Мечкин Камен
Изглед
| Мечкин Камен | |
|---|---|
![]() | |
| Општи податоци | |
| Град | Крушево |
| Земја | |
| Сопственик | Општина Крушево |
Мечкин Камен — споменик во близина на градот Крушево. Претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република.
Споменикот на Мечкин Камен е изработен во 1983 година. Споменикот е авторско дело на Димо Тодоровски, истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари, кои го втемелиле современиот вајарски израз во Македонската ликовна уметност.
Мечкин Камен како тема во народното творештво и во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Битката при Мечкин Камен“ — македонска народна песна.[1]
- „На Мечкин Камен“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[2]
- „Мечкин Камен“ — поема на македонскиот поет Анте Поповски.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 125.
- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 52-54.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 175-180.
| Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||

