Црква „Св. Никола“ - Крушево
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Прва крушевска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Крушево |
Општина | Крушево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1832 (прва) 1904-1905 (втора) |
Зограф | Петре Филипоски Гарката |
Изгорена | 1903 |
Архитектонски опис |
Свети Никола се наоѓа во Крушево. Христијанскиот храм бил изграден во 1832 г.[1]
За време на Илинденското востание во 1903 г., црквата како и голем дел од централниот дел на градот бил изгорен и разрушен. Црквата била возобновена во периодот од 1905 до 1907 г. Таа имала централна позиција и била ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот.
На јужната страна од црквата била изградена камбанарија на која бил поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филиповски-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква датираат од 1884 г. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никога ш невидени мајсторски совршени дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Цркви во Крушево“. Визит Крушево. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]
|
|
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Преспанско-пелагониската епархија
- Цркви во Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво
- Прва крушевска парохија
- Цркви во Општина Крушево
- Крушево
- Цркви во Крушево
- Храмови посветени на Свети Никола во Македонија
- Дела на Дебарската школа
- Саат-кули во Македонија