Охридска пастрмка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Охридска пастрмка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Семејство: Лососи
Род: Пастрмки
Вид: Охридска пастрмка
Биномен назив
Salmo letnica

(Karaman, 1924)

Охридска пастрмка (науч. Salmo letnica) — ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на фамилијата Лососи (Пастрмки). Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.

Подврсти[уреди | уреди извор]

Охридската пастрмка се јавува во три подврсти и тоа:

  • Летница (латински: Salmo letnica Balcanicus) - се мрести на зима
  • Струшка пастрмка (латински: Salmo letnica Typicus) - се мрести на зима, а меѓу мрестењето на оваа раса и расата S.L.Baclanicus (струшка) има разлика од барем еден месец.
  • Охридска белвица (латински: Salmo letnica Aestivalis) - се мрести на лето периодот од мај до јули

Опис и градба[уреди | уреди извор]

Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото е кај некои бела, а кај некои розевкаста.

Навики, живеалиште, распространетост[уреди | уреди извор]

Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Таа е најблизок потомок на врстите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на терциерот.

Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Охридската белвица се наоѓа само во најдлабоките места на езерото и тоа до 200 метри и се мрести на зима како поточната пастрмка. Се почесто се лови, па се претпоставува дека и се заканува истребување.

Размножување[уреди | уреди извор]

Охридската пастрмка се мрести од март до мај, а мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка, по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги како летницата.

Наводи[уреди | уреди извор]