Прејди на содржината

Споменик „Илинден“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Споменик Илинден)
Споменик „Илинден“
Македониум
Споменикот Илинден
Карта
Општи податоци
ГрадКрушево
ЗемјаМакедонија
СопственикОпштина Крушево
Проектирање и изградба
ИнженерЈордан Грабулоски и Искра Грабулоска

„Илинден“ или Македониум — споменички комплекс во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.[1] Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во јуни 1968 година, било издадено Решението за именување на конкурсната комисија за спроведување конкурс за изработка идеен проект за изведба на споменик на Национално-ослободителната борба и Илинденското востание.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Споменик „Илинден" Крушево“. www.visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2013-07-09. Посетено на 2012-08-02.
  2. „Решение за именување на конкурсната комисија за спроведување конкурс за изработка идеен проект за изведба на споменик на Национално-ослободителната борба и Илинденското востание“ (PDF) (25). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 17 јули 1968: 385 (де факто 1). Архивирано (PDF) од изворникот 12 март 2024. Посетено на 13 март 2024. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]