 4 мај 1912) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, апостол и совеста на револуционерна Македонија[1] и национален херој.

Пере Наумов Тошев е роден во 1865 година вo Прилеп, во семејство на богати и видни иселеници од Дебарско. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа продолжил да се школува во Солунската машка гимназија, од каде што во 1884 година, поради бунт бил исклучен со група од 12 ученици, меѓу кои и Ѓорче Петров. Во 1884 година завршил VI клас во Пловдивската гимназија. Истата година, во градот Станимака (Асеновград), Пере Тошев, заедно со Спиро Костов од Велес и Владимир Кусев од Прилеп, организирале револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско. Исто така, тој бил учесник во обединувањето на Источна Румелија со Бугариja во 1885 година, каде што со неговата чета учествувал во заземањето на градската пошта во Пловдив. Истата година, тој зел учество во Српско-бугарската војна, како доброволец во бугарската армија во одред од 400 македонски доброволци, под команда на Коста Паница. Нападот на неговиот одред бил заслужен за конечниот исход на битката кај Сливница (во близина на Пирот), при што Србите се повлекле. Во битката Пере Тошев бил ранет, а за покажаната храброст бил одликуван со „Орден за храброст“. Од 1892 до 1901 година учителствувал во гимназиите во Прилеп, Скопје, Битола и Солун, сè до Солунската афера во 1901 година, кога заедно со повеќе истакнати револуционери бил уапсен. Притоа, тој бил осуден на 101 година затвор и бил затворен во Подрум Кале (Бодрум Кале) во Мала Азија, но во 1902 година бил амнестиран. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание, каде што раководел со Мариовскиот револуционерен реон.

Во 1904 година, по заробувањето на Дамјан Груев од србоманскиот војвода Мицко Крстевски, лично отишол и преговарал со Глигор Соколов (Соколовиќ) Ламев за негово пуштање. По востанието, тој бил еден од главните претставници на Реформската струја и се залагал за широка децентрализација на Организацијата. Исто така, бил делегат на Прилепскиот конгрес во 1904 година, а во 1905 година на Рилскиот конгрес на ВМОРО бил избран за член на Централниот комитет на Организацијата. Од 1910 до 1911 година бил училиштен инспектор на училиштата во Солунскиот округ. Во 1911 година заминал да се лекува во Софија, во клиниката на Стефан Сарафов. На 29 февруари 1912 година ја примил веста за склучувањето сојузен договор меѓу Бугарија и Србија, каде што Македонија била поделена на спорна и беспорна зона. Пере Тошев побарал да биде примен во Народното собрание и ислушан, при што бил уапсен.

Скршен од поделбата на Македонија, тргнал за Прилеп кај своите најблиски, но на 4 мај, на патот за Прилеп, во Дреновската Клисура, бил убиен од турска заседа. Откако бил убиен, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот. По пет дена, роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле да го погребаат во Прилеп. Така, под засилен надзор на Турците, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во село Фариш. Во 1996 година, неговите посмртни останки биле префрлени во дворот на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп.

Содржина

Потекло[уреди | уреди извор]

Потеклото и семејната средина се фундаментален елемент во биографијата на една личност. Тие го обусловуваат неговиот живот во неговата најрана фаза, а оставаат траги во целокупната негова натамошна дејност...

Христо Андонов-Полјански [2]
Дел од серијалот Пере Тошев
Пере Тошев 5.jpg
Марко Цепенков

Пере Тошев бил роден во градот Прилеп во текот на 1865 година. Потекнувал од видни и богати родители. Од таткова страна, неговите предци потекнувал од Дебарско. Тие ги напуштиле своите огништа поради нападните на арнаутските банди и најпрво се населиле во селото Варош, а од таму во градот Прилеп. Неговата мајка потекнувала од Ваташа, Пере честопати навраќал во ова село за да ги посети своите роднини. Градот бил голем просветен и културен центар. Во 1843 година во Прилеп било отворено првото народно училиште „Св. Кирил и Методиј“, а во 1865 година било отворено и Првото женско училиште, кое од 1880 година било сместено во новоизградена зграда во дворот на црквата „Св. Благовештение“.[3]. Во 19 век, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков ја прифатил идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Старите манастири во околината и црквите во селото Варош, биле жаришта, каде што се чувала православната вера и писменост. Според едно предание, во Варош некогаш постоеле 77 цркви.[4] Меѓу нив биле: Варошкиот Манастир со црквата „Св. Архангел Михаил“, „Св. Никола“, „Св. Богородица Пречиста“, „Св. Атанасиј“, „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“.[5] А. Синве објавил статистички труд под наслов "Les Grecs de l'Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique", кој се базирал на грчки податоци. Според него во 1878 година во Прилеп (Perlépé) живеле 500 Грци [6]. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ издадена во Константинопол во 1878 година, ги опфаќа податоците само за машкото население од 1873 година, наведено дека во Прилеп имало 2.661 домаќинства со 2.300 муслимани, 7.500 Бугари (Македонци-егзархисти) [белешка 1][белешка 2][белешка 3], 200 Власи и 200 Цигани [7].

Во овој период Прилеп се делел на југоисточен христијански дел и северозападен турски дел. Постоеле 17 христијански маала: Гумење маало, Бадеско маало, Трајково маало, Нарид маало, Ограда маало, Бомболовско маало, Аџи-Илиовско маало, Вирои (или Жабино) маало, Табана маало, Ќошари маало, Шарена чешма маало, Долно маало, Варошко (или Поп Стефаново) маало, Поп Костадин маало, Чаршиско (или Поп Никола) маало и др.[8] Турските маала биле 10 на број: Барјакли-беј маало, Ат-Меџид маало, Тризла маало, Орта маало, Шабан маало, Вишне маало, Чарши маало, Ѓок-дере маало, Кајнак маало и др. По некоја христијанска куќа постоела и во турските маала.[8]

Револуционерните превирања рано започнале во овој град. Прилепчанецот Диме Чакре кој бил учесник во Руско - турската војна, во оваа војна бил одликуван со руски медал за храброст, најпрво се засолнал во Ќустендил, а потоа навлегол во Прилепско каде со својата чета од 9 души, составена од: брат му Мијале, Тоде Бочварчето, Ѓорѓија Лажот, Јосиф Радобилец, Мицко Мариовчето и други [9], ликвидирале неколку зулумџии од Прилеп и неговата околина по што се нашле во Крушево. Браќата Чакревци биле едни од истакнатите дејци во т.н. Демирхисарски заговор. Меѓутоа по апсењата на голем дел од заговорниците, Диме и Мијале Чакреви на Велигден 1881 година влегле во Прилеп и се сместиле во куќата на Јован Кондов, за да се разберат со чорбаџијата Крапче. Но тој ги предал на Турците, браќата дошле во судир со турските сили, притоа куќата била запалена и сите загинале. При оваа престрелка Диме Чакре заедно со последниот преживеан четник се самоубиле за да не бидат заробени.

Образование[уреди | уреди извор]

Следната учебна година во Солун за прв пат се отвори четврти клас. Го продолжив учењето таму со полустипендија и тоа до половината на шести клас, поради тоа, што бев немирен; во дејствителност јас не бев особено подвижен, но ме мислеја оти сум замешан во ученичките 6унтови. Ме исклучија заедно со 12-13 другари од разни класови, меѓу кои беше и Пере Тошев... Од кога не исклучија, заминавме за Пловдив... Во годината 1881 беше станало комитско движење во Прилеп, и ние живо се интересувавме затоа, макар и деца, а Пере Тошев беше бил во врска со тие комити, но тоа немаше последици за нас... Летото, кога да заминаа Калмуков и Куртев, имаше веќе во гимназијата ученици, запишани за востаници, во тој број и ние: јас, Пере Тошев, Љапчев и Никола Генадиев, кој беше со нас и биле ни беше водачот. Но Ризов не позволи да се завлекуваат учениците во чети. Место тоа на сите ни возложија улога да одиме по градиштата низ источна Румелија да збираме помош во пари и оружје за наоружаните чети, што се готвеа да заминат

Ѓорче ПетровСпомени
Прослава при Солунската гимназија по повод денот на браќата Кирил и Методиј

Пере во раното детство останал без татковата грижа. Детството го поминал под надгледување на својот брат кои се грижел за своите зделки и не посветувал доволно внимание за воспитувањето и образованието на својот помал брат. Oсновното и прогиманзиското образование го добил во родниот град. Во Прилеп учители биле Никола Ганчев и Јосиф Ковачев.Во учебната 1882-1883 година, Пере се запишал во Солунската машка гимназија, во IV клас. Солун одиграл голема улога во создавањето на револуционерна клима во Македонија, а Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓала во сржта на револуционерните пулсови.

Солунската гимназија, и покрај егзархискиот језуитски режим, била вистински расадник на револуционерни идеи. Во гимназијата циркулирала забранета литература, се ковале планови и се дигале ученички бунтови. Низ клупите на оваа гимназија минале речиси сите истакнати македонски револуционери од последната деценија на 19 век, кои ја имале предводничката улога во македонското револуционерно движење [10]. Низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери: Ѓорче Петров, Пере Тошев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други [11]. Таа имала престиж и реноме над останатите образовни институции, не само егзархиски туку и во однос на сличните институциите на останатите пропаганди во Македонија. Во неа предавале еминентни македонски и странски професори. Гимназијата располагала со опремени кабинети, нејзината библиотека располагала со богата литература од светско реноме: Виктор Иго, Димитриј Иванович Писарев, Шекспир, Гогољ, Пушкин, Лермонтов и други, а меѓу учениците кружела и забранета литература. Учителскиот кадар во Солунската егзархиска гимназија се делел на три групи: привилегирани северњаци, благоразумни, неблагонадежни и сепаратисти. Првите како пионери на бугарската идеја... раководени во Солун од Михаил Сарафов... се господари во Солунската гимназија и слободни се секојдневно да фрлаат по некоја навреда... Ние ве храниме, храни куче да те лае [12].

Директорот Божил Рајанов и професорот Трајко Китанчев побарале поголема автономија за гимназијата и негодувале поради методите на наставата и карактерот на образованието. Од своја пак страна Трајко Китанчев за време на празничните денови во црквата св. Кирил и Методиј во Солун одржувал проповеди кој секогаш ги завршувал со зборовите: Браќа има крај на теглото, на неволјите. Амин! На тој начин Китанчев го револуционизирал македонското солунско граѓанство. Под влијание на Рајанов и Китанчев бил и Ѓорче Петров кој тогаш бил ученик во четврти клас и тој започнал да објавува анонимни писма во весникот Балкан, во овие писма Петров ја напаѓал црковно-просветната дејност на Бугарската егзархија. Во учебната 1883/1884 година Трајко Китанчев и Рајанов останале без служба, а за нов директор бил поставен Георги Кандиларов и тоа било повод за започнување на еден училиштен бунт. Ѓорче Петров напишал една брошура во која ја нападнал гимназијата и директорот, потоа дошло до еден училиштен бунт поради кој биле исклучени 14 ученици, а меѓу нив биле Пере Тошев и Ѓорче Петров. При претресот, кај Пере била пронајдена бугарска христоматија од Константин Величков и Иван Вазов.

Пловдив во 1885 год.

Пере Тошев, заедно со останатите ученици кои биле исклучени од Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, заминал во Пловдив. Но таму солунските бегалци-ученици не можеле да ја исполнат својата цел. Управата на Солунската машка гимназија и Егзархијата направиле сè што е возможно за да ги спречат во тоа. Ѓорче Петров истакнува: По сугестија од егзархијата, Величков, тогаш директор на просветата, не нè прими, зошто ако беше нè примил, половината од солунската гимназија ќе избегаа. Ние останавме да се занимаваме со надеж да нè допуштат до испит та се надеваме да постапиме по гимназија идната година. [13]

Следната 1885/1886 година, била полна со бурни случувања: обединувањето на Источна Румелија и Кнежеството Бугарија и Српско-бугарската војна, била изгубена за Пере и за неговите другари. Тие се впуштиле во случувањата кои барале жртви, заборавајќи на учењето и се друго, сметајќи ги собитијата како предвесник за ослободувањето на Македонија.

Акцијата за обединување во текот на 1885 година била претходно придружена со агитација на македонското дело. Во 1884 година кај Пере Тошев се јавила замисла за основање на македоно-одринска револуционерна организација. Во таа насока, Пере имал значаен успех во Пловдив и Асеновград. Панајот Сребрев, секретар на првиот асеновградски револуционерен комитет истакнува дека во текот на месецот април 1884 година, по сугестија на Пере Тошев, бил основан Асеновградски таен револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско. Во текот на 1885 година Пере Тошев стапил во контакт со Захариј Стојанов. Набргу потоа било решено да дојде до промена во суштествувањето на Асеновградската револуционерна организација, од организација за ослободување на Македонија и Одринско, во организација за обединување на Северна со Јужна Бугарија. Ослободувањето на Македонија било одложено за поповолни времиња. Меѓутоа агитацијата за ослободување на Македонија, која и претходела на дејноста за обединувањето, се покажала како диверзија. Ѓорче Петров истакнува: 18-годишен бев тогаш. Во Карлово добив телеграма да се вратам, а во Пловдив ми се соопшти, оти работата се изменила, но не ми кажаа како и што станало. После го разбрав следново: во Пловдив душата на тоа движење биле Тончев и, мислам, Странски, како „казионни" биле во врска со Софија. Намерата била да се испратат неколку чети во Македонија за да се поодвлече вниманието од Соединението, готвено од нив тајно. Тоа беше значи, пред Соединението, летото. Ние сме биле просто лагани, - тоа ни го рече Зaхариј Стојанов, што се секираше и пцуеше, оти си играле со едно такво дело. Се гледа, оти Захариј Стојанов верувал оти движењето е сериозно. Тој ги пцуеше. Во истово време се готвел споразум со Пашиќ, кој беше емигрант во Софија, да му се дадат средства и луѓе та да нахлуе со емигрантите Срби во Србија - да се размешаат работите во Србија та да стане полесно Соединението. Ризов бил внатре во оваа работа... [14].

Востанието избувнало на 6 септември 1885 година, и било прогласено обединувањето на Јужна и Северна Бугарија. На Пере Тошев му била доверена најтешката и најделикатната улога, да ја заземе и да ја задржи телеграфската станица во Пловдив. Таа задача ја исполнил беспрекорно. По започнувањето на Српско-бугарската војна, на 2 ноември 1885 година, Пере Тошев учествувал како доброволец во одредот „Македонски арамии" на капетанот Коста Паница. Пере се истакнал во борбите кај Сливница и Пирот, при што бил ранет, а за својата покажана храброст бил награден со орден „За храброст".

По завршувањето на војната, Пере решил да го продолжи своето образование. Во текот на февруари 1886 година успеал да се запише во VI клас во гимназијата, но по неколку месеци, поради својот карактер, ја напуштил. Поради строгиот ред во гимназијата, и по неуспешниот обид да се запише во ломската педагошка гимназија, Пере заминал за Софија каде што останал да живее во близината на своите пријатели и млади другари. Пере тогаш се обидел да стане чиновник и да побара терен за својата кариера. Превратот и Стамболовиот режим го затекнале во таа положба. На чело на бугарската влада застанал премиерот Стефан Стамболов. Овој бугарски политичар бил протурски ориентиран и со својата политика сакал да добие поголеми отстапки од Високата Порта за бугарската пропаганда во Македонија. Стамболов бил против сите истапи кој биле насочени кон Османлиската Империја, вклучително и оние на македонската емиграција во Бугарија и македонските студенти и ученици. Пере не можел да остане настрана од бурните настани. Во овој период, кај Пере веќе созреала идејата дека ослободувањето на Македонија може да се оствари само преку една револуционерна организација. Ѓорче Петров во своите спомени истакнува: Пере Тошев ми беше пишал во тоа време во Солун сè да оставиме и да фатиме да работиме веќе за организацијата за ослободување. Јас, нафрлен во своите изучувања, му одговорив, оти не верувам да излези нешто од таква работа. [15]

Пере станал активен член на тајното друштво на Димитар Ризов, Никола, Денчо и Наум Туфекчиеви, Караѓулеви и други. Тој бил запознаен со сите планирани и остварени или осуетени атентати. Ризов му го претставил атентатот на Фердинанд I, кој бил замислен да се изврши на железничката станица кога тој се враќал во Бугарија. Пере требало да биде еден од активните членови во атентатот врз Стефан Стамболов, кога по грешка бил убиен бугарскиот министер за финансии Христо Белчев. Според Ѓорче Петров, другарската неискреност наскоро го натерале Пере да се откаже од понатамошното активно учество во слични акции. Пере никогаш во текот на својот живот во Македонија не спомнувал ниту збор за тој период од својот живот. Во ретки моменти кога зборувал по некои исторички, тоа го правел со резигнација и здодевност. Убиството на бугарскиот министер за финансии ги раздвижило бугарските власти и тие започнале со серија на апсења. Проследувањата особено биле силни меѓу македонската емиграција и студентите социјалисти. Пере бил уапсен и подложен на полициските испитувања. Тој ги минал сите чистилишта на времето - подземјето на полициската станица, но бргу го поминал премрежјето. Благодарение на неговиот пријател од Пловдив - Иван Андонов кој бил доста влијателен кај Стамболов, бил ослободен и заминал да живее во Пловдив под гаранција на Андонов.

Софија

Пере се вратил во Софија. Во Софија тој живеел во една темна и студена собичка во хотелот Батемберг, кај добриот бај Иван, кој му ја отстапил бесплатно, а се хранел во една млекарница каде што бил претплатен од бај Иван. За Пере не било реткост да помине цел ден со едно млеко и кифла [16]. Тој бил горд и честољубив за да бара помош или поткрепа. Сепак никој не се погрижил за него и така Пере бил принуден на крајот да прими 300-400 лева од прилепското друштво во Софија и да си го плати борчот во млекарницата, но самиот тој чин придонел, Пере да почувствува дека се урива неговата чест и гордост. По еднократни и неуспешни обиди да добие одобрение да живее во Софија, Пере ја напуштил негостољубивата Бугарија и засекогаш заминал за Македонија.

Политичкиот живот во Бугарија не му се допаѓал на Пере и тој не бил во состојба да завладее со неговата душа. Пере јасно сфаќал дека моралните опстојувања на политичкиот живот се во целосно разидување со неговите сфаќања за моралот, за целите на политичките борби. За него имало само еден принцип, односно принципот дека во општествената дејност немаат место побудите на личниот живот. Единствено Перевата природа може да даде објаснување за неговото активно учество во политичкиот живот. Борецот Пере не можел да го пропушти историскиот момент, обединувањето на Источна Румелија и Кнежеството Бугарија, ниту можел да го одбегне повикот на борците какви што биле неговите другари. Меѓутоа тој не го сакал Наум Туфекчиев, а со Димитар Ризов ги зачувал старите врски за лична доверба која била калена во многу неволји кои ги преживеале заедно [16]. Другите стари политички пријатели, Пере избегнувал да ги сретнува кога ја посетувал Бугарија [16]. Во Софија, неговите пријатели и соработници го виделе идниот страшен конспиратор во Македонија.

Враќање во Македонија[уреди | уреди извор]

Пере и Даме се познаваа од Прилеп, каде што учителствувале... Пере Тошов беше до краен степен молчелив но и многу избувлив, не давајќи пет пари за никого. Седи, седи и одеднаш ја вади обувката и ја фрла некаде, јаболко, круша, што ќе му попадне...

Анастас ЛозанчевСпомени
Пере Тошев како учител во Прилеп
Учителскиот кадар во прилепската гимназија во учебната 1892-93 година

Враќањето на Пере во Македонија коинцидирало со едно антиегзархиско движење за кое Ѓорче Петров вели: Околу 1890 година неосетно се јави во сите по живи бугарски центрови настроение во младината против владиците, обштините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегнуањата на егзархијата безконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваат мошен сталеж, готово минаа во оваа борба на страната на младинците... Ова движење се паѓа паралелно со пројавата на така наречениот од некои македонски „сепаратизам“, изразен преку списанието „Лоза“ во Софија, раководено од Аргов, Паласчев, Хаџи Николов и др. Кружокот „Лоза“ претендира и денес, оти ова движење во Македонија се должело на нивна агитација. Во Солун се пројави меѓу учителите во гимназијата исто ова „сепаратистично“, движење. Реченово раздвижување што траја неколку годинн, го толкувам просто како реакција против долгогодишниот стремеж на егзархијата да го сосредоточи во свои раце диригирањето на обштествениот живот, а осем тоа го сметам прв чекор кон самодејност во земјата. Така не може ни најмалу да се каже, оти онај кружок околу „Лоза“ го подигнал тоа движење. Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење. Отпрвин во револуционерното дело неусетно прво и главно учество зедоа истите луѓе, што ја водеа борбата против егзархијата.

Пере се вратил во родниот град Прилеп со намера и надеж да го убеди својот брат да го издржува на сметка на неговиот дел од нивниот општ имот, за да студира во Европа. По две години напразно убедување на својот брат, Пере бил принуден да стане учител во Прилеп. Во текот на Перевото учителствување во Прилеп се случила неговата средба со друг великан на македонското дело. Во учебната 1892 - 93 година, Даме Груев бил назначен за егзархиски учител во Прилеп со плата од 40 лири. Во градот, Даме се вселил во куќата на Коне Браиловецот до Васил Крапче спроти билјардото на Чичовци. Во Прилеп се сретнале совеста и волјата на револуционерна Македонија.

Од овој период се датира едно писмо на Даме испратено до неговиот пријател Никола Дејков: Ме прашуваш кои ми се другари. Одговорот е речиси никој. Причина е, не затоа што не сум достоен да се користам со почита и на најпоследниот, но затоа што своеволно го избегнувам тоа благоволение, кое потоа се покажува како многу злотворно, бидејќи ме принудува во крајно задолжување кон новиот пријател. Сепак се наоѓа по некој; ти ги наведувам: П. Тошев, Ил. Самарџиев, Сотир Хаџиилиев, Г. Х. Панов, Ицко Х. Ангелов, Јован на Димка, брат му и неколку други. [17] Не е познато дали Пере и Даме размениле мисли за револуционерна дејност, постојните извори се скудни. Меѓутоа Даме Груев бил бескрајно опседнат со идејата за револуционерна организација, а Пере во писмото до Ѓорче Петров од 1889 година му пишал за организација за ослободување. Можно е двајцата апостоли да дискутирале за револуционерното организирање уште додека учителствувале заедно.

За контактите со Пере во овој период, Даме ги дава следниве зборови: Тој беше единствениот со кого бев поинтимен, и со кого си имав разбирање, но тогаш уште бевме немоќни да започнеме нешто. [18]. Даме, имајќи ги предвид приликите во Прилеп, останал песимист во поглед на какво било организирање. Прилепската средина во тоа време се уште не била подготвена за самоиницијатива и организационо прифаќање на револуционерните идеи. Прилеп бил конзервативна средина, учителите биле со конзервативни идеи, а почва за револуционерна дејност немало. Поради овие причини, на 22 јуни 1893 година Даме го напуштил Прилеп и заминал за родното Смилево, а набргу потоа се нашол во Солун каде што се вброил меѓу корифеите на Македонската револуционерна организација.

Совеста на револуционерна Македонија[уреди | уреди извор]

Се сметам за извинет кај оние слушатели кои се надеваат дека ќе чујат сензационални работи и прикаски за бурните делувања. Херојските подвизи со надворешен блесок, ако претходно изјавам дека такво нешто не го краси Перевиот живот, затоа што сè што правеше го правеше во конспирација, невидливо-вистинско македонско подземје. За него прилега да се каже оваа карактеристика отколку да се пишуваат поеми...

Ѓорче ПетровБеседа за Пере Тошев

Битолски револуционерен округ[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Битолски револуционерен округ.

Под раководството на Пере Тошев, Атанас Лозанчев, Гл. П-ов, Г. Пешков и др. битолскиот крај се развиваше бавно, меѓутоа планомерно, и затоа достигна до онаа морална и материјална подготвеност, која со својата издржливост и самопожртвуваност го задиви светот во историскиот момент. Илинден 1903 год. со што создаде славна епопеја како Македонецот-востаник знае да умира за слободата на својата татковина.

Христо ТатарчевСпомени
Георги Пешков
Даме, Григор Попев и Александар Хаџи Панов

На 23 октомври (стар стил) 1893 година во Солун од страна на Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев бил основана Македонската револуционерна организација, со што македонското национално-ослободително движење влегло во нова фаза од својот развој. Пере своето учителствување го продолжил во Скопје, а во учебната 1894 година по иницијатива на Ѓорче Петров и директорот Наследников бил преместен во Битола. Пере во себе имал револуционерна замисла уште кога се вратил во Македонија. Тој само барал другар и чекал поволен момент за да почне со револуционерна дејност. Како учител во Битола, со својот јасен ум, прв сред младината ја фрлил идејата за една организирана политичка борба против Османлиската Империја. Кај Пере се родила идејата за организација за ослободување, но поради својот карактер, Пере требало да ја почека појавата на Даме Груев.

Во летото 1894 година, Даме Груев во согласност со Централниот комитет презел една опширна обиколка низ Македонија за да подготви револуционерна почва за дејствување [19]. Во јули Даме се нашол во Кавадарци и го формирал првиот револуционерен комитет на Организацијата во Македонија. Од Кавадарци, Даме заминал за Прилеп. Во овој град бил формиран комитет со помош на веќе покрстените Александар Хаџи Панов и Тодор Станков. Во прилепскиот револуционерен комитет влегле: Александар Хаџи Панов (претседател), Тодор Станков, Атанас Иванов, Иван Гагалев, Јордан Гавазов, Јордан Поп Костадинов и други [20].

Даме набргу пристигнал во Битола каде што се сретнал сo Пере Тошев - негов интимен познаник по ослободителната идеја од времето на учителствувањето во Прилеп. По инцијатива на Даме бил формиран комитетот на Внатрешната организација. Во него влегле: Пере Тошев (претседател), Анастас Лозанчев (секретар), Григор Попев (касиер) и Георги Пешков (советник). Според Даме, тогаш во Организацијата бил вклучен селскиот учител Неделко Дамјанов и други, вкупно десетина луѓе. Во мемоарската литература постојат нејаснотии за времето кога бил формиран Комитетот во Битола. Проблемот е околу тоа дали Комитетот бил формиран пред или по Ресенското советување. Според спомените на Даме, Христо Татaрчев и Ѓорче Петров Комитетот во Битола бил формиран пред споменатото советување. Меѓутоа според Григор Попев и Анастас Лозанчев, Комитетот бил формиран по Ресенското советување [21]

Во овој период, Трајче Доревски од Ресен и тогашен учител во Битола, мечтаел за perpetuum mobile и се занесувал со идејата прво да се обучи за летање со балон, а потоа да се вклучи во македонското ослободително движење. Овие идеи не му биле далечни ниту на скромниот Пере Тошев [19]. Тој при разговорот со Даме, покренал неколку принципиелни прашања околу средствата за постигање на ослободителната цел. Пере како индивидуалист секогаш ги боготворел личните подвизи и не можел да се помири со мислата за народно востание:

За него само личноста воопшто има значење, бидејќи таа ја твори историјата, а не масите. Анархистичките дејства-бомбаџилукот, ја беа завладеале неговата душа. Секое друго средство за него беше неефикасно за борба против Турците и поради таа причина тој настојувал час поскоро да се пратат луѓе во странство за да се изучат на тоа искуство [19]


По формирањето на револуционерните комитет во Солун и Битола, биле дадени псевдоними на поглавните дејци на пр. Марко — Ѓорче, Лефтер — Пере и т.н. Тогаш се почувствувала нужда и за шифри. Истовремено во Солун и Битола биле изработени две шифри, битолската се викала стамболика. За местото и улогата на Пере во Битола дознаваме од Анастас Лозанчев: Пере Тошов не беше силен како организатор и тој можеше да влијае само на тесен круг луѓе. Штом погледнеше психолошки на некого и установеше, дека е способен за работа, тој го привлекуваше кон себеси и му даваше насока, додека другите го правеа обратното. Пере Тошев беше многу издигната личност во организацијата. Грешката на Пере беше во неговиот карактер... Повеќето од дејците на организацијата, како Лечо, Манол Розов, Лазар Поптрајков, Пенчо, кој дејствуваше во Преспата, се воспитаници на Пере. Оние, кои работеа со Пере, се сплотуваа со организацијата... Пере Тошов беше до краен степен молчелив но и многу избувлив, не давајќи пет пари за никого. Седи, седи и одеднаш ја вади обувката и ја фрла некаде, јаболко, круша, што ќе му попадне. И покрај тие избувнувања ние помладите бевме восхитени од него... Слободите на Пере – ги поднесувавме сите.

Ресенско советување[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ресенско советување.

Во Ресен се собраа многумина од посетнешните дејци. Пред тоа Дамјан Груев ми зборуваше за револуционерни комитети. Во Ресен не се одржа никаков конгрес. Илија Шилигаров пишува, дека таму бил и Пере Тошов. Тоа не е точно. Во Ресен бевме на 15 август 1893 г. А со Пере се запознав во м ноември. Таму беа д-р Христо Татарчев, Дамјан Груев, Глигор Попев, Георги Пешков, Александар Панов, Трајче Доревски и др. Даме Груев заедно со Алексо Панов и Глигор Попев откако престојуваа неколку денови во Ресен, заминаа за Охрид.

Анастас ЛозанчевСпомени

На 15 август 1894 година (стар стил), на празникот Голема Богородица, се одржало Ресенското советување. Како повод за советувањето било искористено осветувањето на ново изградената црква Св. Кирил и Методиj. Советувањето започнало во куќата на Татарчеви и траело три дена. Оваа советување требало да има регионален карактер и одлуките донесени требало да се однесуваат само за Битолскиот револуционерен округ меѓутоа тие се однесувале во целина на Организацијата. Според Христо Татарчев на ова советување биле донесени следните одлуки: 1) Територијата на Македонија да се подели на револуционерни реони на чело со авторитетни лица 2) Материјални средства да не се собираат само од членовите, туку и од симпатизерите на делото 3) Во црковно-просветните институции да се провлечат што поголем број на симпатизери на делото 4) Засилување на пропагандата со печатење на месни весници и ширење на револуционерна литература [22]. Советувањето претставувало силен импулс за понатамошната дејност, биле потврдени старите принципи, Организацијата ја продолжила борбата за контрола на црковно - училишните општини. На советувањето присуствувале: Христо Татарчев, Даме Груев, Анастас Лозанчев, Георги Пешков, Александар Чакаров, Григор Попев, Александар Хаџи Панов, Тодор Станков, Атанас Мурџев, Славејко Стрезов и Трајко Доревски. Покрај нив во мемоарската литература се сретнуваат имињата: Никола Наумов, Пере Тошев, Андреј Љапчев, Петар Поп Арсов и Андон Димитров. Историчарите дозволуваат дека за Никола Наумов, Пере и Поп Арсов постоела реална можност да учествуваат на советувањето [19]. Меѓутоа и понатаму нејасно е дали Пере учествувал на споменатиот состанок на македонските револуционери.

Донева афера[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Донева афера.

Во неделата вечерта колџиите на тутунот при св. Недела во Битола го фатија кираџијата штипјанецот со 10 празни бомби во вреќи со ориз по силното спротивставување и обиди да се извлече. Во продолжение на две деноноќија бил тепан до онесвестување. Досега ништо друго не кажувал освен фразата: Оризот го купив во Виница и го носам на пазар, без да знам што друго содржел. Турското население е во паника и мисли дека и други се внесувани порано. Претресувања уште нема никаде

Даме ГруевПисмо до Андреј Љапчев [23]

На 7 април 1896 година дошло до првата афера која била предизвикана директно од самата Организација. Тој ден на влезот на Битола, кај црквата св. Недела, колџиите од Режијата за тутун во товарот со ориз на Дончо Штипјанчето пронашле 10 празни бомби, 150 набои за револвер и малку барут [24]. Битолскиот комитет презел голем број на превентивни мерки. Била донесена одлука доколку Доне почнал да издава тајни, да се ликвидира во затворот преку луѓе на Организацијата, Пере Тошев и Ѓорче Петров се засолнале, Атанас Лозанчев и Григор Попев кој во моментот на избувнувањето на аферата се наоѓале во Прилеп, го продолжиле својот престој во градот. Била воспоставена комуникација и координација со Петар Поп Арсов, претседател на Прилепскиот комитет. Навремено бил предупреден Гоце Делчев, а директниот испраќач, Коце Ефремов се засолнал во Бугарија. На крај била предупредена и даскалосана жената на Доне [24]. Поради цврстината на Доне и навремените мерки од страна на Организацијата, не дошло до сериозни последици по македонското револуционерно движење. Сепак аферата го свртила вниманието кон Делчев и власта разбрала дека во Штип и Битола постои заговор.

Преговори со егзархиската групација во Македонија[уреди | уреди извор]

Борбата против егзархијата од несакање се претвори во револуционерна, и за мнозина од солунските дејци може да се каже, оти се нашле во чудо, оти работата излегла посериозна, отколку си ја мислеле. Егзархијата и луѓето нејзини во Солун, Битола и други места во почетокот не веруваа, оти новава дејност ќе даде некакви дејствителни резултати, зошто не допуштаа, оти населението ќе тргне по такви лесни луѓе, за какви тие ги сметаат своите противници, главно солунските. Тие сметаа оти се` произлегува од Солун, и веруваа, оти тие „сепаратисти“ наречени, го прават тоа не со искрено намерение да дигаат револуција, ами просто како една партиска нивна маневра за да ги оборат и да се издигнат тие, да си создадат популарност оборувајќи ги своите противници.

Ѓорче ПетровСпомени
Коне Самарџиев
Лого на печатницата на Коне Самарџиев

Уште во самиот зародиш, Организацијата и внатрешните дејци се судриле со проегзархиската групација во Македонија. Главните идеолози на проегзархиската групација се наоѓале околу Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и егзархиската каса. Тука биле: Васил Иванов К’нчов - бугарски етнограф и статистичар подоцна началник на училишниот одел во Цариград, Михаил Сарафов - директор на Солунската егзархиска гимназија и поранешен бугарски министер, д-р Колушев, подоцна полномошен министер и народен пратеник, Н. Начев - писател, А. Тошев - подоцна бугарски трговски агент и полномошен министер, Коне Самарџиев - македонски трговец и издавач, Јосиф Кондов - банкар, Христо Ганов, Неделчо Колушев, Иван Гарванов, Атанас Наумов и други. Полни господари на Солунската егзархиска гимназија биле бугарските дојденци, пионери на бугарската идеја, со нив биле и македонските учители приврзаници на големобугарската политика. Бугарските учители си подигрувале со патриотските чувства на македонските учители и дофрлале навреди до нив секогаш кога можеле: просјаци, ќемидадешковци, цигани, ќе ми дадеш пари ќе се чинам Бугарин [25]. Васил Иванов К’нчов отворено во разговор со Иван Хаџи Николов истакнал дека во Солун дошол за да ја бугаризира Македонија [26], а Михаил Сарафов се сметал себеси за еден вид губернатор на цела Македонија [27].

Во почетокот, егзархистите сметале дека дејноста на внатрешните работници нема да постигне вистински резултати, а македонското населени нема да тргне по такви лесни луѓе, како што ги сметале своите противници. Но, егзархистите многу бргу разбрале дека работата е посериозно отколку што си ја мислеле. Затоа, во контраагитација низ Македонија бил испратен Коне Самарџиев. Тој ги обиколил: Солунско, Битолско, Скопско, Охридско, Леринско и други места и градови низ Македонија. Во Костурско, Самарџиев проповедал на истиот начин како што генералот Николаев настапил пред Гоце: ... другото, кога ќе дојде време, ќе го заврши Бугарија со своите 200.000 штикови. Коне Самарџиев во текот на својата мисија увидел дека влијанието Организација е сериозно, оттука егзархистите во ја промениле својата тактиката. Било донесено решение за преземање на контролата над Централниот комитет и отстранување на коректорите и даскалчињата.

Внатрешните дејци биле свесни за опасноста од судирот кој можел да настане со егзархистите и затоа се обидел да ги спечалат на своја страна. Ѓорче ги поканил Неделчо Колушев и Иван Гараванов да влезат во Организацијата, но тие одбиле. Гарванов истакнал дека е доцна тие да стануваат обични редовници. И покрај негативниот одговор, внатрешните не се откажале од намерата за придобивање на егзархистите и покрај спротивставувањето на Христо Татарчев и Иван Хаџи Николов. Во летото 1896 година, преговорите со проегзархиската групација ги продолжил Пере Тошев [11]. Во овој период, егзархистите веќе ја промениле својата таткика и започнале да проповедаат слично како и организациските работници, но сепак малку поумерено. Пред населението тие проповедале, повторно слично како и раководителите на Врховниот комитет: Бугарија ќе не ослободи и од Бугарија да чекаме се. Пушки да не се купуваат и да не се внесуваат, зашто кога ќе затребаат, Бугарија ќе ги даде. Револуционерноста да не се пројавува во акции, туку само во морална подготвеност. Во текот на Солунскиот конгрес од 1896 година, Пере Тошев водел преговори со егзархистите и известил дека со нив нема разбирање, но Организацијата изјавила дека нејзините порти се отворени за секој што ги прифаќа нејзините принципи [11].

Солунски конгрес од 1896 година[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Солунски конгрес од 1896 година.

Тајната македоно-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области

Член 1Устав на ТМОРО[28]
Првиот печат на Централниот комитет, кој гласи Македонски револуционерен комитет, Слобода или смрт
Солун

Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на Македонската револуционерна борба, а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијата. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес.

Солунскиот конгрес се одржала за време на велигденската ваканција во 1896 година, а со него заседавал Христо Татарчев. Непосреден повод за свикување на првиот конгрес бил стремежот на Врховниот комитет за потчинување на Организацијата. Меѓутоа, развојот на револуционерното дело на преден план исфрлило голем број на внатрешни и надворешни прашања кои зазеле централно место во дискусиите. Постојните нормативни акти се покажале како тесни за понатамошниот развој на македонското револуционерно движење, а истовремено се засилиле странските пропаганди кои носеле опасност за Организацијата и целото дело, особено споменатата тенденција на Врховниот комитет. Целиот конгрес, Татарчев го оценил како основачки и законодавен.

На конгресот присуствувале: Даме Груев, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Ѓорче Петров како членови на Централниот Комитет. Додека како прествници на револуционерните реони присуствувале: Гоце Делчев - Штип, Пере Тошев - Битола, Христо Матов - Скопје, Петар Поп Арсов - Прилеп, Велко Думев - Велес, Кирил Прличев - Воден, Благој Калејчев - Сер и Христо Поп Коцев како претставник на Одрин. Организацијата од овој конгрес излегла со ново име: Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО). На почетокот од конгресот, раководителите поднеле извештаии за состојбите во своите реони, а потоа биле разгледани следните прашања: 1. Административно-територијалната поделба на организациската територија, 2. Начинот на коресподенција, 3. Централизација или децентрализација на организацијата, 4. Односот кон останатите етнички групи во Македонија, 5. Статусот на Одрин и Цариград, 6. Прием на жените во организацијата, 7. Односот кон Врховниот комитет, 8. Односот кон егзархиската групација, 9. Односот кон странските пропаганди, 10. Преточување на конгресните одлуки во нов Устав и Правилник.

Биле донесени следните одлуки: Организациската територија да се подели на 7 окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Велешко - Тиквешки, Струмичко - Џумајски, Штипски и Одрински. Прилеп и Цариград имаат право директно да кореспондираат со ЦК, додека пак Централниот комитет со внатрешноста на Македонија кореспондира преку окрузите и затоа било решено ЦК да има посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни за комуникација меѓу ЦК и Задграничните претставници, а окрузите имаат посебни шифри за комуникација меѓу себе. Во врска со децентрализцијата, бил одбиен предлогот на Пере Тошев окрузите да имаат посебни печати, на тоа се спротивставил Даме. Било решено во организацијата да можат да членуваат сите без разлика на верата и народноста и дека делото ќе има чист македонски карактер. За Одринско било решено да биде третирано одделно од Македонија, но Македонија и Одринско претставуваат единствена кауза преку извојување на автономија за двете области. По прашањето за вклучување на жените во организацијата, кое било поставено од Ѓорче Петров, било решено самите реоните да одлучуваат. Тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ЦК на организацијата и да ја претвори во орудие за остварување на своите цели, била оценета како опасна по целото македонско ослободително дело и да се заземе став да се разубедува ВК да ја напушти таквата тенденција. Било решено да биде отворено Задгранично претставништво во Софија кое ќе има задача да ја претставува организацијата и да застане пред надворешните посегања. Во врска со проегзархиските групи во Македонија, било истакнато дека портите на организацијата се отворени за секого кој ќе ги прифати начелата на организацијата.

На Конгресот најверојатно станало збор и за испраќањето на Јордан Венедиков на вонредниот Втор македонски конгрес како претставник на Цариградскиот револуционерен комитет, кои бил раководен од Димитар Љапов [29]. Оваа испраќање било спротивно од одлуките на ЦК, бидејќи ниту еден друг делегат немал полномоштво на Внатрешната организација. Димитар Љапов претендирал револуционерниот комитет во Цариград да има посамостоен карактер и да биде врската помеѓу Македонија и Одринско. Меѓутоа, Даме Груев не го поднесувал Љапов, најверојатно поради неговата одлука да го испрати Венедиков на споменатиот конгрес, и настојувал да не му се дава значење за да немаат главоболки. За да се спречи слична активност на Димитар Љапов, било решено Цариград да сочинува еден круг со Одринско. Солунскиот конгрес има големо историско значење, по него започнува нова фаза на македонското националноослободително и револуционерно движење. Вратите на организацијата биле широко отворени за сите незадоволни елементи и се создале услови за масовност на движењето. Меѓутоа, она што е уште позначајно, внатрешните дејци со овој конгрес цврсто застанале на патот на надворешните влијанија, особено пред патот на ВМК кој се обидувал да ја потчини Организацијата, и го манифестирале принципот за одбрана на самобитноста на Македонија.

Мистериозна понуда[уреди | уреди извор]

И така ние се уверивме, дека тука во Софија имаме луѓе против себе, кои што имаа веќе нарав и традиција на, македонствујуши како Ризов, луѓе авторитетни како ген. Николаев, Ковачев, и ќе се бориме со една идеја, веќе восприемена тука од сите, а имено дека само емиграцијата во кнежеството може да го раководи ослободителното дело.

Ѓорче ПетровСпомени
Васил К’нчов
Цариград

По Солунскиот конгрес, Врховниот комитет не се откажал од својата тенденција за потчинување на Организација. Врховистите знаел дека Организацијата страда од хронична беспарица и потреба од оружје, и веднаш по Солунскиот конгрес Врховниот комитет направил еден мистериозен обид за искушување и потчинување на Организацијата. Во летото 1896 година Врховниот комитет побарал од Централниот комитет на ТМОРО да испрати свој човек во Софија каде требало да организира канал за испорака на 3.000 англиски пушки. Предлогот ја опијанил Организцијата до самозаборавање. Поради лошите односи, Даме не сакал да замине, а ЦК одлучил таа задача да му ја довери на Ѓорче Петров

Истовремено Васил К'нчов од Цариград го повикал Пере Тошев. Додека Ѓорче Петров и Пере престојувале во Софија и Цариград, останатите се зафатиле со уредување на местото во ѓолот близу Солунскиот Залив за прифаќање на пушките. Подготовките биле под контрола на Даме Груев и поп Стамат Тончев. Во Софија, Ѓорче имал средба до Данаил Николаев, Андреј Љапчев, Димитар Ризов, Тома Карајов и други. Тие го информирале дека Англија му отстапила на Врховниот комитет 3.000 пушки за Македонија, дека тие се натоварени на англиски пароброд кој се наоѓал во Средоземното Море и треба да се истоварат во Македонија. Врховистите не посочиле никаков конкретен доказ. Меѓутоа, врховистите не заборавиле да го побараат од Организацијата, по примањето на 3.000 пушки, во една или две околии да се подигне востание.

Според Ѓорче Петров: Соопштението на В.К. кон мене беше полуискрено, мистериозно: не ми покажаа никакво писмо од Англија, ниту пак ми го објаснија полниот тек на оваа работа. Според членовите на Врховниот комитет, со востанието требало да се убеди Англија дека во Македонија постои сериозна револуционерна организација. Од своја страна, Ѓорче Петров го прифатил предлогот за пушките, но го одбил барањето за востание и го информирал ЦК во Солун. Во тоа време, Даме Груев 3-4 дена во ѓолот ги чекал англиските пушки каде што и се разболел. Но, не се појавиле ниту паробродот ниту пушките. Целата работа била блеф. Додека Даме ги чекал пушките, во Софија Андреј Љапчев и Димитар Ризов го обработувале Ѓорче. Тие истакнале дека Врховниот комитет е сериозен раководител на целото македонско ослободително движење и дека откако не успеале да се разберат со Даме, сакаат да се разберат со него. Во текот на овој разговор, Ризов и Љапчев не заборавиле да му ласкаат на Ѓорче кој го нарекле умен и разбран човек. Генералот Данаил Николаев од своја страна го повторил својот став дека со селани не може ништо да се врши и дека тој не прифаќа детински планови. Според Ѓорче, Данаил истакнал дека: ... тој, како генерал, на чело на тој комитет ќе поведе со себе 20-30 илјади резервни војници и ќе дигне востание во Македонија...

Членовите на Врховниот комитет отворено му ласкале на Ѓорче, дека тој и Пере Тошев се сериозни луѓе и побарале да се мавне Даме од Солун, за да можат заеднички да работат. По враќањето на Ѓорче Петров од Софија и на Пере Тошев од Цариград, разбрале дека биле повикани за иста работа од исто место. Генералот Данаил Николаев и Тома Карајовов го советувале Ѓорче, доверената тајна да не му ја пренесува на Даме Груев, а во Цариград Васил К'нчов го предупредил Пере да не ја пренесува тајната на Даме и Ѓорче Петров. Ѓорче и Пере сфатиле дека се повикани од еден центар со исти мотиви и дека целата акција била координирана. Самиот Ѓорче Петров истакнува: ... и ние се уверивме после, оти оваа работа е скроена од некаде, можеби за да не пробаат. Всушност работата била скорена уште во почетокот на 1896 година или порано. ВМК подготвил план потчинување на Внатрешната организација преку Пере Тошев кој требало да биде префрлен од Битола во Солун преку Егзархијата. Пере најверојатно во Цариград бил убедуван од К`нчов дека тој треба да застане на чело на Централниот комитет по што би уследила заедничка работа на двете организации. Според Ѓорче Петров, бугарските надворешни фактори: бугарската влада, Врховниот комитет и Егзархијата ја прогласиле Организацијата за опасна по бугарското дело и презеле една комбинирана акција за втерување на Внатрешната организација во орбитата на бугарската политика, преку преземање на ЦК преку лица кои биле лојални на бугарската власт. Кампањата која против самостојноста на Организацијата била предводена од Димитар Ризов и К`нчов. Меѓутоа, Пере со својот авторитет и тактичност им го пресекол патот.

Според Ѓорче Петров: Другите видни водачи, вклучувајќи ги Гоце и Делчев, одамна беа пишани во црната книга на бугарските фактори. Пере единствен се користеше со нивната доверба и поради тоа по нивно настојување тој беше преместен во Солун. Кога Пере го кажа својот решителен збор за самостојноста на организацијата за нив беше изгубена сета надеж за преземање на калето од внатре и тие се помирија со положбата [16]. Меѓутоа, Ѓорче Петров не е во право кога вели дека тие се помириле со положбата, идните настани го потврдуваат спротивното. Оваа мистериозна понуда всушност била еден сегмент од планот на Врховниот комитет за потчинување на Организација. Оваа политика на Врховниот комитет предизвикал контра ефект и ја втурнала Организацијата кон дисидентскиот Македонски комитет и бугарската влада на Константин Стоилов.

Мисијата на Атанас Јанков[уреди | уреди извор]

Пере Тошев - еве едно име, кое за голем дел од македонското општество е непознато, за други, малку познато и за трет дел - загатка. Меѓутоа, Пере Тошев оставил зад себе една четвртвековна дејност од општо значење, а во Македонија, за населението, беше една од најкрупните фигури на бурната револуционерна епоха. Роб на природната срамежливост, тој не сакаше да се зборува нашироко за неговата личност додека беше жив. Таа негова желба остана како завет меѓу другарите и по неговиот трагичен крај...

Ѓорче ПетровБеседа за Пере Тошев
Фердинанд I
Атанас Јанков

Политиката на Врховниот комитет ги втурнал внатрешните дејци кон дисидентскиот Македонски комитет и бугарската влада на Стоилов. Кога Врховниот комитет увидел дека Организацијата се врти кон нив, во Солун бил испратен полковникот Атанас Јанков за да се обиде да ги испегла работите. Јанков пристигнал кон крајот на 1896 година со нова програма за договор. Врховниот комитет му наредил на Јанков да не се сретнува со Ѓорче Петров, со Даме Груев да биде внимателен, а Пере Тошев да го убедува [11].

Полковникот ги убедувал Даме и Христо Татарчев дека Врховниот комитет и Организацијата треба да бидат една организација, а ветувал пари и оружје. Предлогот бил одбиен од Централниот комитет. Атанас Јанков со својата дрскост отишол дотаму што во Солун од Даме ги побарал сметките на Организацијата и рапорт за дотогашните достигнувања. Даме одговорил дека има место каде да дава такви сметки. Јанков потоа заминал за Битола каде што требало да има средба со Пере Тошев. Тука, Организација ги прекинала преговорите со ВМК. Полковникот Јанков по враќањето во Софија се сретнал со кнезот Фердинанд и го запознал со состојбите во Македонија. Тој настојувал да има посредничка улога помеѓу ВМК, Внатрешната организација и кнезот [11].

Посетата на Јанков во Македонија се поклопила со времето кога Организација воспоставила контакт со дисидентскиот комитет на Туфекчиев и бугарската влада. Полковникот Јанков, пред Организацијата сакал да покаже дека и ВМК има офицери и дека зад нив стои бугарскиот кнез. За врските помеѓу Атанас Јанков и бугарскиот кнез, дознаваме од неговото писмо од 28 јануари 1897 година до Фердинанд. Во писмото, Јанков го предупредува кнезот дека некои бујни глави на Организацијата, може да преземат вооружени дејствија по примерот на грчката Етники етерија во јужна Македонија. Во понатамошниот дел, Јанков акцентирал дека би било корисно за Бугарија и круната, ако тој да замине за Солун и ги одврати бујните глави од слични авантури. Јанков ветил дека ќе биде најверен на кнезот и дека зборувал со Константин Стоилов за можноста да биде испратен легално во таа мисија. Нa крајот додал: Мислам дека ќе биде од корист за Круната, во Македонија да биде едно верно лице, кое ќе ја држи во тек со сè, што се случува таму [11].

Полковникот не бил задолжен со ваква мисија. Неговата посета на Македонија кон крајот на 1896 година е уште еден неуспешен обид на Врховниот комитет, сега преку Фердинанд, да се наметне над Организацијата. Иако мисијата на Јанков била неуспешна, таа имала далекусежни последици. Имено, Христо Куслев истакнува дека откако полковникот Јанков не успеал да се договори со Централниот комитет на ТМОРО го дал сигналот за формирање на Бугарското тајно револуционерно братство [11].

Член на Централниот комитет[уреди | уреди извор]

Во Солун до 1-2 месеци стоев без работа и се среќавав со главатарите Пере Тошев, Татарчев и Матов и разменував мисли само со нив. Минував како учител, се движев слободно по градот и по кафеаните. Отпрвин само се подготвував да заминам во некој реон, но се подзабави работата, затоа што сè уште се правеа подготовките. Тогаш тајно обучував со пушка во својата соба момчиња од Солун - кондураџичиња, писари кај трговци, занаетчии - околу 10 души.

Христо ЧерноппевСпомени [30]
Аргир Манасиев
Расписка на Централниот македоно-одрински револуционерен комитет за 500 наполеони од бугарскиот трговски агент Димитар Ризов. Солун, 24 ноември 1898 год. Печат: Македонски централен револуционерен комитет [29]

Во 1897 година, Пере Тошев во придружба на Аргир Манасиев посетил повеќе села на потегот помеѓу Гевгелија, Воден и Ениџе Вардар. Меѓу нив биле: Смкоквица, Конско, Тушим, Лесково, Баровица и други [11]. Пере имал значајно влијание за развојот на Внатрешната организација во Тиквешијата. Тој почесто навраќал во селото Ваташа, од каде што потекнувала неговата мајка, за да се види со своите роднини. Исто така, тој поседувал чифлиг во месноста Житољуб, кај селото Фариш [11].

Како еден од најагилните членови на Централниот комитет, Даме Груев го привлекол вниманието на османлиската власт. На 1 мај 1898 година Дворската канцеларија го известила Великото везирство, според укажување од османлиското комесарство од Софија, дека Даме под превезот на училиштен инспектор обиколувал насекаде и затоа треба да се следи неговото поведение [31]. На 10 мај 1898 година Дворската канцеларија го известило Великото везирство дека Даме бил помилуван со високо ираде. Поради недостаток на докази, најверојатно Даме бил помилуван, но го привлекол вниманието на власта и оттука по неколку месеци, во летото 1898 година, бил интерниран во Битола, со што бил отстранет од Централниот комитет. Меѓутоа, веднаш во Централниот комитет се нашол Пере, кој се вработил како коректор во печатницата на Коне Самарџиев. Во исто време во ЦК се нашол и Христо Матов, кој се вработил како професор по литература во новоотворениот трговски оддел на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во есента 1900 година, Михаил Герџиков бил назначен за учител во Струмица, меѓутоа митрополитот Герасим одбил да го прими. Поради тоа, Герџиков заминал за Солун и времено го заменувал секретарот на ЦК. Тоа уште повеќе ги влошило односите, и онака лоши, помеѓу Струмичкиот окружен комитет и Герасим. Митрополитот ги разрешил од должност претседателот на ОК, Стојан Георгиев и Давче Наков. Тогаш радовишкиот архиепископ го известил Герасим за смртната пресуда против него донесена од ОК. Откако го разбрал тоа, Герасим ги испратил И. Саев и Петар Бошњаков во Солун, каде што требало да поднесат контестација во врска со пресудата на ОК. Двајцата пратеници во Солун биле студено пречекани од Пере Тошев и другите членови на Централниот комитет [11]. Татарчев предложил да му соопштат на Герасим да замине на отсуство, а за свој заменик да го постави И. Саев, кој требало да ги назначи учителите предложени од ОК и потврдени од ЦК. Татарчев исто така истакнал дека: смртната пресуда се одлага, а не одменува [11].

Во 1900 година, Гоце Делчев и Ѓорче Петров го изработиле Правилникот за четите [32], и тоа врз основа на членот 11 од Уставот на ТМОРО и окружното на ЦК од октомври 1898 година. Според Борис Сарафов, правилникот бил изработен од Ѓорче Петров и капетанот Димитар Венедиков [11]. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Пере Тошев и Христо Матов. За време на Солунската провала од 1901 година, правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кои се нашле меѓу солунските конзули [11].

Судир со Бугарското братство[уреди | уреди извор]

Централистите беа решиле со терор да се справат со Гарванова и др. Тоа нам ни штетеше многу тука, на делото. Ѓорче аплаудираше на акцијата против Наумов. Беше на мислење дека треба да се испоколат сите од „Братството“, - никакво разбирање, никакво помирување.

Борис СарафовСпомени
Иван Гарванов
Егзархиски учители во Солунската гимназија. Иван Гарванов е втор од првиот ред.

Откако егзархиската групација увидела дека нејзиното влијание во Македонија опаѓа и дека нејзината политика може да биде уништена, тие решиле да ја копираат ТМОРО и го создале Бугарското тајно револуционерно братство на чело со Иван Гарванов, со што дошло и до физички пресметки со Централниот комитет. Братството претендирало да биде втора револуционерна организација во Македонија, но тие дејствувале во согласност со своите големобугарски политички сфаќања и со својата дејност во Македонија предизвикувале забуна меѓу обичното членство на ТМОРО бидејќи не настапувале во свое име туку во име на целото македонско револуционерно дело. Биле преземени разни дејствија за да се наруши авторитетот на ТМОРО меѓу населението [11]. Таква била активноста на Делчо Колушев кој ги излажал селаните од селото Тушим, дека пушките кој биле испратени од Централниот комитет за селото, всушност биле испратени од Бугарија не за организацијата туку за селаните [11]. Подоцна Централниот комитет одвај успеал да се разбере со селаните, а била и избегната престрелка.

Веднаш по формирањето, братството стапило во контакт со ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) со таа цел, во Софија отпатувал Колушев. На 23 април 1897 година, Врховниот Комитет испратил окружно до Братството кое било насочено против српската пропаганда во Македонија. На 1 мај Иван Гарванов кои имал 100 примероци од окружното и почнал да го растура. Оваа окружно било повод за започнување на првиот судир на ТМОРО и Братството. Судирот започнал поради различните стојалишта помеѓу двете организации во однос на пропагандите во Македонија. Братството против српската пропаганда тргнувало од позициите на бугарската политика. ТМОРО од своја страна имал свои позиции и ист пристап кон сите пропаганди во Македонија. Во летото 1897 година ТМОРО направил обид за ликвидација на Васил Иванов К‘нчов, по обидот Централниот управен совет на Братството решило да бидат да ликвидирани Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Пере Тошев и Христо Матов. Но обидите за ликвидација на членовите на ЦК на ТМОРО биле неуспешни. Во пролетта 1899 година во Сер, ТМОРО направила обид за ликвидација на Атанас Наумов. По овој обид, Братството увидело дека не може само да се спротивстави на ЦК и се обратил на Врховниот комитет во Софија [11].

Барање на Пере за преназначувањето како бугарски (егзархиски) учител испратенo до Егзархот Јосиф во 1901

Набргу потоа, Гарванов се нашол во Софија каде што имал средби со Рачо Петров, Константин Стоилов и Васил Радославов. Но, сите го пречекале ладно, без да ветат конкретна помош. Речиси сите го советувале да се постигне договор помеѓу Братството и ТМОРО. По враќањето во Солун, Гарванов и останатите членови на Братството решиле да се постигне помирување, но да се причека пратеникот на Сарафов. Првите преговори помеѓу Братството и Организацијата биле водени во септември 1898 година, меѓутоа без успех. Во август 1899 година, се одржало едно опширно советување на Централниот комитет. Покрај четирите члена на ЦК, на советувањето учествувале и 27 околиски раководители. Меѓу останатото, на советување станало збор и за слевање на Братството во Организација. Иван Хаџи Николов поднел оставка од ЦК во интерес на спогодбата, меѓутоа таа не била прифатена [11].

Во септември 1899 година, во Солун пристигнал емисарот на Врховниот комитет, поручникот Иван Камбуров. Тој пред Управниот совет на Братството ги изложил условите за обединување. Членовите на Братството побарале еден нивни член да влезе во ВМК на местото на Ѓорче Петров, но тоа било одбиено. Нивното барање било спротивно од целите на ВМК на Сарафов. Врховниот комитет сакал целосно да го премавне Задграничното претставништво од Софија. Нивното барање било заменето со условот: Никој од централистите да не го претставува ЦК, туку еден претставник на ВМК да седи во Солун и да го следи развојот на работите [11]. Оттука била јасна целта на Сарафовиот комитет, да се наметне како единствен фактор во целото македонското револуционерно движење.

Условите на Братството биле одбиени од Организацијата, а самите внатрешни дејци побарале растурање на Братството и негово слевање во редовите на ТМОРО. Братството се колебало дали да ги прифати уловите на Организацијата. Но, Централниот комитет испратил ултимативен протокол кој бил прифатен од Братството. Членовите на Братството го прифатиле протоколот, затоа што биле убедувани од страна на Иван Камбуров дека Врховниот комитет ќе го преземе раководството на целото македонско револуционерно дело. По потпишувањето на протоколот за помирување: Гарванов, Колушев, Самарџиев, Кондов, Мирчев, Тенчев и други истакнати членови на Братството биле заколнати во Организацијата од страна на Пере Тошев [11]. Јосиф Ковачев бил кооптиран во ЦК, a Иван Гарванов влегол во Солунскиот окружен комитет [11].

Солунска афера[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Солунска афера.

... обвинението, според кое јас сум бил еден од раководителите на Комитетот, дека сум водел листи за сите членови на револуционерниот комитет и дека сум го држел печатот на Комитетот, според зборовите на М. Ризов, и дека сум го продолжил пишувањето и сум ги напишал последните 20 членови од некој си „Правилник за четите", сето тоа е дрска измислица. Јас енергично протестирам против сите овие обвинувања, измислени од полицискиот мудир, кој според самите мои обвинители: Милан Михајлов, М. Ризов, Хр. Ников и Кочо Арсов, изјавија тука пред судот, дека полицискиот мудир со тепање ги присилувал да ги потпишат такви индикации против мене и дека всушност ништо криминално против мене не знаат. Надвор од тоа, јас никогаш не сум се познавал со М. Михајлов, М. Ризов и Кочо Арсов. Со Христо Ников се познавам, бидејќи доаѓал во општината да бара учителско место, но да сум му давал некакви книжини, како шифрови клучеви или други, високо протестирам за оваа клевета; та и самиот Хр. Ников пред некој ден тука пред судот изјави дека такво обвинение на моја адреса го изрекол со принуда, тепање и тортура од полицискиот мудир. Јас не знам дали постојат чети или да има комити. Полицискиот мудир ме мачеше, за да ме натера со страв и душевна болка да признаам работи кои не сум ги правел.

Пере ТошевСолун, 10 март 1901 г. [33]
Христо Татарче
Једи Куле

На 23 јануари 1901 година по (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ, турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија.[34] По нивното апсење, започнале серија на претреси при што полицијата упаднала во живеалиштата на Христо Татарчев, Никола Попев, Коне Попев, Димитар Паљошев и Христо Пиперков. Последните двајца биле уапсени, а Пиперков подоцна бил ослободен. По нив бил уапсен и книжарот од Воден, Димитар Хлебаров. На 25 јануари, биле уапсени Христо Матов и Пере Тошев, а полицијата извршила претрес во живеалиштето на поп Стамат од црквата св. Димитрија и тамошното пансионско училиште. Малку подоцна бил уапсен и самиот Христо Татарчев. Иако, тој можел да избега и да се засолни, бидејќи за можното апсење му било укажувано од помошникот на рускиот конзул, Тодор Хаџимишев, но Татарчев: ... не сакал да дезертира од својот пост.

На 20 февруари 1901 година било покренато обвинението против 19 - мината прво обвинети. Со него биле обвинети: Милан Михајлов, Кочо Георгиев, Коце Лазаров, Тодор Иванов Карапетков, Васил Мончев, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Поп Стамат и други. Тие биле обвинети за државен престап против Отоманската империја, сакајќи: Да основаат самостојна македонска држава од Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот вилает[35] или, во најмала рака, овие три вилаети да бидат присоединети кон Бугарија.[35] Според еден документ од англиско потекло, тие биле обвинети за организирање на револуционерна сила против османлиската власт со цел: воспоставување во Македонија автономна власт... воспоставување на нова форма на власт (влада) во Македонија [11]. Ова дело било казниво според членовите 56 и 58 од Османлискиот кривичен закон и според нив следувало смртна казна.

Како резултат на Солунската афера, од 26 февруари до 14 март 1901 година било одржано судење на кое биле изведени 19 души, членови на Организацијата. Од нив, тројца беа осудени на смрт, седум на доживотен затвор (меѓу кои, Христо Матов и Пере Тошев), тројца на петгодишен затвор со синџири (меѓу кои, Христо Татарчев и поп Стамат), еден на затвор во траење од две години, додека петмина обвинети биле ослободени. Поради пренатрупаност во солунскиот затвор, на 6 јули 1901 година, заедно со 38 затвореници, меѓу кои биле Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и други, во придружба на 20 војници под придружба на еден поручник, биле спроведени до паробродот Марија (во сопственост на компанијата Хаџи Даут) и испратени за Подрум Кале, каде требало да ја издржуваат казната.

Подрум Кале[уреди | уреди извор]

Во мај месец ме испратија во Подрум. Таму ги затеков доктор Татарчев и Хр. Матов, и заедно не држеа таму. И додека бев во Подрум, знаев како врват работите. Служејќи си со хемиско мастило водев кореспонденција со Солун, Битола, Софија. Писмата за навидум беа пишувани на турски. Протерав добро во затворот, - како во Битола, така и во Подрум.

Даме ГруевСпомени [36]
Иван Хаџи Николов
Подрум Кале

Затворот Подрум Кале се наоѓал во градот Акија. Таму се наоѓале затвореници од разни народности и вери, осудени за разни дела од политички престапи до разбојници и криминалци. Условите биле многу лоши, а смртноста била 30 пати поголема отколку во други услови [37]. Пред пристигнувањето на Даме, таму веќе се наоѓала поголема група на македонски револуционери осудени поради својот придонес во македонското револуционерно движење.

Меѓу нив биле: Петар Поп Арсов, Мише Развигоров, Александар Икономов, Христо Татарчев, Христо Матов, Иван Хаџи Николов и Пере Тошев [37]. Во Подрум Кале, Даме своите соборци и пријатели од Македонија ги затекнал раскарани. На една страна биле Петар Поп Арсов, Хаџи Николов, Мирасчиев и други, а од другата страна биле Татарчев, Христо Матов, Развигоров и други. Таквата поделба влијаела и врз Даме.

За оваа поделба Ѓорче Петров вели: Тие во Подрум се беа зајале меѓу себе, Пере и Докторот (Татарчев б.н) веќе не можеа да се трпат. Даме и со Матов и со докторот беше оладен до голем степен... во затворот веќе нема општо дело и таму се раздробуваат [38].

Меѓутоа таквата состојба не траела долго. На 19 август 1902 година султанот Абдул Хамид II амнестирал 36 македонски затвореници, затворени поради Виничката афера и Солунската афера, со исклучок на Даме Груев, меѓу нив се нашле: Христо Татарчев, Христо Матов, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Пере Тошев.

Солунски состанок[уреди | уреди извор]

Од Подрум се ослободивме 16 лица: дедо Ангел (Пандурa), Ал. Беличев, Алекс. Икономов, Мише Развигоров, Д Миразчиев, Јос. Даскалов, Јером [онах] Козма, игумен, Петр П[оп] Арсов - тие се осудени по Виничката афера. Хр. Ников, Хр. Мат, Ив Х[аџи] Николов, д-р Хр. Татарчев, Коце Ар. Лазов, Милан Ризов, поп Стамен и Пере Тошев - по Солунската афера. Се ослободуваат од Азија: Д Палашев, Тоде Иванов и Ангола Арабаџи. Некој си Бачваров од Одринско исто се ослободува. Денес рано стигнавме тука и по некој ден одиме за Солун. Во Подрум остануваат уште 36 лица: 7 свештеници и 29 лица граѓани, селани и наставниците.

Писмо од подрумски заточеникСмирна, 25 август 1902 г. [39]

Додека Пере ја одлежувал својата казна во Подрум Кале, во редовите на македонското револуционерно движење се случиле крупни настани. По Солунската афера, во текот на која речиси сите членови на Централниот комитет на Организацијата биле уапсени, на површина го испливал Бугаринот Иван Гарванов. Во Софија, Македонскиот комитет се нашол во рацете на Иван Цончев, кој бил близок со кнезот Фердинанд I. Во предвечерјето на Горноџумајското востание, Централниот комитет на Гарванов закажал Конгрес кој требало да се одржи од 1 до 5 септември (стар стил) 1902 година. Конгресот не се одржал, поради интензитетот на настаните, поврзани со врховистичката провокација. На 1 септември 1902 година, во Солун од Подрум Кале пристигнале 36 македонски револуционери, кои биле помилувани од султанот. Меѓу нив биле: Петар Поп Арсов, Христо Матов, Иван Хаџи Николов, Пере Тошев и други [11]. Нивното пристигнување се поклопило со денот на закажаниот Конгрес, кој од објективни причини не се одржал [11]. Следниот ден, ЦК одржал состанок на кој биле поканети поранешните членови на ЦК. На состанокот присуствувале Матов и Пере Тошев, додека Петар Поп Арсов, иако бил поканет, одбил да учествува. Според Христо Татарчев, на овој состанок било одлучено да се предупреди ВМОК да не ги форсира настаните, а кога ќе се реши прашањето за востанието, врховистите навременото ќе бидат известени. Иван Гарванов бил задолжен да ја соопшти оваа одлука ВМОК [11].

Помирителна комисија[уреди | уреди извор]

При овие разидувања, при овие спротивности меѓу нас и В.К., ние не допуштавме да стане збор зошто ние, кои што бевме фанатично убедени, дека сме на правиот пат, да му отстапуваме на В.К. А луѓето на В.К. немаа толку разум да поотстапат, да се сообразат колку-толку со нашите императивни барања. Да беа тие луѓе малу-отмалу поразумни да беа ја сфатиле вистинската положба, да беа го разбрале нашето настроение и потребите на самото дело, ќе дојдевме бездруго до споразум. Се разбира, штом со нив не можеше ништо да се сврши, сосем природно беше ние да побараме луѓе, што ќе го примат нашето становиште, луѓе, кои што ќе заговоруваат отворено за револуцијата во Македонија со општи сили, оттаму подигнати, и со други, испратени оттука, без да се прави разлика во задачите на тукашната организација од задачите на внатрешната организација. А по самата положба на прашањето излегуваше, дека борбата кога ќе се појави, ќе ја има јатката во Македонија, дека таму ќе биде јатката на бојните сили, а оттука, какви и да се, да се испратат сили на помош, па дури и да се тие и поголеми од внатрешните, да се сметат за помош на силите, што ги раководи Ц.К., и тој да биде на чело. В.К. требаше да остане во положба на мандатор по сите политички иницијативи, кои што би ги предрешил Ц.К.

Ѓорче ПетровСпомени [40]
Иван Цончев
Иван Гарванов, Ефрем Чучков и Милан Матов

Во почетокот на ноември врховистичкото востание спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични претставници Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност започнале преговори за помирување со Врховниот комитет врз основа за проширување на востанието. Тие тврделе дека тоа е желба на Централниот комитет, а за сето тоа ја имале поддршката на Иван Гарванов кој сакал помирување по секоја цена.

Новото ЗП успеало да издејствува формирање на една помирителна комисија, а Матов и Татарчев во интерес на помирувањето се откажале до дотогашните претензии на ТМОРО. Иницијативата на ЗП, била секако подржана од Централниот комитет на Гарванов. Во пракса помирувањето, кое го заговарале Гарванов и задграничните претставници, требало да се реализира преку формирање на единствен Врховен комитет. Во него требало да влезат претставници од двата комитета и ТМОРО. Според првиот предлог, Врховниот комитет требало да се состои од седум члена. Од нив, тројца требало да бидат од ВК на Цончев, тројца од ТМОРО (Матов, Татарчев, Пере и Гоце Делчев) и тројца од дисидентскиот комитет на Христо Станишев [11]. Меѓутоа, Иван Цончев го отфрлил предлогот. Потоа комисијата предложила во новиот ВК да влезат тројца од комитетот на Цончев, двајца од Внатрешната организација, еден од комитетот на Станишев, а последниот член требало да биде неутрален. Цончев одбил и дал свој предлог. Според него, новиот ВК да се состои од девет члена. Во него да влезат сите членови на неговиот ВК (без Антон Бозуков), а од ТМОРО да влезат Матов, Татарчев, Пере Тошев и Гоце. Цончев предложил, по помирувањето сите материјални средства на двете организации да се стават на располагање на комитетот за дозавршување на започнатото востание. Цончев целосно го игнорирал комитетот на Станишев и не отстапил од своите позиции [11].

Комисијата се обидела да го префрли прашањето на македонските друштва, преку еден вонреден конгрес. Истовремено, Иван Цончев како услов за помирување го поставил кревањето на востанието напролет. Гарванов на 29 ноември 1902 година му пишал на Задграничното претставништво: Ќе треба да се распределат сите горски сили и уште отсега да навлезат во земјата, да се стокми набрзо динамит и повеќе пушки, та напролет дај Боже здравје да си ја пробаме среќата [41]. Во средината на декември Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд I и известил дека акциите идната година се неминовни [11].

Софиско советување[уреди | уреди извор]

Неколку време потоа, во јануари 1903 година, ми се чини, Думев и Гарванов дојдоа со специјална мисија тука да го расипат нашето решение. Јас ниту се сретнав со нив и понатаму ниту зборував нешто по тоа прашање со нивната компанија, зошто криеја од мене што вршат. Пере ги остави сите без одговор. Делчев остана на своето мнение против востанието, но не зеде позиција да противдејствува — тој е мек веднаш. Впечатлението и на тројцата беше дека макар и да се решавале по тоа прашање, не верувавме, дека ќе се решат, дека ќе дојде до востание, широко и категорично, како што го кроеја тие. И тројцата сметавме да си влеземе внатре, бидејќи веќе тука неохотно ни се работеше со Татарчевци. Исто така и Борис се готвеше да си појде. Претполагавме, дека кога ќе се прснеме таму по разни краишта, дека ќе повлијаеме. Јас и Делчев особено останувавме на старата програма. Пере остануваше нерешителен. Положбата беше сериозна и изострена.

Ѓорче ПетровСпомени
Михаил Герџиков
Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце

Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес.

Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други. На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание [11].

Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кој постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави. Михаил Герџиков предложил терористички напади кој би ја засегнале османската власт и европскиот капитал. Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кој би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев.

Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање. Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции. На крај од советувањето се дошло до компромисно решение за засилени партизански дејства [11]. По советувањето бил известен Централниот комитет дека тие се против општо востание но за партизански дејства. Треба да се истакне дека оваа советување не влијаело во одлуката за донесување на востанието бидејќи Солунскиот конгрес без да ги сочека резултатите од советувањето донел одлука за востание [11].

Смилевски конгрес[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Смилевски конгрес.

Конгресот беше свикан од битолското раководство, на инсистирање на Сарафов. Според објаснувањата кои беа изнесени за претстојното востание, се виде дека Организацијата малку го подготвила востанието не само во Битолско, туку и во другиот дел на Македонија. Речиси половина од присутните рекоа дека воопшто не се подготвени за востание и кога се постави прашањето зошто на Солунскиот конгрес се донесла одлука за дигање на востанието, без да се сослушаат реонските раководители, Лозанчев не можеше да даде вистински одговор.

Пандо КљашевСпомени
Атанас Лозанчев
Смилево

Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт сè уште не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридскиот располагал само со 1.400 пушки.

Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание, несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол: А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето - ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено - битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време [42].

Во прилог за донесување на одлука за кревање на востание влијаеле и неколку настани. Конгресот преку Лука Ѓеров дознал за Солунските атентати. Како дополнителен аргумент послужил и Ѓурѓовденскиот масакр извршен на 6 мај во Битола, а во Цапари дошло до судир со османлиските сили. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање додека пак нивните заменици со тајно гласање [43]. Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили [43], како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.

Датум за востание[уреди | уреди извор]

Потем пак поминавме во Демирхисарско, и во с. Пространи за првпат се сретнавме со Петар (Пере) Тошев, што беше дојден од Бугарија. Нему му беше дадена амнестија, и тој тргнал со кираџии и пасош од Софија. Тој ни пошол во пресрет со Лозанчева. Нашата чета, „штабската чета“, во која имаше околу 20-мина од мојата чета и од четата на Давидов, беше под команда на Делчев, кога беше кај нас. Го задржавме кај нас Тошев. Беше дојден окуражен, беше на мислење само малу подоцна да се крене востанието. Пере Тошев ни рече дека Начовиќ се ангажирал да посредува меѓу нас и Портата, но дека од таа работа не излегло ништо. Ние четиримината честопати разговаравме како да се води востанието.

Борис СарафовСпомени

Со формирањето на Главниот штаб , Организацијата влегла во востаничка атмосфера. Штабот состојба ја официјализирал со своето прво Окружно до Центровите, селските началници и народот од 27 мај 1903 година. По завршувањето на Смилевскиот конгрес, Штабот презел разни дејности за засилување на востаничките подготовките. Даме Груев и Борис Сарафов презеле обиколка низ Охридско, Преспанско, Ресенско, Кичевско, Демихисарско, Крушевско и Костурско. При оваа обиколка биле изработени детални планови за започнување на востанието во секој реон во зависност од месните услови.

Глaвниот штаб од страна на Смилевскиот конгрес бил овластен да го одреди датумот за започнување на востанието. Ова прашање за прв пат било разгледано кон крајот на мај, во Демирхисарско, меѓу Даме Груев, Борис Сарафов, Атанас Лозанчев и Пере Тошев. Истовремено станало збор за видот на востаничките дејствија. Сарафов предложил напад на Битола со околу 500 до 600 луѓе, меѓутоа Даме и Лозанчев биле против таквата акција, бидејќи не се располагало со соодветен кадар за борба во урбани услови. Пере Тошев допуштал таква акција само под услов ако се располага со 500 кг. динамит, што било крајно невозможно [19]. Под влијание на настаните, особено засилениот терор на османлиските власти, на 1 јуни (стар стил) 1903 година, во близината на селото Бабино, Даме, Сарафов, Лозанчев и Пере Тошев повторно го отвориле прашањето за денот на востанието. Тогаш било предложено востанието да започне на 6 јули (стар стил). Меѓутоа, Пере Тошев инсистирал востанието да се одложи за подоцна. Оттука, прашањето за денот на востанието останало отворено. Набргу потоа дошло до разединување помеѓу Даме и Пере Тошев [19], поради што Пере заминал за Прилепско, не прифаќајќи го резервираното место на Главниот штаб [19]. По долги натегања на 14 јули Даме Груев и Сарафов, кај селото Буф, решиле востанието да се крене на 2 август на празникот св. Илија [44].

Прилепскиот реон во текот на востанието[уреди | уреди извор]

Луѓето како да се надеваа на надворешен потпор. Ваму се сретнавме и со Перета, во селата; тој беше ваму со чета — во прилепската чета. Самиот Пере ми ја опиша положбата дека е несериозна целата работа, и останавме тука, заедно одевме, сноевме по селата. Просто безизлезна положба и не знаевме што да правиме.

Ѓорче ПетровСпомени
Петар Ацев
Четата на Ѓорче Петров

Смилевскиот конгрес за членови на горското началство во Прилепско ги назначило Петар Ацев, Јордан Тренков и Тале Христов [45]. Во реонот дејствувале четити чети: Толе паша по десниот брег на Црна, Анте по левиот брег, Пешков во селата околу Прилеп и Оклев во Прилепското Поле [45]. По Конгресот, започнале трескавични подготовки, а во Прилеп се јавиле значаен број на поддржувачи. Прилепската околија се наоѓала во средина, еднакво оддалечена од бугарската граница и од југозападните покраини, од каде доаѓале грчки пушки, оттука Прилепско останало невооружено [45]. Меѓутоа реонот бил особено добро организиран, селаните имале борбен дух, а Организацијата во Прилеп располагала со млади самопожртвувани луѓе кои биле подготвени да извршат разни подвизи. Околу 10 август, Ѓорче Петров со поголема чета, како и со динамит и бомби, пристигнал во Прилепско, каде што веќе се наоѓал Пере Тошев [45]. На Илинден, востаничките чети ги прекинале телеграфските врски меѓу Прилеп-Битола и Прилеп-Велес, разурнале неколку дрвени мостови на патот за Градско, Кичево, Крушево и Велес [45].

На 23 јули востаничките чети засилени со вооружени и невоооружени селани, ја нападнале касарната и мудурот во селото Витолишта, меѓутоа една востаничка пушка случајно пукнала и целиот гарнизон станал во готовност. Востаниците биле пречекани со истрели. По двочасовна борба востаничките сили се повлекле. Во овој напад учествувал и Пере Тошев [45]. Мобилизираните граѓани и селани набргу се вратиле во своите домови. Подоцна востаничките чети извршиле неколку напади на беговските кули и чифлици. Ѓорче Петров во Прилепско пристигнал кога Османлиите се подготвувале за голема кација во востанатата област. Оттука, неговите момчиња си заминале во родните места, а Андон Ќосето се одвоил. Ѓорче останал со 14 момчиња и со материјалот што го донел. Прилепскиот реон не востанал масовно, а голем дел од динамитот и бомбите не биле искористени. Според Христо Силјанов: За таквата состојба не е незначаен фактот што двајцата големи револуционери (Пере и Ѓорче Петров б.н) од почетокот до крајот останаа со својот скептичен однос кон востанието [45]. Во септември Ѓорче, во Мариовско се сретнал со костурските чети, а заедно со неа имал една борба кај селото Чаниште.

Расцеп на Македонската револуционерна организација[уреди | уреди извор]

Решението на македонското прашање се гледа преку оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација, затоа да се агитира врз меѓународна основа и да се неутрализираат пропагандите, обединување на населението во Македонија околу идеалите на Организацијата со што ќе се отстрани опасноста од поделба на Македонија од страна на балканските држави.

Директива за идната дејност на Организацијата [46]
Димо Хаџи Димов
Горе: Стефан Чавдаров, Добре Даскалов, Мише Анчев, Иван Караџов, Запранов, Михаил Дорев, Борис Мончев. Средина: Петар Ацев, Петар Кушев, Христо Матов, Тодор Лазаров, Тодор Александров. Долу: Стојан Мишев, Григор (Гешо) Илиев, Петко Пенчев, Христо Саракинов и Георги Занков.

По востанието во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. Овие советувања се одржале во периодот од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, главно прашање кое било разгледувано е каков да биде правецот на делување по неуспешното востание. На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе произлезат две струи, едната концепција била претставена од Христо Матов кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата. На советувањата преовладала концепцијата за децентрализација и демократизација предводена од Серчани [47]. Оттука произлегла Директивата за идната дејност на Организацијата изработена од Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов со што биле поставени основите на Реформска струја. Како одговор на Директивата, Христо Матов ја создал брошурата Основите на Организацијата од Брут (бг. основитѣ на Организацията отъ Брутъ) во мај 1904 година. Во брошурата биле претставени пет принципи околу кој ќе се групира Конзервативна струја. Главните прашања околу кој се судриле дејците на Организацијата, се прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, односно автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација.

Кризата и поделбите кој се појавиле по Илинденското востание, во текот на 1904 и 1905 година се продлабочиле. Во овој период дошло до прегрупирање на силите, најистакнатите дејци на македонското револуционерно движење тргнале во барање на сојузници и приврзаници за наметнување на сопственото влијание. Влијанието на Даме во Битолскиот револуционерен округ по Илинденското востание опаднало, тој презел и една обиколка низ Солунскиот округ и пошироко за наметнување на своето влијание, но ова обиколка не ги постигнала посакуваните резултати. Прилепскиот конгрес покажал дека Даме има различни погледи од Пере Тошев и Ѓорче Петров, по прашањето за идното устројство на Организацијата. Даме бил во лоши односи и со Борис Сарафов, кој преку поедини војводи го ширел своето влијание во Македонија. Поради централистичките погледи, Даме бил на спротивната страна од Јане Сандански и Серчани, како и со дејците на Струмичкиот револуционерен округ. Тој ги расипал односите и со Атанас Лозанчев, со него во ноември 1904 година имал и физички судир [48][49].

Во август 1904 година во Софија се вратил Ѓорче Петров. Тој истакнал дека Даме е уморен и дека е потребна негова замена ако сакаат да ја продолжат и завршат борбата на Организацијата. Петров тогаш бил во коалиција со Петар Поп Арсов, Пере Тошев и Јане Сандански. Оваа групација се залагала за демократизација на Организацијата, прекинување на врските со било која бугарска влада и распуштње на актуелното Задгранично претставништво. Според српскиот дипломатски претставник во Софија - Симиќ, во декември 1904 година македонското револуционерно движење било поделено на 4 групи, една околу Борис Сарафов, кон неа клонеле Ѓорче Петров и Васил Чакаларов, друга околу Матов - Татaрчев, трета околу Даме и четврта анархистичка околу која се вртеле Петар Поп Арсов, Михаил Герџиков, Димитар Мирасчиев и други, тие биле групирани околу весникот Револуционерен лист. Симиќ истакнал дека највлијателна група била онаа на Даме, а нејзин најекспониран претставник во Бугарија бил Иван Гарванов [50]. Симиќ исто така истакнал дека дошло до зближување меѓу Даме, Гарванов и Иван Цончев, а на спротивната страна дошло до зближување меѓу Пере Тошев, Лозанчев, Сарафов и Ѓорче Петров [50].

Прилепски конгрес[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Прилепски конгрес.

Тој (Ѓорче Петров б.н) наоѓаше дека строго осудувачки било за нас патриотите - револуционери да стануваме агенти на Егзархијата и на бугарската влада, кои никогаш не го сакале нашето ослободување, туку просто се стремеле за постигање на државни цели...

Јордан ТренковПисмо [51]
Христо Узунов

Во почетокот на пролетта 1904 година било донесено решение за конгрес на Битолскиот револуционерен округ. Во првите денови на мај во Прилепско се собрале, следните револуционери: Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Георги Поп Христов, Никола Каранџулов, Петар Ацев, Георги Пешков, Јордан Тренков [52]. На Конгресот дошло до спротивставување на две гледишта за поредокот на Организацијата. Даме се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на поддршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на Организацијата и тој бил подржан од сите повидни револуционери [53]. Пере Тошев изработил предлог-статут наречен (Образец I) со кој се отфрлала мистериозната централизација. Ѓорче Петров за првиот предлог истакува дека: И покрај силната мотивација на Пере Тошев, кој меѓу другото се потпираше на расположението и желбата на самото македонско население, неговиот предлог-статут, како крајно децентралистички и кој што не одговараше на една револуционерна организација, не беше прифатен во неговата целост [53]. Даме знаел дека неговиот став за централизација нема да пројде предложил нов проект-правилник познат како (Образец II) кој бил копија на првиот меѓутоа во поумерена форма [53]. Двата проекти од страна на Ѓорче Петров биле испратени во Софија до Борис Сарафов кој требало да ги испечати [53] [52].

На Конгресот било поставено и прашањето за односот на Внатрешната организација кон странските пропаганди во Македонија, особено кон српската и грчката. По ова прашање дошло до остар судир помеѓу Пере Тошев и Ѓорче Петров [19]. Пере се залагал за превртување на србоманските и гркоманските села во егзархиски и во тој контекст да се влезе во отворена борба со српската и грчката пропаганда. Наспроти тоа, Ѓорче Петров бил категорично против, бидејќи Внатрешната организација би се нашла во улога на поддржувач на Бугарската егзархија, а следствено и на бугарската пропаганда. Ова прашање останало отворено [19]. Интересни податоци за ова прашање дознаваме од писмото на Јордан Тренков, кој го поддржувал гледиштето на Пере Тошев, според него: ... тој (Ѓорче Петров б.н) отиде дотаму, што напомна како многу наши бугарски митрополити, Егзархијата, министрите во Софија и самиот кнез биле многу поопасни за нашето дело, отколку самите Турци. Во заклучокот тој предложил еднакво да ги истребуваме бугарските, српските и грчките конзули и митрополити како директни предавници и вистински виновници за националните расправии [19].

Пере на Конгресот го поставил и прашањето за економската борба на внатрешната организација. Тој тргнувал од финансиската истоштеност на македонското население, последица од лошата економска политика на државата и финансирањето на Организацијата. Оттука, Пере предложил Внатрешната организација да преземе мерки за економско закрепнување на населението со ангажирање на луѓе што го познаваат селското стопанство и кои со совети ќе придонесат за развојот: свилената буба, лозарството, овоштарството, пчеларството и др.[19] Пере исто така го поставил и прашањето за народната просвета. Потенцирал дека државата не била заинтересирана за образованието, а Егзархијата, и покрај многуте потрошени пари, не придонела за развојот на просветата, особено по селата. Пере сметал дека Организацијата преку четите треба да наложи задолжително основно образование, а тогаш нема да се најде ниту еден татко, кој не ќе ја исполни оваа заповед [19]. Меѓутоа, Даме и Ѓорче Петров сметале дека еволуционото прашање нема ништо општо со револуцијата [19]. По завршувањето на Конгресот Пере, Даме Груев и Ѓорче Петров се позанимавале со организациските проблеми во Прилеп, каде што членството било подвоено на два спротивни табори.

Грабнување на Даме Груев[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Грабнување на Даме Груев.

Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа најмногу го почувствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Михаил... надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надолу пред граѓаните, дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратил медикаменти од Кичево за негово лекување

Тома НиколовОслободителните борби на Македонија, том два [54]
Даме Груев
Мицко Крстевски

Во периодот 1901-1903 година, а особено по Илинденското востание и Мирцштешките реформи, српската пропаганда неколкупати се обидувала да создаде свои вооружени чети на територијата на Македонија. Една од најголемите пречки за продор на вооружената српска пропаганда била Македонската револуционерна организација и нејзините чети кои не дозволувале на нејзината организациска територија други вооружени чети кои не припаѓале на Организацијата. Меѓутоа српската пропаганда ја сменила својата тактика и во екот на Востанието, Белград на Организацијата и понудил морална и материјална поддршка и било побарано отворање на едно Задгранично претставништво во Србија [55], односно испраќање на еден организациски претставник. Додека траеле овие игри, Белград започнал со активност за формирање на првите српски чети во Македонија. Во пролетта 1904 година со помош на српскиот конзул од Битола била формирана првата српска чета на чело со просрпскиот војвода Мицко Крстевски. Оваа чета била составена од 6-мина четници сите од Порече, а посебна помош при создавањето на оваа чета добиле од Саватие Милошевиќ. Мицко со својата чета го привлекол вниманието на Организација која протестирала во Белград за таквата дејност. Меѓу другото бил задолжен Георги Герџиковиќ заедно со Христо Узунов да го поканат Мицко да се покори на Организацијата, но војводата Мицко ја засилил својата активност и неговата чета се зголемила на 30 души.

Организацијата подготвила план за опколување на српската чета во Порече. Петар Ацев отишол да се поврзе со Сугарев. Најпрво поминал низ Крушевско земајќи го со себе Ѓурчин Наумов, а во селото Горно Дивјаци добил известување да ја мобилизира селската милиција која требало да чека кака резерва во евентуалната борба со Мицко. Потоа дошло до судирот во Црешнево. Мицко му поставил заседа на Ѓорѓи Сугарев меѓутоа тој успеал да се извлече. По заседата, Мицко се префрлил на левата страна на Треска и се спуштил на југ. Организациските чети, следејќи го Мицко, се собрале во селото Слатино. Во исто време таму дошол и Даме Груев со неколку селски милиционери. Мицко од локалните србомани дознал за четите и решил да ги предаде на турската власт. Во селото набргу пристигала турската војска која го блокирала селото, а следното утро организациските стражари биле нападнати од аскерот и сите четници се кренале. Тие се обиделе да се пробијат и дошле во судир со војската, а притоа загинал Ѓурчин Наумов - Пљакот заедно со 4 четници. Најголемиот дел од четниците и преостанатите војводи успеале да се засолнат, но во текот на борбата Даме Груев бил ранет и затоа тој со четникот Божин се засолнал во блиската шума. Од друга страна пак Мицко со својата чета се наоѓал во близината на селото и го набљудувал судирот.

Во текот на ноќта Даме и Божин се вратиле во селото, а следниот ден во селото влегол Мицко со својата чета и ја опколил куќата во која би сместен Груев. Србоманите со висок тон го повикувале Груев да излезе, но откако биле убедени дека тој е ранет во самата куќа влегол Мицко. Следниот ден Мицко ги повел со себе Даме и четникот Божин низ Порече. По пат Мицко постепено ги разоружал и Груев разбрал дека тие се грабнати од просрпскиот војвода Мицко и затоа му укажал на Божин ако му се укаже прилика да избега веднаш да го стори тоа и да ја извести Организацијата. Божин успеал да побегне, а во меѓувреме Ѓорѓи Сугарев и Петар Ацев започнале потрага по Груев и поминале низ селата Крапа, Локвица, Црешево и др. Тие на враќање наишле на Божин и дознале дека Даме се наоѓа во заложништво на просрпскиот војвода и за тоа веднаш била известена Организацијата. Таа од своја страна ги презела сите мерки за ослободување на Груев, а Битолскиот револуционерен комитет до српскиот конзул во Битола дал предупредување дека ако не биде ослободен Груев тие ќе започнат истребувачка војна.[56]

Слични вакви закани биле испратени и до српскиот конзул во Скопје, а по иницијатива на Атанас Лозанчев и Задграничното претставништво, Антон Страшимиров стапил во контакт со дипломатскиот претставник во Софија [57]. Пере Тошев стапил во врска со српскиот ренегат Глигор Соколов и заедно со него заминал за Порече. За да се осигура дека нема да се повтори Груевата случка, Пере Тошев го предупредил Соколов дека биле преземени дејствија за задржување на неговото семејство и роднини. Околу 20 дена по судирот во Слатино, српскиот конзул од Солун го известил бугарскиот трговски агент Атанас Шопов дека Груев бил ранет и е лекуван од страна на Србите од Кичевско, потенцирајќи дека Груев бил под заштита на тамошна српска чета на чело на која се наоѓал негов познаник. По едномесечното заложништво, Белград му наредил на Мицко да го однесе Груев во Скопје и да го ослободи. Мицко го предал на главниот инспектор за српските училишта во Македонија - Јован Ќирковиќ, а тој го предал на истакнатиот член на Организацијата во Скопје - Ѓорѓи Николов. Потоа Груев се упатил кон Куманово, а од таму за Бугарија.

Рилски конгрес[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Рилски конгрес.

Повеќето од нив, без сомнение знаеја дека овој конгрес има судбинско значење за ослободителното дело. Тие имаа огромна желба да се смират спротивностите и да ѝ се даде на Организацијата тоа што ѝ недостасува - соодветен основен закон, единствено раководство, полет во работата. Но, имаше и страсни функционери кои бараа надмоќ на својата група, имаше стари дејци кои им даваа магична сила на правилниците, имаше првенци кои преку конгресот сакаа да ги вратат загубените места во организациската хиерархија, а имаше и со тешки обвинувања кои не мислеа на ништо друго, освен како да се извлечат од рацете на врховниот револуцинерен суд - општиот конгрес. Ете зошто конгресот не можеше да ја избегне двојноста, карактерсистична за парламентите - со нивните пленарни дискусии, со претходни договори кулоарски шушкања и интриги

Христо СилјановОслободителните борби на Македонија, том два [54]
Јане Сандански
Рилски манастир

И покрај поделбата и диференцирањето на фракциите во Организацијата, најголемиот дел од дејците биле на став дека излезот од таквата состојба може да се најде само преку еден општ конгрес, кој би го воспоставил повторно единството во македонското револуционерно движење. Меѓутоа патот до општиот конгрес траел 2 години. На нему му претходеле Струмички конгрес од 1904 година, Прилепскиот конгрес и Скопскиот конгрес од јануари 1905 година. Во летото 1905 година се одржале два конгреса на Солунскиот револуционерен округ, во конгресот од јуни и конгресот од август. Потоа се одржал Струмички конгрес од 1905 година и Серскиот конгрес. Со тоа се создале услови за свикувње на општиот конгрес.

Кон крајот на септември 1905 година во Софија се собрал најголем број од делегатите кој требале да присуствуваат на Конгресот. Во главниот град на Бугарија биле извршени дополнителни советувања на кои дошло до недоразбирање околу местото за одржување на Конгресот. Јане Сандански побарал Конгресот да се одржи во Македонија и на тој начин да се повлече: чисто внатрешниот карактер и полната независност на Организацијата [54]. Сепак најголемиот број од делегатите посочиле дека Конгресот не треба да биде вознемируван од никого и затоа предложиле тој да се одржи надвор од границите на Македонија. По преговорите било постигнато компромисно решение Конгресот да се одржи во Рилскиот манастир, во близината на македонската граница.[54]

Конгресот го имал следниот дневен ред:

1. Извештај за минатата дејност и сегашната положба во Организацијата по окрузи и околии
2. Идната дејност на Организацијата
3. Устројство и управа на Организацијата;
а) административен оддел
б) судски одел
в) финансиски одел
г) културно - економски одел
4. Литература и печат
5. Односот и поведението на Организацијата спрема разните теченија; a) спрема сите пропаганди б) спрема бугарскиот државнички национализам и Егзархија в) спрема врховистите, емиграцијата и јавноста во Бугарија г) спрема одделни организациски групи внатре и надвор
6. Тактика на Организацијата
7. Отчет за дејноста на ЦК и Задграничното претставништво[54]

Најдолго време распрвале, дваесет дена, за точката три, односно идното устројство на Организацијата. Според Христо Силјанов по ова прашање дошле во судир две струи кои имале различна концепција по ова прашање. Двете струи Силјанов ги нарекува: радикално - реформска и умерено - конзервативна [54]. На овој Конгрес најистакнати претставници на првата групација биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, тие ја имале наклонетоста на најголемиот број на делегати. Оваа крило се залагало за децентрализација и демократизација на Организацијата, широка примена на изборното начело. На страната на оваа група застанал и Борис Сарафов сакајќи на тој начин да добие амнестија од обвиненијата. На чело на другата групација застанал Даме кои се залагал за зачувување на централистичкиот хиерархиски поредок [белешка 4]. Меѓутоа тој ја немал поддршката на најголемиот број на делегати и затоа бил подготвен на компромис, а зад него застанале Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов и Добри Даскалов. [54] По дваесет дневна расправа меѓу двете групи, Конгресот ги прифатил новиот Устав и Правилник на Организацијата. Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти биле компромисно решение меѓу двете групации:

со чувствително наклонување на лево [54]

и дека отстапките за компромисот биле направени од умерено - конзервативното крило. Иако Христо Силјанов истакнува дека бил постигнат компромис, во постарата литература преовладува ставот дека влијанието на левицата преовладал на овој конгрес. Дополнителна кофузија е поделбата на левица и десница, кога е познато дека Борис Сарафов застанал на страната на радикално - реформска крило кое во постарата литература се нарекува како лево крило, а Даме бил на чело на умерено - конзервативната струја, во постарата литература познато како десно крило. И покрај струењата бил постигнат компромис и бил усвоен новиот Устав и Правилник според кој Организацијата добила ново официјално име: Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО)[54]. Врз основа на штотуку усвоените нови акти за членови на ЦК биле избрани: Дамјан Груев, Пере Тошев, Тодор Поп Антов, во Претставничкото тело влегле - Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов и Димитар Стефанов, за редактор на Револуционерен лист бил избран Димо Хаџи Димов. За ревизори на Организацијата биле избрани Иван Гарванов, Никола Пушкаров и Борис Сарафов, меѓутоа тие не ја прифатиле должноста. [49].

Одговорноста на Борис Сарафов како и на другите дејци на Организацијата биле оставени за на крајот од дневниот ред, бидејќи оваа прашање било најделикатно. Сарафов бил обвинуван од сите страни и за секакви дејствија, дека земал пари од српската влада, за пропуштање на српски чети, за препраќање на свои чети во Македонија, давање пари на разни службеници со што предизвикувал раскол и расипништво. Според Христо Силјанов фактите биле толку силни што Сарафов:не можел, а да не се чувствува за грешник [54]. Главни обвинители на Конгресот бил Јане Сандански и серчани. Тие биле поддржани од струмичаните како и од реформските делегати, а против Сарафов биле и делегатите од Битолскиот и Солунскиот округ под влијание на Даме, нивен гласноговорник бил Борис Мончев [54]. Сарафов морал да се брани и затоа го обвинил Јане Сандански за пасивност при Илинденското востание, а на Дамјан Груев му дофрлил што дозволил да биде грабнат од просрпскиот војвода Мицко Крстевски. Единствен кој застанал на страната на Сарафов бил Ѓорче Петров кој пак добил поткрепа од страна на Пере Тошев дека амнестирањето на обвинетите е најдобро решение со што би се разрешило заплетканото прашање. Улогата на миротворец требало да ја одигра непомирливиот противник на Сарафов, самиот Јане Сандански. На изнанедување на многумина Сандански истакнал дека во минатото сите грешеле, дека е потребно сплотување и помирување, да се остави минатото. Во тој дух се изјаснил и Ѓорче Петров, а поддршка дал и Даме. На крај конгресот изгласал опша амнестија за сите обвинети вклучително и за Сарафов [54]. На конгресот преовладал духот за постигнување на компромис и возбновување на единството. Со новиот устав и правилник во Организацијата требало да се воведе широка децентрализација и демократизација од највисоките до најниските раководни тела. Meѓутоа единството кое било воспоставено траело кратко.

Нов централен комитет[уреди | уреди извор]

Од помирувањето на Македонците не треба да се плашиме. Не е ни искрено, ни трајно. Внатрешната организација си ја одигра својата улога, сега и преостанува да ја запали и својата колиба

Српски дипломатски претставник Св. СимиќДаме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник... [50]

Составот на новиот централен комитет бил компромис помеѓу фракциите во самата Организација. Даме како член ЦК ја претставувал Конзервативната струја , а Пере Тошев Реформската струја, додека пак Тодор Поп Антов бил близок со Серчани. Даме и Пере Тошев стоеле на различни стојалишта во поглед на многу прашања и тоа го отежнувало функционирањето на Централниот комитет и самата Организација. Тодор Поп Антов бил легален член, за разлика од останатите кои биле нелегални, тоа придонело да биде отежната комуникацијата помеѓу нив.

Недоразбирањата помеѓу членовите на ЦК, особено меѓу Даме и Пере Тошев, биле пречка за повторното воспоставување на единство во Организацијата. Ефтим Спространов истакнува дека и по Рилскиот конгрес, дејците во Организацијата се делат на три групи: Ѓорче Петров-Борис Сарафов, Даме-Христо Матов и трета околу Пере Тошев, Петар Поп Арсов и Димитар Стефанов. Според Спространов: Првите се за интереси и сакаат да се држат за да јадат, вторите за стариот ред во управувањето на Организацијата, а последните-за новиот Правилник [1]. Разликите биле преголеми, оттука Организацијата и по една година од Рилскиот конгрес се наоѓала во старата состојба на внатрешни поделби и расправии [58].

Активност на новиот централен комитет[уреди | уреди извор]

Организацијата ќе постапи, така, како што постапува со сите, што пречат на ослободителното дело и се стремат да го клеветат и компромитираат со умисла''

Писмо на Централниот комитет до ЕгзархијатаМакедония...[59]
Јосиф I Бугарски
Уставот на ВМОРО

Во мај 1906 година, Централниот комитет се обратил писмено до сите окружни револуционерни комитети. Од нив било побарано да се уреди Организацијата според правилникот на ВМОРО, да се организираат околиски и окружни конгреси, употреба на сила за избегнување на крвава борба со пропагнадите, упoтреба на терор само од неопходност, односите помеѓу Окружните комитети и Централниот комитет да бидат во согласност со правилникот, да се соберат информации и факти за однесувањето на владиците и претседателите на општините кон Организацијата, за да може Централниот комитет да покрене постапка пред Егзархијата [60]. Откако Централниот комитет ги добил сите потребни информации испратил протесно писмо до егзархот Јосиф I. Во писмото било истакнато дека егзархиските чиновници се жалеле до бугарските трговски агенти во Македoнија дека Организацијата: ... ја проследува Егзархијата и нејзината дејност, се меша во нејзините права и прерогативи и воопшто била против бугарштината во Македонија и Одринско [59].

Во однос на таквите обвинувања, во писмото било истакнато дека тоа се клевети со умисла да се попречи револуционерното дело, точно е дека некои од членовите на Организацијата покажувале самоволие во тој поглед, но дека егзархиските претставници се однесувале непријателски кон ослободителното дело, односно кон Организацијата. Затоа Централниот комитет побарал ваквите лица да се придружуваат да егзархискиот устав и правилник, во спротивно Организацијата со нив ќе постапи, така, како што постапува со сите, што пречат на ослободителното дело и се стремат да го клеветат и компромитираат со умисла[59]. Централниот комитет испратил писмо со слична содржина и до трговските агентстав во Македонија и Одринско. Во писмото, се негодувало за некорекните извештаии на агентствата до бугарската влада со што се компромитирала Организацијата и се предизвикувала недоверба кај бугарските граѓани во однос на самата Организација. Агентствата во своите извештаии до владата ја обвинувале Организцијата дека таа:... систематски ги проследува Бугарската егзархија, чиновниците од бугарските трговски агентства и воопшто негува недоверба и омраза кон се што е бугарско[59]. Централниот комитет истакнал дека таквите обвинувања можат да произлезат само од непријатели на ослободителното дело, одделни духовници, крајно амбициозни чиновници, разни шарлатани или луѓе од лагерот на генерал Цончев. Затоа ЦК испратил предупредување дека таквите лица Организацијата ќе ги смета за злосторници и ќе ги гони и казни согласно својот правилник [59]. Од агентствата било побарано својата активност да ја ограничат согласност своите овластувања и добро да ги проучат фактите што ги испраќаат во своите извештаии за Организацијата [59].

Во летото 1906 година Даме се нашол во Софија. Таму се сметил во хотелот Македонија и во јуни и август имал неколку средби со Петар Поп Арсов, Димитар Стефанов, Милан Матов, Христо Матов, Владимир Руменов, Павел Христов и Пере Тошев. Додека престојувал во Софија, Даме го избегнувал Ѓорче Петров поради неговите контакти со Борис Сарафов. На овие средби присуствувал и Ефтим Спространов, како соработник на Централниот комитет. На овие средби станало збор за повеќе прашања, а посебно внимание било посветено на Петар Лигушев и неговото предавство. По ова прашање дошло до спор. Даме сакал заедно со Павел Христов да замине за Битола и да го казнат Лигушев, но тоа било протолкувано како обид на Даме да го засили своето влијание во Битолскиот револуционерен округ [1]. Димитар Стефанов и Поп Арсов биле против заминувањето на Павел Христов во Битола поради што дошло до расправија, а тоа влијалело да не се донесе конкретно решеније за предавството извршено од страна на Лигушев, а наместо Даме за Битола заминал Милан Матов кој требало да постапи во согласност со правилникот на Организацијата [1]. Оваа расправија покажала дека дејците на Внатрешната организација неможеле да ги усогласат своите ставови за голем број на прашања, а со тоа било доведено во прашање и функционирањето на самата Организација.

Пере Тошев снимен во Радовиш

Постепено на дневен ред дошло и прашањето за одржување на нов општ конгрес, кој според правилникот требало да се одржи на годишнината од Рилскиот конгрес. Секое одлагање на новиот општ когрес значело и престанок на мандатот на Централниот комитет и Претставничкото тело, со што се доведувало впод знак прашање функционирањето на Организацијата. По оваа прашање дошло до полемика меѓу Пере Тошев, кој во август се нашол во Софија, и Даме. Пере Тошев побарал, врз основа на правилникот, да се одржи конгрес во предвидениот рок дури и без присусутво на делегати од Битолскиот и Солунскиот револуционерен округ, на што Даме се спротивставил и побарал одлагање на конгресот за 1-2 месеци, за да можат овие окрузи да изберат свои делегати за предвидениот општ конгрес. За да ја зацврсти својата позиција, Даме одбил да потпише покана за конгресот со што дошло до остара полимика меѓу него и Пере Тошев [61].

Ова прашање повторно било разгледано на 29 август 1906 година во хотелот Македонија. Тогаш се покажало дека Даме и Пере Тошев, едни од најголемите и најавторитетните дејци на Внатрешната организација, имаат спротивни ставови по голем број на прашања и не се во можност да соработуваат. Поради недоразбирањата, Пере истакнал дека тој ќе замине за Македонија. Даме од својата страна, прифатил да ја потипише поканата само до Битолскиот и Солунскиот округ за да ги забрзаат своите подготовките за одржување на општиот конгрес. Со оваа покана, овие два округа за последен пат биле поканети да изберат делегати за општит конгрс, а самото тоа да учествуваат во работата на предвидениот конгрес. Меѓутоа, Даме одбил да ја потпише поканата за останатите окрузи за утврдување на датумот за конгресот, а следниот ден заминал за Ќустендил [1]. Поради недоразбирањата конгресот бил одложен за подоцна.

Втор редовен конгрес[уреди | уреди извор]

Избраните делегати се собраа на договореното место, но конгресот не се одржа. Се одржаа само неколку подготвителни состаноци, колку да се констатира непомирливоста на двата блока и да се доведат работите до целосен расцеп. Улогата на малото камче, кое ја превртува претоварената кола, во дадениот случај ја одигра спорот за местото на конгресот.

Христо Силјанов [54]
Борис Сарафов
Михаил Даев

Во услови на поделби и разединувања, во летото 1906 година започнале подготовките за Вториот редовен конгрес на ВМОРО кој требало да се одржи до крајот на тековната година. Во рамките на подготовките, Серскиот округ го одржал својот Втор редовен конгрес во селото Ловча [37]. Кон крајот на ноември во Софија почнале да пристигнуват делегати од цела Македонија за одржување на неопходните претконгресни средби. За време на Советувањата дошло до целосно слевање на веќе покојниот Даме Груев, Иван Гарванов и Борис Сарфов, кои взаемно си ги признале своите делегати [37].Имено, Сарфов, Гараванов, Христо Матов, Христо Татарчев и Петко Пенчев го имале изгубено правото да бидат делегати на предвидениот конгрес, затоа што долго време биле надвор од треиторијата на ВМОРО. Во претходниот период помеѓу конзервативните групи постоела извесна нетрпеливост и ривалство, но во овој момент заедничката омраза кон Јане Сандански ги обединила [37]. Во текот на советувањата во Софија, Серчани го наметнале прашањето за местото на одржување на претстојниот конгрес, истовремено инсистирале тој да се одржи во Македонија. Од своја страна, конзервативната група побарала да се предаде оружјето и муницијата ој пограничните пунктови, кои биле под контрола на Јане Сандански, на една мешовита комисија. Предлогот бил одбиен. Петар Поп Арсов и Сандански биле непопусливи пред барањата на конзервативците, а Пере Тошев се држел резервирано [37].

Во текот на советувањата во Софија спорни биле три прашања: 1) местото на одржување на Конгресот 2) предавање на оружјето од пограничните пунктови 3) верификација на делегатските мандати како најспорно прашање [37]. На едно собрание околу полноќ, дошло до заострени дискусии околу последното прашање, а дошло и до демостративно напуштање на седницата од страна на Петар Поп Арсов, Христо Чернопеев, Крсто Б’лгаријата, Стојо Хаџиев, А. Станоев, Д. Икономов и други. Меѓутоа сепак бил постигнат компромис, било одлучено конгресот по втор пат да се одржи во Рилскиот манастир [37]. На првиот ден од Коледе, Претставништвото испратило покани до сите делегати повикувајќи да заминат за Рилскиот манастирм но многумина делегати од конзеравтивното крило ги вратиле назад поканите [37].

И покрај оваа постапка на конзервативците, припадниците на реформската група на чело со Сандански, заминале за Рилскиот манастир. Непосредно пред манастирот, Михаил Даев во полупијана состојба предизвикал инцидент, во текот на кој двајца месни врховисти биле убиени, а еден бил ранет [37]. Оваа случка и послужила на бугарската полиција како повод за блогада на Рилскиот манастир. Сандански и останатите делегати ја согледале стапицата, по што го напуштиле местото и ја минале границата. Следниот ден, 2 јануари 1907 година, во селото Рила пристигнал Петер Поп Арсов и тука дознал за инцидентот и веднаш се вратил во Софија. Борис Сарафов и Михаил Даев уште во Софија планирале да направат некоја провокација со која требало да се спречи одржувањето на конгресот [37], затоа што нивното мнозинство на Конгресот не било сигурно [37]. Христо Силјанов тенденциозно тврди дека реформската група била во малцинство и се состоела од 12 делагти и затоа го напуштиле местото.

Заминувањето на Сандански и неговите приврзаници од Рила го искористиле конзервативците за да ги обвинат Серчани дека го провалиле Конгресот. По ова прашање, Ванчо Ѓорѓиев истакнува: Меѓутоа, провалувањето дошло од самите конзеравтивци. Тие дури и не се појавиле на местото закажано за одржување на Конгресот. Предизвиканиот инцидентод страна на М. Даев, враќањето на поканите за учеството на Конгресот, непојавувањето на местото на одржување на Конгресот, и секако, појавата на бугарската полиција кај Рилскиот манастир, не биле случајни. Тоа била смислена саботажа од страна на конзервативците со цел да го прикријат своето отсуство од Конгресот [37]. По пропаѓањето на Конгресот, конзеравтивците се собрале во ќустендилско и конституирале во советодавно собрание. Тие во своето изложение ги прогласиле за непрактични и неприменливи нормативните акти на ВМОРО од Рилскиот конгрес од 1905 година. На крајот, си избрале свои задгранични претставници: Иван гарванов, Борис Сарафов и Христо Матов за Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот револуционерен округ [37].

Советувања[уреди | уреди извор]

Навистина, Ѓорче и Пере, поблиски до серчани во однос на реформаторството можеа на почетокот да го спречат Јане да го направи фаталниот чекор и да застанат како посредници и помирувачи меѓу едните и другите. Но, тие не го направија тоа. Скруполозниот П. Тошев, молчеливо ја подржа акцијата на серчани.

Христо Силјанов [54]
Петар Поп Арсов
Од лево кон десно: Чудомир Кантарџиев, Стоју Хаџиев, Јане Сандански, Георги Скрижовски, непознат

Речиси истовремено, реформската група на ВМОРО одржала свое советување во почетокот на феврурари 1907 година. Советувањето се одржало на чифликот на браќата Башавелови во Големо Село, Дупничко. На Советувањето учествувале: Петар Поп Арсов, Димитар Стефанов, Пере Тошев, Јане Сандански, Крсто Б’лгаријата, Христо Чернопеев, С. Хаџиев, М. Даев, П. Китанов, Д. Икономов и др.

На собирот биле разгледани три генерални прашања: 1) како да се попречи врховистичкото влијание 2) што да се преземе во Скопскиот, Солунскиот и Битолскиот округ што биле зафатени од српската и грчката пропаганда 3) внатрешните разногласија [37].

На Советувањето се појавиле два предлога. Првиот бил од Јане Сандански кој побарал серчани да испратат свои чети во Скопскиот затоа што таму имале луѓе кои биле пријателски наклонети кон нив и оттаму да се изврши влијание во Битолско и Солунско. Од друга страна, Христо Черноеев поаѓал од фактот дека тие се дејци на Внатрешната организација, а не само на одделни окрузи и оттука предложил самиот да замине за Битолско, а Сандански по сопствен избор, да замине за Солунско или Скопско, каде што требало лично да ја поведе борбата против надворешните влијанија [37]. Предлогот на Чернопеев бил подржан од страна на Петар Поп Арсов и шестмина учесници. На крајот не било донесено единствено решение.

Во пролетта 1907 година во Софија било одржано советување на кое присуствувале: Петар Поп Арсов, Јане Сандански, Стоју Хаџиев, Крсто Б’лгаријата, Петар Ангелов, Лазар Плавеве и Алексо Мартулков. На ова советување било решено да се вооружат две чети кои требало да заминат за Скопскиот округ. Крсто Б’лгаријата и Петар Ангелов требало да останат во Скопско, а Алексо Мартулков и Лазар Плавев требало да заминат за Велешко и да го подржат реонскиот војвода Дачо Јотов Крсто [37]. Учесниците на советувањето тргнувле од становиштето дека од Велешко лесно може да се изврши влијание во Втората револуционерна област на Македонија [37]. За овие настани, Ванчо Ѓорѓиев истакнува:

Неодржувањето на Вториот општ конгрес на ВМОРО, како и постапките и одлуките на двете јасно издиференцирани крила кои меѓусебно се нарекле лево у десно, претставува почеток на крајот на постоењето на единствената македонска револуционерна ослободителна организација на единствената и цела македонска територија [37]


Убиство на Борис Сарафов и Иван Гарванов[уреди | уреди извор]

Имено, убиството е акт на амбицијата на Сандански да ја завземе организацијата. Покојните му беа пречка на неговиот пат и тој требаше да ја отстрани. Сандански залудно се обиде да се наложи по легален начин. На вториот конгрес Сарафов дејствуваше самостојно и Сандански откако се виде во незначително малцинство, го осуети конгресот. Оттогаш датира неговото фактичко отцепување и неговото завршно решение да ги убие своите противници.

Христо Матов [62]
Тодор Паница
Телата на Борис Сарафов и Иван Гарванов

Во почетокот на ноември 1907 година, Сандански пристигнал во Софија каде што одржал неколку советувања со своите сомисленици. Едно од главните прашања на овие собири, бил односот кон Сарафов и неговите приврзаници. На советувањата учествувале: Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров и Димитар Стефанов (тројцата легитимни претставници), Пере Тошев (член на ЦК на ВМОРО), Христо Чернопеев, Димо Хаџи Димов, Иван Харизанов и други. Јане Сандански доминирал на овие советувања. Според Ќамилов, Старикот истакнал:

треба да се работи за пробудување на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека за извојување на својата слобода треба да се борат без да се потпираат на туѓа помош, зашто тие кои би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги поробат[63]


Сандански укажал дека: сите што агитираат било во Македонија, било надвор од неа на база: ослободување и обединување на Бугарите, од ВМОРО треба да бидат дочекани непријателски, така како што се дочекуваат од Организацијата српските и грчките агитации и чети [63]. Оваа алузија се однесувала на Сарафов и Гарванов [37]. На советувањата имало одделни предлози за помирување, меѓутоа Сандански не се откажал од свите намери. Вечерта на 28 ноември 1907 година, самопрогласените задгранични претставници во домот на Принцот, на улица Осогово, 36, договориле средба со Тодор Паница, нивниот нов приврзаник [63]. Кога Сарафов ја привршувал својата вечера, пристигнал Иван Гарванов. Малку подоцна пристигнал Тодор Паница, вооружен со два наганта. На гостинот му биле понудени мезе и чаша вино, но Паница одбил. Во разговорот со Сарафов и Гарванов, дознал дека Христо Матов нема да присуствува на средбата [63]. Матов ги известил дека поради неодложна работа нема да дојде на средбата. Сарафов и неговите двајца гости се повлекле во друга соба, каде што разговорот меѓу нив течел спокојно. Околу 11 часот, Паница станал да си оди, а Сарафов и Гарванов станале да го испратат. Кога пристигнале до влезната влата, се слушнале зборовите: Уште едно прашање? а во истиот момент се слушнале два истрела. Веднаш дотрчале домашните кои се стаписале од ужасот: Сарафов и Гарванов, облеани во крв, умираа. И двајцата беа погодени со по еден смртоносен удар. Сарафов беше застрелан во левото слепо око, а Гарванов во левото уво [63]. Тодор Паница веднаш го нпуштил местото, а набргу во домот на Сарафов пристигнале еден полициски инспектор и судски истражувач, во придружба на еден софиски репортер, кој вака ја опишал глетката која ја затегнал:

Во антрето, до влезната врата, Сарафов паднал, потпрен на левиот ѕид, со спуштена глава в десни, со раширени нозе и раце - една отворена, другата со свиткани прсти. Гарванов паднат на грбот, со главата легната на десната нога на Сарафов, испружен во ходникот со раширени нозе кон внатрешноста. И двајцата со бледи лица изгледаат како заспани... Под труповите и наоколу големи локви крв која продолжуваше да тече. Околу безживотните трупови горко плаче остарениот татко на Сарафов, неговата мајка, неговите браќа, сестра му, снаа му и неговите блиски [63]


По двојното убиство, бугарските власти уапсиле околу 50 души. Меѓу нив биле: Чернопеев, Крсто Б’блгаријата, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Стојно Стојнов, Ст. Кемилев, д-р К. Д. Списаревски, Ал. Радославов, браќата Харизанови и други. Неколку дена подоцна, со одлука на бугарското Народно собрание бил затворен Антон Страшимиров, народен пратеник од редовите на радикалната партија, тој бил обвинет како интелектуален соучесник [63]. На 13 декември 1907 година, софискиот градоначалник наредил: да се фатат и да се затворат, каде и да се наоѓаат: Јане Сандански, Чудомир Кантарџиев, Александар Бујнов и Тодор Паница [63]. На крај бугарските судови ги осудиле на смрт Сандански и Паница, откако ги прогласиле за разбојници.

Христо Матов
Тодор Александров

По убиството на Сарафов и Гарванов, утрото на 29 ноември 1907 година Христо Матов ги собрал повидните војвди и раководители на конзервативната струја кои се наоѓале во Софија, за да ја разгледаат новонастанатата состојба. Со двојното убиство се срушиле сите мостови и опции за соработка помеѓу двете групи во Македонската револуционерна организација. Матов веднаш презел мерки за продолжување на работата на самопрогласеното Задгранично претставништво и по телефон го повикал Тодор Александров од Бургас, доверувајќи му ја благајничката работа, која претходно ја вршел Гарванов [63]. Александров станал десна рака на Матов, и оттогаш почнува неговото брзо искачување [63]. Главната задача која си ја поставил Матов била свикување на нов конгрес. Конгресот требаше да се свика по секоја цена и во најкус рок [63]. Подготовките за Ќустендилскиот конгрес завршиле релативно брзо и се одржал во првите денови на мрат 1908 година во селото Жабокрт, Ќустендилско. На него приисуствувале: Христо Татарчев, Петар Ацев, Ефрем Чучков, Христо Шалдев, Тодор Александров, Васил Чакаларов, Климент Шапкарев и други [63]. Едногласно за претседател на конгресот бил избран Христо Матов, а за секретари Климент Шапкарев и Петко Пенчев. Делегатите разгледале повеќе прашања, а кон крајот на март Бирото на конгресот објавил една Декларација [63]. Во неа биле објавени решенија за повеќе прашања кои се однесувале на Македонија и македонското револуционерно движење.

По прашањето за Убиството на Сарафов, Гарванов и Даев било одлучено: Откако ги разгледаа фактите за убиството на Гарванов, Сарафов и Даев, а имајќи ги во вид и самопризанијата и објаснувањата на виновниците, содржани во нивното отворено писмо, Конгресот заклучи дека убиството е мотивирано со стремеѓот на неговите автори да и се наметнат со недопусливи средства на Организацијата. Сакајќи да ги зачува единството и дисциплината во Организацијата и да го искорени системот на самоволијата и заканите во отвореното писмо за нови убиства, Конгресот оддлучи потписниците на отвореното писмо, како и физичките убијци да се исклучат од редовите на Организацијата и да се сметаат за нејзини непријатели [63].

Со Ќустендилскиот конгрес се ставил крај на Македонската револуционерна организација и се поставиле темелите на идната Внатрешна македонска револуционерна организација, позната како Автономистичка. Сандански и Серчани биле обвинети за непријатели на Организацијата поради убиството на Сарафов и Гарванов, меѓутоа разликите биле посуштински. Двете страни имале дијаметрално различни концепти за решавање на македонското прашање. Христо Силјанов истакнува дека во преден план на конзервативците била целосната воена подготовка на населението и дека не треба да се троши време и сили за неважни работи [63], односно дека Еволуционизмот на серчани е побиен [63]. Меѓу останатото, конзервативците истакнале дека не можат да и го одречат природното право на Бугарија да се грижи за судбината на своите сонародници во Турција [63] и дека: Нашите патишта со Младотурците не се сретнуваат... Нас иднината на турската држава не не интересира и не можеме да ја врзуваме судбината на нашата татковина со судбината на разноверните и разнојазичните племиња, народи и раси... [63].

Младотурска револуција[уреди | уреди извор]

Учените од Комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на Битолскиот вилает се зел за основа на тој нов experanto. Новиот македонски јазик требало да ги истисне српскиот и бугарскиот јазик кој се зборувал во Бугарија и Србија.

Карло БлиндБугарските злосторства против Бугарите
Павел Делирадев
Санданисти и младотурски офицери. Стојат: Мицо Врански, непознат турски чиновник, Таската Серски, д-р Авди бег и Димо Хаџи Димов, седат: Л. Козарев, Ахмед Нијази-бег, Сандански, Тодор Паница и Георги Казепов

Во втората половина на мај 1908 година, во Банско, а потоа во Пирин во месноста Ечмиште се одржал Мајскиот конгрес, познат и како Ечмишки советувања. Работата на Конгресот траела десет дена, а на него присуствувале истакнати претставници на реформската струја на Македонската револуционерна организација. Меѓу нив биле: Христо Чернопеев, Павел Делирадев, Мишо Шкартов, Г. Огњанов, Санадански, Александар Бујнов, Чудомир Кантарџиев, Георги Скрижовски и др. Крајно недовреливи кон надворешните сојузници и окупирани со секојдневните практични проблеми на борбата, реформистите имале потреба од изградувае на политика за кардиналното прашање, ослободувањето на Македонија и нејзините идни односи со соседните држави. Оттука, на Конгресот било поставено прашањето за Балканска федерација. Делегатите сметале дека само во рамките на една федерација може да се решат сите проблеми на Балканот, а истовремно ќе дојде до економско и културно издигање на балканските народи. Тие во Федерацијата гледале лек за лекување на сите болести на Балканот и зато заклучиле дека тоа обединување на балканските народи ќе се реши на лесен начин без секакви потреси [64], а во тоа Македонија ќе послужи како главен јазол за балканското сојузување. Од јаболко на раздор таа ќе стане примирител на закараните нации [64]. По прашањето на организациски план, било решено да се формира нова организација под името Македоно-одринска револуционерна организација и распуштање на четничкиот институт. Идејата за Балканска федерација и новата организација, по два-три месеца станале основа за формирање на легалната Народна федеративна партија [65].

Младотурската револуција од 1908 година создала услови за крупни внатрешни промени во животот на Османлиската Империја. Новите власти сакале да ја трансформираат Империјата во уставно-парламентарна држава и да ја интегрираат во евроспките заедници на слободните народи. По јули 1908 година, месеците биле исполнети со бурни политички манифестации: братимење на Македонеците и Турците, амнестирање на илијадници македонски политички затвореници, ликвидација на странските вооружени пропаганди и др. Промените кои се случиле биле почувствувани од сите во Македонија. Јане Сандански и неговите приврзаници идејно и политички подготвено ја дочекале новонастанатата состојба. Тие веднаш ја прифатиле подадената младотурска рака за соработка, отворено и искрено, како своја трајна политичка ориентација [66].

Серската група започнала контакти со Младотурците и по револуцијата преминала во легалност. На 18 јули Јане Сандански го прочитал Манифест до сите народности во империјата. Во август Сандански и неговиот штаб ја подготвиле Проекто-програма на Македоно-одринската револуционерна организација. Проектоп-рограмата и декларацијата биле составени од Сандански, Димо Хаџи Димово, Димитар Мирасчиев, Никола Харлаков, Ангел Томов и Павел Делирадев, во почетокот на август 1908 година во Солун во хотел Енглетер, а конечната редакција е направена од Сандански и Хаџи Димово. На 8 август 1908 година излегол првиот број на весникот Конституциона зора, со подналсов Орган на Македононо-одринската револуционерна организација, под редакторство на Димо Хаџи Димов и Пере Тошев. Пере во овој период соработувал со својот близок пријател Антон Страшиморов, при издавањето на весникот Културно единство. Дејците на МОРО се распрснаа низ цела Македонија и Одринско со цел да агитираат за учество во предвидениот основачки општ конгрес, но конституирањето му пропаѓа по нападот врз Сандански во Солун, извршен на 24 септември од Тане Николов. На таков начин Основачкиот конгрес на МОРО пропаднал. Во меѓувреме дошло до поделби во новооснованата организација, Крилото на Христо Чернопеев и Струмичкиот револуционен округот почнале да го издаваат да својот весник Единство под редакцијата на Делирадев. Најмногу се кршеле копјата околу прашањето за парламентарните избори. МОРО ги прифатила претстојните избори, меѓутоа по тоа прашање во нејзините редови немало единство. Групата околу Конституциона зора, предводена од Јане, првобитно била за бојкотирање на изборите поради постојниот изборен закон. Оваа група не допуштала никаква соработка со Младотурците, доколку не се промени изборниот систем [37]. Меѓутоа, под притисок на групата околу Единство, приврзаниците на Јане ги прифатиле изборите, притоа биле истакнати кандидатурите на Јане, Петар Поп Арсов и Христо Далчев. На изборите во 1908 година, МОРО излегла со кандидатите: Јане Сандански и Христо Далчев за Серскиот изборен санџак, Димитар Влахов за Сoлунскиот и Петар Поп Арсов за Скопскиот санџак [37].

Меѓутоа, политичката ситуација во Македонија се усложнила со појавата на т.н Конституциони клубови, чии приврзаници имале поинакви погледи за решавање на македонското прашање. Проширувањето на клубашката мрежа сред македонскиот народ ја поткопал активноста на МОРО, особено во Солунскиот и Струмичкиот округ. Во меѓувреме дошло и до стабилизирање на младотурската власт. Овој развој на ситуацијата бил потик за групациите во МОРО да вложат напри за обединување врз една нова стратешка платформа. По неколку средби, на 15 јануари 1909 година во Солун бил потпишан протокол за изградување на нова партија. Тогаш во јавноста за прва пат се појавила Народната федеративна партија. Од името на Серската окружна организација протоколот бил потпишан од Јане Сандански. Една од точките на протоколот предвидувала да се сопре издавањето на Конституциона зора и Единство, на чие место од 17 јануари 1909 година започнал да излегува весникот Народна волја, како орган на НФП. Основачкиот конгрес требало да биде одржан во средината на март 1909 година [66]. Од 1909 година Пере Тошев повторно се вратил кон својата учителска професија, но овој пат како училиштен инспектор во Солунскиот вилает.

Смрт[уреди | уреди извор]

Пере Тошев е меѓу најголемите македонски дејци, најнепознатиот. Тој живееше во самотија и умре незабележано. Неговиот тивок и меланхоличен образ, беше полн со редка и скапоцена фасцинација. Кај никого меѓу неговите соборци внатрешниот живот не беше толку чист, згуснат и пребогат со духовно богатство како кај него.

Симеон РадевГолемите сенки [67]
Гробот на Пере Тошев во Фариш
Дреновската клисура

Во 1912 година, станало јасно дека Младотурската револуција е само еден заблудувачки потег на младотурците, со цел зачувување на интегритетот на Османлиската империја, оттука Пере Тошев се вратил во Софија. Во престолнината на Бугарското царство, живеел во крајна беда и наспроти тоа, не ги прифаќал предолозите за негова издршка. Пере знаел дека секоја прифатена услуга на крајот ќе се одрази врз интересите на македонското револуционерно движење [68]. Тој интерес секогаш го ставал над личната благосостојба. Имало денови кога Пере, гладен скитал низ Софиските улици, страден за една цигара [68]. Во тие денови, Софија живееал со трепет од престојниот дуел помеѓу балканските сојузници и Империјата. Засилената дипломатска кативност и воени подготовки ја навестувале престојната буна [68].

Пере Тошев бил прекршен од гладот и мизеријата, а дипломатската поделба на Македонија на спорна и неспорна зона го убила неговиот дух. Светозар Тошев истакнува: верен на сопстевните зборовите „нема поголема среќа за мене да ги положам коските во родната земја” брза да си замине. Претчувствата за тажниот исход на српско-бугарскиот сојуз не му даваат спокојство. Тој веќе ја гледа својата земја во канџите на новиот и многу покрвожеден владетел. Напразни се усилбите на неговите другари да го отклонат од фаталното решение. Пере Тошев, одамна со раката се збогувал со животот, одговара: „еден пат се умира” [68].

Надворешни видеоснимки
„Проклети биле шпиуни“, народна песна за смртта на Пере Тошев на YouTube

Откако османлиското комесарство во Софија му издало патен лист, Пере заминал за Македонија. Уште во престолнината на Бугарија, бил следен од членовите на турската анархистичка организација Црвените браќа. На 21 април (стар стил) 1912 година во Дреновата клисура, во близината на железничката станица Градско бил убиен во заседа. Откако бил убиен, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот. По 5 дена роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле неговото телото да биде погребано во Прилеп. Под засилен надзор, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во селото Фариш, Тиквешко.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Македонската национална свест во 19 и почетокот на 20 век бил слабо развиена. Тоа го потврдуваат повеќе странци: Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители незнаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамаено и необично закосено ридче на чиј врв се наоѓа руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашаав. Одоворот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се што тие го знаеа, види: Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905). Од друга страна пак повеќето странски пропаганди на територијата на Македонија го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците, види: Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006, Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Скопје 1997, Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Во Османлиската империја не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманската империја кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското населние кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  3. Тешка и комплицирана ситуација во Отоманската империја овозможила продор и вкоренување на повеќе странски пропаганди на територијата на Македонија, кои дополнитело го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците. Во Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди, како што се грчката, бугарската, српската, романската, католичката и протестантската пропаганда. Првите три пропаганди имале исклучиво асимилаторски карактер, додека останатите биле поставени врз верска основа, но со политички цели и треба да се истакне дека последните две пропаганди не дејствувале ретроградно врз македонскиот национален индивидуалитет. Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди воглавно дејствувале преку црквите, училиштата и хуманитарните институции. На црковен план се дејствувало преку одржување на постојните цркви, но и преку подигнување нови верски објекти, преку создавање на црковен кадар и верска литература. На просветен план се дејствувало преку одржување и подигнување нови училишта, финансиска издршка на учителите и директорите, стипендии и пансиони за учениците и студентите, како и соодветна литература која не била на македонски јазик. На хуманитарен план најчесто се дејствувало преку болниците. Види: Странски пропаганди во Македонија
  4. Въ тѣзи разисквания се сблъснаха дветѣ известни намъ течения — радикално-реформаторското и умѣрено-консервативното. Макаръ че нѣкои отъ най-влиятелнитѣ вдъхновители на първото (марксистътъ Димо хаджи Димовъ, писательтъ А. Страшимировъ и др.), отсѫтствуваха, демократичнитѣ начала и децентрализацията въ управлението бидоха блѣскаво защитени отъ Г. Петровъ и П. Тошевъ, при подкрепата на Я. Сандански и други отчаяни лѣвичари. Отсѫтствуваше отъ конгреса и най-упоритиятъ привърженикъ на умѣреностьта въ преобразованията, Хр. Матовъ, който и съ перо и съ слово не престана, въ продължение на две години, да доказва пакостьта отъ крайни и неприложими реформаторски тежнения. Съ своята упоритость той бѣше си навлѣкълъ неприязъньта на лѣвичаритѣ, а като задгранични представители, сиречь членове на единствения редовно функциониращъ презъ цѣлия периодъ отъ възстанието до конгреса, общоорганизационенъ висшъ институтъ, той и д-ръ Хр. Татарчевъ бѣха станали прицѣлна точка на всѣкакви критики и нападки. Поради това и двамата, въпрѣки грамаднитѣ си заслуги презъ време на междуцарствието, не можаха да попаднатъ между конгреснитѣ делегати. Наистина, умѣрено-консервативното течение се застѫпваше въ конгреса отъ най-авторитетния деятель въ вѫтрешностьта, Д. Груевъ. Той обаче, било поради природната си склонность къмъ практическитѣ постижения по пѫтя на взаимнитѣ отстѫпки, било поради заемания председателски постъ, остана и тукъ вѣренъ на своята примирителна тактика. Все пакъ централистичната система и умѣрениятъ реформизъмъ броеха множество убедени привърженици, като Л. Маджаровъ, Ст. Икономовъ, П. Васковъ, Добри Даскаловъ и др. и намѣриха въ конгреса горещи защитници въ лицето на Б. Мончевъ, А. Манасиевъ и др, види Хр. Силянов, том II Следъ Илинденското възстание

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994
  2. Андонов-Полјански Х., Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978
  3. „Прилеп низ историјата“. Инфо Прилеп. http://www.prilepinfo.mk/mk/za-prilep/prilep-niz-istorijata/133-prilrp-niz-istorijata. 
  4. К. Цепенков, Марко (1989). Македонски народни приказни. Македонска книга. стр. 102. ISBN 8636900425. 
  5. „Варош – Прилеп“. www.culturemap.mk. http://culturemap.mk/map/345/. 
  6. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 56.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.72-73.
  8. 8,0 8,1 Хаџи Васиљевиќ, Јован (1902) (на српски). Прилеп и његова околина. Чупићеве задужбине Л., Београд. стр. 32, 33. 
  9. Прилеп и прилепско низ историјата, книга прва, издание на општинското собрание и на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Прилеп, Прилеп, 1971 година
  10. Димитар Димески, Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
  11. 11,00 11,01 11,02 11,03 11,04 11,05 11,06 11,07 11,08 11,09 11,10 11,11 11,12 11,13 11,14 11,15 11,16 11,17 11,18 11,19 11,20 11,21 11,22 11,23 11,24 11,25 11,26 11,27 11,28 11,29 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  12. Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
  13. Биографски податоци. — Исклучен од Солунската гимназија, Ѓорче Петров доаѓа во Пловдив. — Влијанието на Захариј Стојанов и Д. Ризов на „македончињата“, ученици во Пловдив. Овде се зародува мислата во Ѓорчета за востаничко движење во Македонија. — Станување учител во Штип, почнува да ја проповедува оваа мисла.
  14. Биографски податоци. — Исклучен од Солунската гимназија, Ѓорче Петров доаѓа во Пловдив. — Влијанието на Захариј Стојанов и Д. Ризов на „македончињата“, ученици во Пловдив. Овде се зародува мислата во Ѓорчета за востаничко движење во Македонија. — Станување учител во Штип, почнува да ја проповедува оваа мисла
  15. Ѓ. Петров како учител во Скопје почнува да збира географски и етнографски материјали за целиот округ. Преместен во Битола, Петров продолжува и овде да збира подобни материјали и да дејствува против србската и грчката пропаганда. — Движење во младината против искључителното влијание на егзархијата во црковно-училишните работи. Борба со намесникот на владиката во Битола. — Петров преместен во Солун.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Беседа за Пере Тошев, Култура, 2003
  17. Даме Груев - Спомени. Коресподенција, Предговор, съставителство и бележки: Цочо Билярски, София, 1999
  18. Груев формира месни комитети низ Македонија. - Првата месна организација во Кавадарци. - Груев q во Штип. - Неговото залознавање со Делчев. - Првата предавничка афера во Штипско.
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 19,11 19,12 Ванчо Ѓорѓиев, Подземната Република, Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2010
  20. Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
  21. Анастас Лозанчев. Спомени (от: Б. Мирчев, Спомени на някои активни дейци в македонското революционно движение, ИИБИ, т. 6, 1956, с. 482-497)
  22. Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903, 173
  23. Даме Груев - Спомени. Коресподенција, Предговор, съставителство и бележки: Цочо Билярски, София, 1999
  24. 24,0 24,1 Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994
  25. Хр. Коцев, Страници од моите спомени, Македонија I/IX, Софија, 1922, 51
  26. Христо Шалдев, Основаването на ВМРО (записи на Иван Х. Николов), Ил. Илинден VIII / 1 (71) София, 1936
  27. Првиот централен комитет...,105
  28. Устав на ТМОРО
  29. 29,0 29,1 Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903. Поглед низ долументи, Матица Македонска - Скопје, 2013
  30. Спомени - Христо Чернопеев
  31. Македония, Сборник от документи и материали, София, 1978
  32. Димески, Д. Македонското нацинално движење во Битолскиот вилает 1893 - 1903. 
  33. В. „Вечерна поща”, г. ІІ, бр. 89, София, 17 март 1901 г., с. 4 и в. „Нова борба”, г. І, бр. 37, София, 19 март 1901 г., с. 1.
  34. Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922
  35. 35,0 35,1 Георгиев Величко и Стайко Трифонов, Македония и Тракия в борба за свобода (XIX и началото XX век) Нови Документи, София, 1995
  36. Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Сарафовъ и Иванъ Гарвановъ, сообщава: Љ. Милетичъ, София, 1927
  37. 37,00 37,01 37,02 37,03 37,04 37,05 37,06 37,07 37,08 37,09 37,10 37,11 37,12 37,13 37,14 37,15 37,16 37,17 37,18 37,19 37,20 37,21 Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонскотонационалноослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997
  38. Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
  39. В. „Право”, София, г. ІІ, бр. 28 (36), 30 август 1902, с. 3.
  40. Офицерски спомагателни братства. — Генерал Цончев се зближува со внатрешните дејци и тајно појдува во Солун. — Владата против офицерските братства; Цончев преместен во Видин. — Јанков посредник меѓу централистите и врховистите. — Неуспешен обид да се соберат пари во Белград и во Исмаил. -— Се поставуваат врски со Букурешт. Еден Бугарин, студент, шпиунин. — Принципиелните разлики поради кои што В.К. и Ц.К. не можеа да се споразумат за здружна работа. — Ѓорче Петров издава в. „Бунтовник“ — Петров како агитатор со живо слово.
  41. Станува збор за шифрирано писмо под бр. 22 од 29.11.1902
  42. Спомени на П. Кљашев..., 242
  43. 43,0 43,1 Васил Чакаларов Дневник 1901-1903 г
  44. Манол Пандевски, Македонското ослободително дело..., том втори, 267
  45. 45,0 45,1 45,2 45,3 45,4 45,5 45,6 "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933.
  46. Димо Хаџи Димов, Одбрани дела, редактор Манол Пандевски, Скопје, 1984
  47. Димитар Димески, Македонската револуционерна организација по Илинден (во пресрет на окружните конгреси), Годишен заборник на Филозофски факултет, книга, 19 (45), Скопје, 1992
  48. Даме Груев, Живот и дело, част I,..., 305
  49. 49,0 49,1 36 години во ВМРО - Спомени на Кирил Прличев, издателство ВЕДА-МЖ, 1999, ISBN 954-8090-01-5
  50. 50,0 50,1 50,2 Ристовски Блаже, Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник во Софија во 1905 година, Зборник - Даме Груев 1871-1906, истражувања и материјали, Битола, 1981
  51. Централен државен исторически архив (ЦДИА) - София, ф. 3, оп. 8, а.е. 677, 4-12
  52. 52,0 52,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
  54. 54,00 54,01 54,02 54,03 54,04 54,05 54,06 54,07 54,08 54,09 54,10 54,11 54,12 54,13 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
  55. Љубен Лапе, Нови документи за Илинденското востание, Илинденски зборник 1903-1905, Скопје, 1953
  56. Писмо на Атанас Лозанчев до Димитар Ризов од 23.10.1904
  57. Даме Груев. Живот и дело..., I част, 303, II част, 682
  58. Вътрешното състояние на Организацията (II), Революционненъ листъ, No. 6, 14. X 1906, 2
  59. 59,0 59,1 59,2 59,3 59,4 59,5 Македония, сборник от документи и материали, София, 1978
  60. Вътрешната македоно-одринска революционна организация..., т. I, част 1, 588-589
  61. Гане Тодоровски, Неколку нови документи од активноста на Внатрешната организација..., 216
  62. Разговор со Христо Матов по отвореното писмо на Сандански
  63. 63,00 63,01 63,02 63,03 63,04 63,05 63,06 63,07 63,08 63,09 63,10 63,11 63,12 63,13 63,14 63,15 63,16 63,17 "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943.
  64. 64,0 64,1 Иван Катарџиев, Борба до победа, том еден, Пирин се буди и буни, Мисла, 1983
  65. Павел Делирадев, Јане Сандански, Македонски научен институт, Софија, 1946
  66. 66,0 66,1 Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Институт за национална историја, Скопје, 1976,Манол Пандевски-Обидите за убиство и убиството на Јане Сандански во 1915 година
  67. Симеонъ Радевъ — „Великитѣ сѣнки”, 1922 г.
  68. 68,0 68,1 68,2 68,3 Пере Тошевъ (личность и дѣло) По случай тридесетгодишнината отъ мѫченическата му смърть Д-ръ Свѣтозаръ Тошевъ асистентъ въ университета. Печатница „КИШКИЛОВЪ”—Асеновградъ, 1942

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонскотонационалноослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997
  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Табернакул - Филозофски факултет, Скопје, 2003
  • Ванчо Ѓорѓиев, Подземната Република, Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2010
  • Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903. Поглед низ долументи, Матица Македонска - Скопје, 2013
  • Хр. Силянов, Освободителните борби на Македония. Т. І. Илинденското въстание, София, 1933; Освободителните борби на Македония. Т. ІІ. След Илинденското въстание, София, 1943.
  • Материали за историята на македонското освободително движение. Издава Македонският научен институт, кн. І-ІХ. Съобщава Л. Милетич, София, 1925-1928, кн. Х - Ст. Аврамов, Революционните борби в Азот (Велешко) и Поречието, София, 1929, кн. ХІ - Революционната дейност в Демирхисар (Битолско). По спомени на Алексо Стефанов (демирхисарски войвода). Съобщава Б. Мирчев, София, 1931.
  • С. Радев, Великите сенки, Илинден 1903-1921. Сборник в памет на голямото македонско въстание, София, 1921, с. 39-40.
  • А. Страшимиров, Илинден и неговите творци. Във в. „Обзор”, бр. 72, София, 1 авг. 1936, с. 1-5.
  • Св. Тошев, По кървав път. Пловдив, 1983.
  • Албум-алманах „Македония”. София, 1931, отд. IX, Табло ХСІV.
  • Ил. Иванов, Големите наши революционни дейци като просветни работници. Пере Тошев (Солун, 1909 г.). Във в. „Македония”, София, 18 ноември 1933, бр. 2122, с. 5.
  • Ив. Михайлов, Как пишеха нашите народни будители и герои. Индианаполис, 1956, с. 16-17.
  • Македония. Сборник от документи и материали. София, 1978, с. 426-427.
  • Ц. Билярски, Проектоправилниците на Вътрешната тайна македоно-одринска революционна организация, съставени и обсъдени на Прилепския конгрес през 1904 г. ВИС, 1982, кн. 5, с. 89-110.
  • Ц. Билярски, Т. Петров, Циркулярите на Вътрешната македоно-одринска революционна организация, съставени след Рилския конгрес от 1905 г. ИДА, кн. 50, 1985, с. 193-210.
  • Ц. Билярски, Т. Петров, Документи от конгресите на ВМОРО след Илинденско-Преображенското въстание, ИБИД, кн. XXXVIII, София, 1986, с. 390-391.
  • Ц. Билярски, Съвестта на Македония. Пере Тошев за подготовката на Илинденско-Преображенското въстание от 1903 година. Сп. „Македония”, бр. 2, Благоевград, 1993, с. 4-5.
  • Ц. Билярски, „Родом българин…”. Три непубликувани документа на Тодор Александров, Христо Матов и Пере Тошев. Сп. „Македония”, бр. 0, Благоевград, декември 1992, с. 27-29.
  • Ц. Билярски, Документи за дейността на Пере Тошев през 1909 г., сп. „Македонски преглед”, г. ХVІ, 1993, кн. 2, с. 133-152.
  • Д-р Хр. Татарчев, Спомени, документи, материали. Съст. Ц. Билярски. София, 1989, с. 367.
  • Из архива на Гоце Делчев. Задграничното представителство на ВМОРО в София до края на 1902 г. Съст. И. Бурилкова, Ц. Билярски. София, 2003.
  • Матов, Хр., Македонска революционна система. Съчинения. Съст. Ц. Билярски. София, 2001, 368 с.
  • Архив Христо Матов (Към историята на културнопросветните борби на македонските и тракийските българи в края на ХІХ и началото на ХХ век). Документален сборник. Съст. Ц. Билярски. София, 2004, 480 с.
  • Вътрешната македоно-одринска революционна организация (1893-1919 г.). Документи на централните ръководни органи (устави, правилници, мемоари, декларации, окръжни, протоколи, наредби, резолюции, писма). Съст. Ц. Билярски, И. Бурилкова. Т. І, ч. 1 и 2. София, 2007, 1227 с.
  • В. Божинов, Българската просвета в Македония и Одринска Тракия (1878-1913). София, 1982, с. 309-310.
  • Срб. Петров, Пере Тошев - Окръжен училищен инспектор в Солун (като последна служба). Във: в. „Независима Македония”, г. I, бр. 11, София, 3 май 1923, с. 1.
  • Г. Трайчев, Принос към историята на революционното дело в Македония (Прилепско). София, 1925, с. 105.
  • К. Църнушанов, Революционния образ на Пере Тошев. ВИС, 1991, кн. 6.
  • А. Попстоилов, Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване. София, 1979.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Пере Тошев“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).