Црква „Св. Богородица“ - Гостивар
Пресвета Богородица | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Гостиварско |
| Парохија | Гостиварска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Гостивар |
| Општина | Гостивар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица |
| Изградба | 1923 |
| Завршено | 1929 |
| Осветување | 1929 |
| Архитектонски опис | |

Пресвета Богородица — главна и катедрална црква во Гостивар, сместена на самиот плоштад. Изградбата на црквата е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Во 2003 година на црквата извршен е поголем реставраторски зафат.[1]
Велигденски обичаи
[уреди | уреди извор]Во црквата, за време на првите пет недели од Велигденскиот пост, се извршувала мала повечерна богослужба во петоците во кои се читал Акатист кон Пресвета Богородица и се пее петолебие во чест на Христовото чудо со кое прехранил 5000 луѓе со 5 леба. Целата процесија е со цел да се оддаде почит и благодарност на добрите дела кои Христос ги направил во животите на верниците.[2]
На Велики Петок, во црквата се положува Светата Плаштеница и се изнесува Чесниот Крст на кој е распнат Исус Христос. Верниците одат во црква, носат јајца, палат свеќи и по обичај три пати поминуваат под Плаштеницата со цел да го симболизираат поминувањето низ Господовиот гроб, односно преку распетие, страдање и погребение да стигнат до воскресение. Малите деца се тие кои најмногу го почитуваат протнувањето под Плаштеницата.[3]
На Велика Сабота, во утринските часови во црквата се служи Света Василева Литургија.[4]
Во недела, пред полноќ, верниците се собираат пред црквата со црвени јајца и свеќи и се крчкаат по полноќ. Пред 12 часот, богослужителите и верниците прават трикратен опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе“. По опходот, во црквата се служи утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Возобновена црквата на Пресвета Богородица во Гостивар“. Македонска православна црква. 5 февруари 2007. Посетено на 30 април 2010.
- ↑ „Мало повечерие и благословување на петолебие во црквата „Пресвета Богородица" во Гостивар“. Гостивар Прес. 12 април 2024. Посетено на 13 април 2024.
- ↑ „Гостивар Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица" во Гостивар“. Гостивар Прес. 3 мај 2024. Посетено на 4 мај 2024.
- ↑ „Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот“. Гостивар Прес. 4 мај 2024. Посетено на 4 мај 2024.
- ↑ „Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!“. Гостивар Прес. 5 мај 2024. Посетено на 5 мај 2024.
| „Црква „Св. Богородица“ - Гостивар“ на Ризницата ? |


