Саат-кула (Кратово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на Саат-кулата во Кратово

Саат-кула во Кратовосаат-кула во градот Кратово, една од шесте кули кои останале од средновековниот и турскиот период на градот. Се претпоставува дека е изградена во доцниот среден век (веројатно во 1372 г.)[1], а во текот на османлискиот период живееле богати турски бегови.

Градба[уреди | уреди извор]

Кулата е ѕидана од клесан камен, којшто се вадел од околината на градот, а покривот е од камени плочи. Внатрешноста на кулите е поделена на 3 ката, од кои горните се со по еден балкон и одделенија за живеење. Прозорците се заштитени со железни решеткии и се со различни димензии, во долниот дел тие се потесни и издолжени, додека на погорните катовие се пошироки.

Обнова[уреди | уреди извор]

Во 2004 година со средства на Министерството за култура, кулата за првпат е делумно санирана, реконструирана и преуредена со мали поставки кои се наоѓаат на првиот и вториот кат, додека на третиот кат посетителите можат да одморат во удобна атмосфера гледајќи низ прозорците или од балконот кон средновековното Кратово.

Од 2008 година, Саат-кулата му припаѓа на градскиот музеј, кој управува со нејзе и се грижи за самата градба.

Музејска поставка[уреди | уреди извор]

Во рамките на кулата се наоѓаат мала музејска поставка која го прикажува Кратово низ вековите.

Часовник[уреди | уреди извор]

Часовникот на кулата одамна не е во функција и не постои никаков механизам за часовник внатре во кулата. Сепак поради тоа што некогаш постоел механизам со часовник во самата кула, оттаму самата кула го добила и своето име.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Павловска, Јасминка (13 јуни 2014). „Кратово - Златниот град на вулканот“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 6 септември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°04′44″N 22°10′54″E / 42.07889° N; 22.18167° E / 42.07889; 22.18167