Македонски денар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски денар
1000 denari, 1996- lice.jpg
Банкнота од 1000 денари
ISO 4217
Код MKD
Составници
Подединица
 1/100 дени (веќе не се користи)
Множина денари
Симбол ден
Банкноти 10, 50, 100, 200, 500, 1000, 2000 денари
Монети 1, 2, 5, 10, 50 денари
Демографија
Корисник/ци Македонија Македонија
Издавач
Централна банка Народна банка на Република Македонија
 Мреж. место www.nbrm.mk
Вредност
Инфлација -0,3% (2015)
 Извор Годишен извештај на НБРМ (стр. 23)

Македонски денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) — официјална валута во Македонија. Народната Банка на Република Македонија (НБРМ) има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија. Македонскиот денар бил воведен на 26 април 1992 година.[1]

Денес, во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и хартиени банкноти со деноминации од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари. Банкнотите од 10 и 50 денари кои се влезени во оптег 1996 година се заменети со нови, полимерни банкноти, а истите се повлечени од оптег. Банкнотата од 5000 денари исто така е повлечена од оптег.

Еден денар се состои од 100 дени, но дените повеќе не се користат.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името „денар“ потекнува од староримската монетарна единица „денариј“ и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот периоди. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: „македонски динар“ или „лав“.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Поврзано: Историја на парите во Македонија

Монетарно осамостојување[уреди | уреди извор]

Република Македонија монетарно се осамостоила на 26 април 1992 година (Велигден), кога Собранието на Република Македонија донело пакет-закони со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се вовел денарот како парична единица на Република Македонија. Денарот се делел на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е „ден.“. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од собраниската говорница ги презентирал првите македонски пари - денари - со зборовите:

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.

На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останале во оптек уште една година.

Развиток на деноминациите[уреди | уреди извор]

Во 1993 година, новиот денар бил издаден со деноминации од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а апоенот од 20 денари бил издаден само во првата серија на банкноти. Сите апоени биле издадени како банкноти, додека во првата серија не биле ковани монети.

Во мај 1993, во втората серија биле воведени и монети со деноминации од 50 дени, 1, 2 и 5 денари.

Во 1996 година биле воведени апоените од 1000 и 5000 денари.

Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава јубилејни монети за колекционерски цели.

Во ноември 2008 година биле воведени монети со апоени од 10 и 50 денари.

Во 2013 година, монетата со апоен од 50 дени била повлечена поради тоа што истата била кована само во 1993 година и практично била тешко забележлива во оптек.

Во 2016 година биле воведени апоените од 200 и 2000 денари. НБРМ исто така започнала со повлекување од оптек на апоенот од 5000 денари како поселдица на неговата незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Најавено било дека деловните банки ќе ги заменуваат банкнотите со апоенска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната земена ќе се вршела од страна на НБРМ.[3]

На 15 мај 2018 година, НБРМ ги воведе новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, со што Македонија влезе во мапата на замји кои започнале со полемеризација на банкнотите на нивните валути. Почнувајќи од истиот ден старите банкноти од 10 и 50 денари, кои прв пат биле издадени во 1996 година, се повлечени од оптег[4]

Производство[уреди | уреди извор]

Банкноти[уреди | уреди извор]

Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.

Монети[уреди | уреди извор]

Монетите се ковани од легура CuNi3Zn17 (CuZn15 за 50 дени) во ковницата „Сувенир“ во Самоков. Автори на ликовното и техничкото решение не монетите се Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковачницата.

Галерија на парите[уреди | уреди извор]

Банкноти[уреди | уреди извор]

Прв предлог
Лице Опачина Вредност Боја Лице Опачина
10 денари сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
25 denari, 1992- lice.jpg 25 denari, 1992- pozadina.jpg 25 денари црвена Споменик Македониум Жени при жнеење жито
50 denari, 1992- lice.jpg 50 denari, 1992- pozadina.jpg 50 денари кафеава Споменик Македониум Жени при жнеење жито
100 denari, 1992- lice.jpg 100 denari, 1992- pozadina.jpg 100 денари темно сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
500 denari, 1992- lice.jpg 500 denari, 1992- pozadina.jpg 500 денари зелена Споменик Македониум Жени при жнеење жито
1000 denari, 1992- lice.jpg 1000 denari, 1992- pozadina.jpg 1000 денари темно сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
5000 denari, 1992- lice.jpg 5000 denari, 1992- pozadina.jpg 5000 денари црвена-кафеава Девојче пред компјутер Споменикот Македониум
10000 denari, 1992- lice.jpg 10000 denari, 1992- pozadina.jpg 10000 денари црвена-кафеава Играорци и споменикот Македониум Поглед кон Света Софија, Охрид
Серија од 1993
Лице Опачина Вредност Боја Лице Опачина
10 denari, 1993- lice.jpg 10 denari, 1993- pozadina.jpg 10 денари сина Споменик Македониум Мотив од Крушево
20 denari, 1993- lice.jpg 20 denari, 1993- pozadina.jpg 20 денари кафеава-темноцрвена Даут Пашин Амам во Скопје Саат кула, Скопје
50 denari, 1993- lice.jpg 50 denari, 1993- pozadina.jpg 50 денари црвена Поглед кон зградата на Народна Банка на Република Македонија Свети Пантелејмон, Скопје
100 denari, 1993- lice.jpg 100 denari, 1993- pozadina.jpg 100 денари кафеава Света Софија, Охрид Народен музеј, Охрид
500 denari, 1993- lice.jpg 500 denari, 1993- pozadina.jpg 500 денари кафеава-темнозелена Самуилова тврдина, Охрид Свети Јован-Канео, Охрид
Серија од 1996
Лице Опачина Вредност Боја Лице Опачина
10 denari, 1996- lice.jpg 10 denari, 1996- pozadina.jpg 10 денари виолетова Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во баптистериумот на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
50 denari, 1996- lice.jpg 50 denari, 1996- pozadina.jpg 50 денари сина Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново
100 denari, 1996- lice.jpg 100 denari, 1996- pozadina.jpg 100 денари виолетова-кафеава Таванска розета Поглед од албанска куќа
500 denari, 1996- lice.jpg 500 denari, 1996- pozadina.jpg 500 денари црвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
1000 denari, 1996- lice.jpg 1000 denari, 1996- pozadina.jpg 1000 денари кафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, Охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
5000 denari, 1996- lice.jpg 5000 denari, 1996- pozadina.jpg 5000 денари црвена-кафеава Бронзена фигура на Менада (VI век пр.н.е), Тетово; на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), охридско. Кербер врзан за смоква, детаљ од подниот мозаик во нартексот на Големата базилика во Хераклеја Врскаестис (V-VI век), Битола.
Надградба на серија од 1996
Лице Опачина Вредност Боја Лице Опачина
500 denari, 2003- lice.jpg 500 denari, 2003- pozadina.jpg 500 денари црвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
1000 denari, 2003- lice.jpg 1000 denari, 2003- pozadina.jpg 1000 денари кафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
Серија од 2014 (издадена во декември 2016)
Лице Опачина Вредност Боја Лице Опачина
Лице на банкнотата од 200 денари (2016).jpg Позадина на банкнотата од 200 денари (2016).jpg 200 денари зелена-кафеава Рана средновековна бронзена фибула (пронајдена близу Прилеп); Релјеф на Псалмот 41 од Стариот Завет (теракотна икона од Виница) Уметнички елементи од фасадата на Шарената џамија, Тетово; Мермерни подни плочи со цветни дизајни на Исак-беговата џамија, Битола
Лице на банкнотата од 2000 денари (2016).jpg Позадина на банкнотата од 2000 денари (2016).jpg 2000 денари виолетова-кафеава Бронзен артефакт во облик на афионова чашка (откриен во Сува Река, Гевгелија); Македонска невестинска носија од Прилеп Декорација на внатрешноста на позлатен сад (16 век) со два пауна покрај „изворот на животот”
Полимерни банкноти од 2018 година
Лице Опачина Вредност Боја Лице Опачина
Банкнотата-од-10 денари-Аверс-(2018).jpg Банкнотата-од-10 денари-Реверс-(2018).jpg 10 денари виолетова Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во баптистериумот на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
Банкнотата-од-50 денари-Аверс-(2018).jpeg Банкнотата-од-50 денари-Реверс-(2018).jpg 50 денари сина Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

Монети[уреди | уреди извор]

1993 серија
Монета Вредност Карактеристики Опис
50 deni.JPG 50 дени Издание 1993, Диjам. 21,5 мм;Теж. 4,10 г, Метал: CuZn15, Ковница: Сувенир, Самоков, Во оптек од 10.05.1993, повлечени во 2013. Ав. 50 ДЕНИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 во долното централно поле. Претстава на галеб во лет.
1 denar.jpg 1 денар Издание 1993 (1997,2001), Диjам. 23,8 мм;Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.
2 denari.jpg 2 денари Издание 1993 (2001), Диjам. 25,5 мм;Теж. 6,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 2 ДЕНАРИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на охридска пастрмка.
5 denari.jpg 5 денари Издание 1993 (2001), Диjам. 27,5 мм;Теж. 7,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 5 ДЕНАРИ во долното централно поле, Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на евроазиски рис.
10 denari 2008.png 10 денари Издание 2008, Диjам. 24,5 мм;Теж. 6,6 г, Метал: Cu70Ni12Zn18, Во оптек од 15.11.2008 Ав. 10 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран Паун - мозаик од Стоби - VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари.
50 denari 2008.png 50 денари Издание 2008, Дијам. 26,5 мм; Теж. 7,7 г, Метал: Cu62Ni18Zn20, Во оптек од 15.11.2008 Ав. 50 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран лик на Архангел Гаврил - фреска од манастирот Св. Ѓорѓи (Курбиново) - XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ќе се слават 20 години од македонскиот денар Нова Македонија
  2. Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скенпоинт, 2010, Скопје,исто, стр. 101-103.
  3. Пристигнуваат банкнотите од 200 и од 2.000 денари, заминуваат од 5.000, Денар, 15 декември 2016.
  4. Соопштение на НБРМ, 14.5.2018 година, НБРМ, 14 мај 2018

Надворешни врски[уреди | уреди извор]