Македоно-одринска револуционерна организација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот Јане Сандански
Јане 7.JPG

Македоно-одринската револуционерна организација била формирана на Мајскиот конгрес во мај 1908 година , како одговор на Ќустендилскиот конгрес на Конзервативната струја на Македонската револуционерна организација. На овој конгрес Павел Делирадев го поднел главниот извештај [1]. Била прифатен предлогот дека идејата за автономија веќе не ги исполнува политичките услови, а во преден план се усвојува идејата за Балканска федерација. Донесена е и одлука за основање на нова организација - МОРО.

Уште пред Младотурската револуција од јули 1908 година почна организирањето на новата фракција во рамките на македонското револуционерно движење. Подоцна Серската група доаѓа во контакт со младотурците и по револуцијата преминува во легалност. На 18 јули Јане Сандански чита Манифест до сите народности во империјата. Во август Сандански и неговиот штаб ја подготвиле Проекто-програма на Македоно-одринската револуционерна организација. Проектоп-рограмата и декларацијата биле составени од Сандански , Димо Хаџи Димово , Димитар Мирасчиев , Никола Харлаков, Ангел Томов и Павел Делирадев, во почетокот на август 1908 година во Солун во хотел Енглетер, а конечната редакција е направена од Сандански и Хаџи Димово .

Дејците на МОРО се распрснаа низ цела Македонија и Одринско со цел да агитираат за учество во предвидениот основачки општ конгрес, но конституирањето му пропаѓа по нападот против Сандански во Солун, извршен на 24 септември од Тане Николов. На таков начин Основачкиот конгрес на МОРО не се спроведува. Во меѓувреме дошло до поделби во новооснованата организација, Крилото на Христо Чернопеев и Струмичкиот револуционен округот почнале да го издаваат да својот весник Единство под редакцијата на Делирадев. Подоцна од групата на отцепување и јадрото на Солунскиот револуционерен округ, поттикнат од Димитар Влахов. Меѓутоа, набргу дошло до обединување на сите групи, а Македоно-одринската револуционерна организација се трансфоримирала во Народната федеративна партија.

Основните идејни поставки и облици на федерализмот, соодветно место нашле во програмата на Македоно-одринската револуционерна организација, која била инспирирана од Јане Сандански. Со своите идејно основи во изградувањето на Источната федерација, Јане успеал да создаде еден целосен концепт за карактерот на оваа федерација [2]. Со своите политички мисли и програмски поставки, Јане изградил еден модел на оваа федерација, со кој се надевал дека ќе ги оствари интересите на македонскиот народ, како и на сите други народи кои живееле во рамките на Османлиската империја [2].

Со концептот за Источната федерација, Јане и неговите соработници саке да ги решат општествените, политичките и економските проблеми на македонскиот народ. Отука, бил исфрлен принципот за широка децентрализација и самоопределување на македонскиот народ сп право да конституира своја федерална држава. Јане и неговите приврзаници сметале дека со формирањето на федерацијата ќе се неутрализираат недворешните влијанија во Османлиската империја, вклучително и Македонија, со што ќе се создале услови за национална слобода на народите кои живееле во Империјата, како и оставрувањето на националната слобода на македонскиот народ [2]. Идејата за создавање на една федерација, во дејноста на Јане до израз доаѓаа по Младотурската револуција, меѓутоа таа е тесно поврзана со самиот зародиш на организираното македонско револуционерно движење. Корифеите на Македонската револуционерна организација се залагале за создавање на една Автономна Македонија која подоцна би можела да влезе во рамките на една Балканска федерација. Впрочем, уште во 1905 година Карло Блинд во истакнал дека Јане:

... си поставил за цел од Македонија независна држава која единствено можела да влезе во составот на Балканска федерација [3]


Поради антагонизмот кој постоел помеѓу балканските држави, особено поради макеоднското прашање, не постоеле услови за создавање на замислената Балканска федерација. По Младотурската револуција оваа идеја била преформулирана во концептот за Источната федерација која имала за цел да ја реорганизира Османлиската империја во една федерална држава, надевјќи се дека на тој начин ќе се сочува суверенитетот и интегритетот на Империјата. Јане и неговите приврзаници се надевале преку концептот на Источната федерација да ја сочуваат целовитоста на Македонија и да создадат услови за култуурна, политичка и економска слобода на македонскиот народ, кој требало да биде еден од федералните елементи на реоранизираната империја.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Чернопеев – виден деец на ВМОРО (1899-1915 г.) н.с. Славчо Гоцев, списание "Македонски преглед", година ХІХ, 2006, кн.1, 121-142.
  2. 2,0 2,1 2,2 Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Институт за национална историја, Скопје, 1976, Александар Христов - Основни елементи и тенденции изразени во концептот на Федерација на Јане Сандански
  3. Ванче Стојчев, Лондонски балкански комитет и МРО од 1903 до 1907, ГИНИ, г. 37/1-2, Скопје, 1993, 19.