Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крушево
Изглед
Света Богородица | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Крушевско-демирхисарска |
| Парохија | Втора крушевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Крушево |
| Општина | Крушево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Богородица |
| Изградба | 1867 |
| Живопис | 1870 |
| Архитектонски опис | |
„Св. Богородица“ се наоѓа во Крушево. Црквата била изградена во 1867 година. Таа била градена од обработен камен.[1].
Опис
[уреди | уреди извор]Кровот е на две води, на средината се издига висок осмостран тамбур. Внатрешноста на црквата е поделена на три травеја со помош на колони, по три на северната и јужната страна. Во внатрешноста на црквата доминира голем монументален иконостас, работен во 19 век и на него се наоѓаат евидентирани икони од истиот период. Во внатрешноста на црквата има прекрасен фреско-живопис во калотата и во тамбурата на средишниот дел од црквата, како и во слепата калота на западната страна. Фреско-живописот над порталот датира од 1870 година, а се наоѓа на западниот фасаден ѕид на црквата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Цркви во Крушево“. Визит Крушево. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||



