Еминбегова кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еминбегова кула
Среска кула
Кулата гледана од север
Карта
Општи податоци
Видкула
АдресаСарајска Маала
ГрадКратово
ЗемјаМакедонија
Висина13,65 м
Димензии
Други димензии6,75 × 6,25 м
Технички податоци
Подна површина43,54 м2

Еминбегова кула или Среска кула – една од преостанати шест кули во Кратово. Се наоѓа во Сарајска Маала, на 8 – 10 м оддалеченост од Крстевата и Хаџи-Костовата кула.

Изградба[уреди | уреди извор]

Според одредени научни мислења, се смета дека времето на настанување на кратовските кули е пред доаѓањето на Турците, но повеќемина истражувачи се согласуваат дека тие се градени во периодот на турското владеење, потпирајќи го своето тврдење врз нивната архитектура и декоративните елементи.[1]

Изглед[уреди | уреди извор]

Ѕидана е, претежно, од камен со малтер, со спорадично користење на градежна тула. Висока е 13,65 м, на П+2 ката, на скоро квадратна основа со димензии 6,75 х 6,45 м. Влезот на приземниот кат е на западната страна. Исто така, на западната фасада се забележуваат срушени делови, кои укажуваат на фактот дека кон кулата била приклучена некоја градба. Овој заклучок бил поткрепен со фотографија на која се гледа т.н. Еминбегов сарај (голема бела зграда), што со кулата сочинуваат импресивен комплекс. Се претпоставува дека Еминбеговата кула е поврзана со Крстевата и Хаџи-Костовата кула со подземни тунели, т.н. „Александриски тунели“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]