Саат-кула (Гостивар)
| Саат-кула Гостивар | |
|---|---|
Саат-кулата во 2012 година | |
![]() | |
| Останати називи | Ебу Бекир-пашина саат-кула (турски: Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi) |
| Општи податоци | |
| Стил | османлиска архитектура |
| Адреса | на аголот на ул. „Никола Парапунов“ и „Борис Кидриќ“ |
| Град | Гостивар |
| Земја | Македонија |
| Почната | 1728/29 |
| Нарачател | Исмаил-ага |
| Прогласена за | Споменик на културата (08.09.1958) |
Саат-кула, наречена и Ебу Бекир-пашина саат-кула (турски: Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi) — една од најзнаменитите и препознатливи градби во градот Гостивар. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме.[1] Гостиварската саат кула заедно со оние во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните првични саат-кули. Таа сè уште е во функција и го покажува точното време преку неколку часовници вградени на неа. Кулата е заведена како Културно наследство на Македонија.[2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа во средиштето на Гостивар, а веднаш до неа постои џамија наречена Саат-џамија („Ебу Бекир-пашина џамија“) која била обновена во поново време[3] Во непосредната околина на саат-кулата се наоѓаат поштата, познатиот трговски центар „Блу-центар“ со стаклената фасада, а недалеку по улицата на 250-300 метри е црквата црквата Света Богородица и градскиот плоштад.
Историја
[уреди | уреди извор]
Изградена е во 1728/29 година од Исмаил-ага, син на Хаџи Јусуф-ага. Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата.
Зградата била прогласена за културно наследство врз основа на актот 8 од 7 септември 1958 година.[4]
Во 2010 година, била реставрирана под сомнителни околности.[1]
Во јануари 2017 година, биле пуштени во употреба четири нови часовници на врвот на кулата. Поставувањето на часовниците било раководено од Конзерваторскиот центар - Гостивар, а парите били обезбедени од Министерството за култура во вредност од 520 илјади денари.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Саат-кулата во 2010 година
- Саат-кулата во 2011 година
- Саат-кулата во 2014 година
- Саат-кулата во 2017 година
- Саат-кулата во 2022 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Саат-кулата во Гостивар се реновира на диво“. Дневник. 5 септември 2010, 19:37. Посетено на 2011-03-30. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help) - ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот на 2021-08-09. Посетено на 23 август 2022.
- ↑ Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
- ↑ „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. ноември 2024. стр. 7. Архивирано (PDF) од изворникот 2024-12-27. Посетено на 17 септември 2026.
- ↑ „Пуштени во употреба часовниците на Саат џамијата во Гостивар“. Гостивар: НУ Конзерваторски центар - Гостивар. 20 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 2022-08-23. Посетено на 23 август 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Саат-кула (Гостивар) на Ризницата ?- Саат- кула Гостивар
| ||||||||||||||||||||
