2 август (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
338 п.н.е.  Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над комбинираните сили на Атина и Теба.
219 п.н.е.  Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска војска.
1903  Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Kичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Mариовско.
1944  Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
1991  Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.