Музејот на НОВ се наоѓа во близина на Платото од споменикот Илинден на месноста Гумење, во Крушево, Македонија. Музејот бил отворен во 1988 година, и во него се сместени експонати кои сведочат за Народноослободителната Борба од 1941-1945 година. Во музејот доминира муралот (ѕидна фреска на фронталниот ѕид), на големиот мајстор на боите Борко Лазески, која го отсликува текот на војната.