Саат-кула (Стар Дојран)
Саат кула | |
---|---|
![]() Саат-кулата по реставрацијата во 2021 г. | |
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Стар Дојран |
Земја | Македонија |
Почната | 1372 |
Урната | 1913 |
Саат-кула во Стар Дојран — саат-кула во Стар Дојран, подигната во 1372 година.
Историја[уреди | уреди извор]
Саат-кулата била изградена во времето на Евренос-бег. Саат кулата се наоѓа на ридот на Дојранско Езеро каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на амамот и чешмата. Единствено таа е градена во т.н опус клоазоне. Саат-кулата настрадала за време на Балканските војни.
Таа била висока околу 10 метри и со својата височина доминирала во околината. Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отворање и затворање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите[1].
Во 2021 година таа е реставрирана и реконструирана.
Наводи[уреди | уреди извор]
|