Буџет на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Буџетот на Република Македонија претставува годишен план за финансирање на функциите и обврските на Република Македонија, на единиците на локална самоуправа и на фондовите, а се состои од годишна проценка на приходите и на трошоците по намени. Под годишна проценка се подразбира фискална година од 12 месеци, која почнува на 1 јануари, а завршува на 31 декември од секоја календарска година и важи само за фискалната година за која е донесена.

Процес на буџетирање[уреди | уреди извор]

Буџетска иницијатива[уреди | уреди извор]

Нацрт буџетот го предлагаат управните органи. Во утврдувањето на буџетот учествуваат органите на власта, но составувањето на буџетот е во рацете на управните органи. Така е во сите земји денес. Правото за буџетска иницијатива им припаѓа на управните органи. Во поглед на буџетската работа стои поинаку: овде предлог поднесува управниот орган.
Во поглед на буџетскиот акт, причина што се претставничките органи во поглед на техниката на составувањето на буџетскиот предлог во малку поповолна положба од управните органи. Само тие се во постојан контакт со секојдневниот живот. Тие најдобро можат да ги проценат потребите на јавните служби, тие осеќаат што е неопходно за намалување на приходите и задоволување на заедничките потреби. Поради тоа на нив им припаѓа обврската за извршување на буџетот, тие ќе ги предвидат вистинските расходи и точно да ги утврдат државните приходи.

Изработка на предлог на буџетот[уреди | уреди извор]

Во оваа фаза проектот се претвора во предлог на буџетот. Истакнато е да предлог на буџетот настанува од предлозите на управните органи во кои се содржани потребите за буџетските средства. Но тие потреби се засновани на директивите од централните финансиски органи. Плановите и идеите за буџетот припаѓаат на министерот за финансии во скоро сите држави. Техничките работи околу подготовката на предлогот на буџетот се обемни и многубројни. Во парламент тоа го прави посебна служба. Една од работите на таа служба е да донесе општи упатства за изработка на проектот на буџетот. Секој раководител на управната единица е должен да состави своја проценка за расходите и евентуалните приходи кои ги упатува на својот секретаријат. Така изработениот проект на буџетот се доставува до Владата, за да таа донесе крајна одлука за финансиските приходи следната година. Владата го разгледува детално проектот за Буџетот и како свој предлог на Буџетот го праќа на одобрение во парламентот.

Изгласување на буџетот[уреди | уреди извор]

Буџет во дводомни системи[уреди | уреди извор]

Во сите земји финансиските закони уживаат специјален режим и постапка. Посебност на тоа е: до финансиските акти да дојде до решавање прво пред претставник на народот (Долен дом), парламент потоа пред Горниот дом (Сенат). Тоа важи во прв ред за буџетот.

Постапка за изгласување на буџетот[уреди | уреди извор]

Буџетот во различните политички структури на запад се однесува на различни начини. Техниката на разгледување на предлог Буџетот во дводомниот систем може да биде различна: еден е начин на пример во Франција и САД, а друг во Британија.

Англиски систем[уреди | уреди извор]

Во овој систем не постои специјален буџетски одбор. Наместо него Долниот дом во Комитет на целиот дом, кој кога ги ревидира расходите се вика supply committee, а кога се зборува за приходите committee of ways and means. Кога заседава комитетот за приходи финансискиот канцелар го одржува својот познат буџетско експозе (budget speech), во кој посебно внимание се обрнува на државните приходи (income tax).

Привремено финансирање[уреди | уреди извор]

Познато е ако, буџетскиот период помине, а буџетот не е донесен на време, тогаш мора да се бараат патишта да се избегне таа неправилност во буџетскиот процес: да се врши трошење без претходно одобрение. За такви ситуации постојат две решенија:

  1. Или да остане по старо т.е. да се продолжи финансирањето или
  2. Преодниот период кој трае сè додека не се изгласа нов буџет, финансирањето ке го помогне авансирањето од идниот буџет.

Во пракса се јавува овој метод.

  1. Буџетска даванестина

Кога ке се случи владата да го поднесе предлогот на буџетот во собранието (општината) но претставничкото тело од било кои причини не го усвои на време а од друга страна за прибирање на приходите и нивно трошење мора да постои претходно одобрение, тогаш се користи т.н буџетска дванаестина. Дванаестината ги содржи сите расходи и приходи кои се содржале во изминатиот буџет.

  1. Аконтација

Англија не го применува т.н. метод дванаестина иако нивниот буџет не е никогаш донесен до месец Април. Англија се служи со системот на авансирање кој се состои во тоа што не се продолжува стариот буџет туку се авансира од новиот.

Буџетски кредити[уреди | уреди извор]

Постојат два вида на буџетски кредити: лимитативни и евентуални. Под поимот буџетски кредити се подразбира овластување на извршителите на буџетот во текот на годината можат да вршат трошење за одредена намена до одредена висина.

  1. Лимитативни кредити

Се оние редовни кредити во буџетот кои одговараат на принципот да кредиот значи дека извршителите на буџетот немаат право да го поминат максимумот во трошењето. На пр. кредити кои се претходно утврдени со јавни договори (државен заем, плата на функционерите)

  1. Евентуални кредити

Се наменети за потребите во тековниот буџетски период да се извршат а чија висина не може однапред да се точно предвиди. Тие можат да бидат помали или поголеми во зависност од ситуацијата. Кај овие кредити не може да се утврди максималната цифра како кај претходните. На пр. расходи за пензиите, функции на судовите, обесштетување на поединци од буџетот и воопшто расходи кои неможат да се антиципираат. Овие кредити владата може слободно да ги употребува, но во завршната пресметка треба да ја докаже исправноста на таквото трошење.
Кога буџетот ке се донесе на собранието и биде одобрен може да настанат две ситуации: Одредени кредити не се доволни или дополнително да се појави потреба која сосема неможела однапред да се предвиди и за неа се потребни средства од буџетот за да може да се оствари. Во таквите ситуации се јавува потреба од дополнителен кредит за кој решава парламентот.

Буџетски процес во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија, министерот за финансии е одговорен за подготвување на предлог на Буџетот на Република Македонија и за негово доставување до Владата на Република Македонија. Извештај за фискалната состојба во тековната фискална година изготвува министерот за финансии, кој ги предлага директивите и целите на фискалната политика како и главните категории за проценетите приходи и трошоци за наредната буџетска година и го доставува до Владата во месец април, во тековната година за наредната година.
Врз основа на утврдените ставови од страна на Владата, министерот за финансии изготвува циркулар во кој се содржани главните насоки за изготвување на буџетите и го доставува до корисниците на буџетот, единиците на локална самоуправа и фондовите во месец април. Во циркуларот се содржани работите и задачите кои треба да се извршуваат во текот на фискалната година, методологијата за изготвување на буџетите на корисниците, како и индикативните вкупни трошоци за секој корисник. Предлогот на Буџетот на Република Македонија, Министерството за финансии го доставува до Владата на почетокот на месец октомври. Предлогот на Буџетот на Републиката го утврдува Владата и го доставува до Собранието на Република Македонија за донесување не подоцна од средината на месец ноември. Собранието на Република Македонија не може да го разгледа предлогот на Буџетот на Република Македонија пред истекот на 20 дена од денот на доставување на предлогот на Буџетот до пратениците на Собранието на Република Македонија.
Предлогот на Буџетот на Република Македонија содржи:

  1. Биланс на приходниот и трошковниот дел на буџетите со:
    • ставки за приходи
    • ставки на трошоци
  1. Функционална класификација на трошоци;
  2. Трошоци по раздели;
  3. Посебен дел на Буџетот по корисници со:
    • остварени трошоци од претходната фискална година;
    • одобрени и ревидирани трошоци за тековната фискална година;
    • процени за наредната фискална година искажани според економската и програмската класификација на ниво на подставки и

процена на обврските за наредните две години на ниво на категории.

  1. Процена за максималниот износ до кој можат да се земаат заеми и издаваат гаранции во текот на тековната фискална година;
  2. Лимит до кој можат единиците на локалната самоуптава да земаат заеми во текот на тековната фискална година и
  3. Предлози за можните начини за надминување на дефицитот на Буџетот.


Износите на приходите наведени во годишниот буџетски документ не се фиксно определени и лимитирани. Промените во Буџетот (износите на приходите) треба да бидат во рамките на вкупниот износ на утврдените приходи. Дополнително усвоените трошоци во Буџетот се пропратени со мерки што ќе ги зголемат предложените приходи или ќе ги намалат другите трошоци во сразмерен износ. Износите на трошоците утврдени со годишниот буџетски документ се сметаат како максимални износи и над овие износи не може да се преземаат никакви обврски. Секој трошок што бара нов извор на приходи заедно со предложениот извор, како и кога треба да се намалат планираните трошоци кои се одобрени заради неостварување на планираните приходи повеќе од 5% се обработува со посебен буџетски документ (ребаланс), а го донесува надлежен орган. За покривање на непредвидливите барања за трошоците кои ќе се појават во текот на буџетската година се издвојува до 3% од вкупните тековни и капитални трошоци за буџетски резерви (постојана и тековна). За користење на средствата по предлог на министерот за финансии одлучува Владата.

Извршување на Буџетот[уреди | уреди извор]

Извршувањето на буџетот значи од една страна остварување на приходите, а од друга страна финансирање на државните и комуналните органи и институции.

  • Извршители на буџетот
  • Извршувањето на буџетот е доверено на органите на управата, со оглед на различните функции кои обавуваат за извршување на планот за приходите и расходите.

Наредбодавачи[уреди | уреди извор]

Налогодавачи се органите на управа кои се овластени да управуваат со државниот имот, да се во функција на прибирање на државните приходи и самостојно да одлучуваат за распределбата на приходите за тековната буџетска година.

Сметкополагачи[уреди | уреди извор]

Извршувањето на буџетот не се спроведува само преку наредбодавачите, туку негово извршување се надополнува со функцијата на сметкополагачите, без која наредбодавачите не можат да го извршат буџетот. Важно е да овие две функции (наредбодавач и сметкополагач) не се доделени на едно лице. Истата функција не можат да ја вршат брачни другари или лица кои се во блиско сродство. Функцијата на сметкополагачите е да обезбедат начин за наплата на државните приходи, а во поглед на расходите нивна задача е да ја утврдат висината на одговорноста на државните органи. Правило е да функцијата на наредбодавачите на сметкодавачите биде во интерес на правилно извршување на буџетот и обезбедување на контрола на работата на буџетските извршители.

Буџетска и сметковна година[уреди | уреди извор]

Буџетска каса и буџетски надлежности[уреди | уреди извор]

Во поглед на буџетската каса, која се вика и буџетска година, сите фискални и други приходи кои се наплаќаат од почетокот до истекот на буџетската година и сите расходи кои се исплаќаат во тој период припаѓаат на буџетот од таа година. Во буџетската каса, слично како и во сметководството се бележат сите приходи и расходи, независно од денот на настанувањето и нивната правна основа. Ако на пример одреден данок се наплати на 31.12. во одредена година тоа е приход за таа буџетска година.
Системот сметковна година ги зема во една целина сите приходи и расходи засновани на овластувањата на еден буџет, но кои можат да бидат извршени во текот но и по истекот на тој буџет. Додека буџетската година трае една година и го зема предвид само она што е поврзано со тој рок, сметковната година содржи се она што настанало во врска со буџетот на таа година и таа може да трае повеќе од една година. Тој додаток на буџетската година може да биде 1,2 или 3 месеци.

Вирманисирање и ребаланс на буџетот[уреди | уреди извор]

Под вирманисирање треба да се подразбира измена на висината на буџетските средства и нивна употреба, делумно или во целина, за да се задоволат некои други потреби. Ако се случи да постојат недоволно средства во буџетот, а наредбодавачот не сака да користи дополнителен кредит или да користи средства од буџетските резерви, или - ако тие средства не се доволни за пополнување на сите празнини, тогаш тој врши вирманисирање. Тоа значи: бидејќи од една страна има недоволно средства а од друга вишок кои не можат во целост да се искористат до крајот на годината- наредбодавачот вирмански ќе пренесе дел или цела сума од поголемиот износ кон помалиот.

Ребаланс на буџетот[уреди | уреди извор]

И за време на финансиската година, кога е веќе одобрен буџетот и е во тек на извршување, претставничкото тело може да врши разгледување на неговата структура и дополнителни одлуки за измена на буџетот, како на страната на приходите така и на страната на расходите. Таквото донесување на дополнителни измени на буџетот во текот на буџетската година се вика ребаланс на буџетот.
По донесувањето на буџетот, министерот за финансии ги известува корисниците на средствата што им се одобрени, а корисниците ги распределуваат приходите и трошоците по одделни единки корисници.
Врз основа на известувањето единките корисници се должни да донесат финансиски план за намените за кои што ќе се користат средствата, најдоцна 15 дена од денот на известувањето.
Единките се должни финансискиот план да го достават до Министерството во чии состав се, во рок од 5 дена од денот на неговото донесување.
Корисниците за буџетите и единките корисници се должни средствата да ги користат наменски и не смеат да преземат обврски над лимитот од одобрените средства.
Приходите и трошоците на секој корисник и единка корисник на средства од Буџетот се искажуваат во Буџетот на Републиката.
Приходите се уплатуваат на трезорската сметка и се евидентираат на посебните сметки во главната книга на трезорот и тоа за:

  • приходи наплатени од органи;
  • приходи од активности кои не се финансираат од Буџетот (самофинансирачки активности);
  • приходи од даноците и
  • приходи од кредити.

Корисниците и единките корисници се одговорни за наплатата на приходите и за вршење на работите од нивната надлежност.
Приходите се уплатуваат во Буџетот на Републиката. Доколку Буџетот на Републиката не биде донесен до 31 декември во тековната година, Министерството за финансии врши исплата на средствата од Буџетот по позиции, но најмногу до една третина од извршените трошоци во четвртиот квартал во претходната фискална година за секој месец, а најдоцна до 31 март за наредната година.
Корисниците на Буџетот врз основа на годишниот финансиски план се должни да изготват месечен финансиски план по сметки, програми и ставки и да го достават на одобрување до Министерството за финансии 5 дена пред почетокот на месецот за кој се однесува планот.
Месечен финансиски план претставува процена на трошоците на корисниците на Буџетот и по неговото одобрување претставува право на трошење на средства во текот на еден месец, односно во последователниот период доколку правото остане неискористено во тековниот месец.
Корисниците на Буџетот кои имаат единки-корисници, доставуваат збирен месечен финансиски план за корисникот на Буџетот и збирно за единките корисници кои се во рамките на корисникот.
Министерството за образование збирно го одобрува планот за сите единки корисници, а корисникот на Буџетот врши натамошна распределба на одобреното право по одделни единки корисници.
За извршување на плаќање корисниците и единките корисници на средствата од Буџет доставуваат барање за плаќање до Министерството за финансии на образец што ќе го пропише министерот за финансии.
За непредвидливите трошоци кои ќе настапат по донесувањето на Буџетот, корисниците поднесуваат барање до Министерството за финансии, заради нивно покривање. Во барањето мора да бидат содржани причините, износите и основата за пресметување на бараните износи.
Одобрените трошоци корисниците не можат да ги распределуваат меѓусебе.
Прераспределбата на планираните трошоци во текот на фискалната година ја врши Владата, односно Советот на единицата на локалната самоуправа, во рамките на вкупно утврдениот лимит на приходите во Буџетот.
Министерот за финансии во втората половина на месец јули од фискалната година доставува до Владата преглед за состојбата на извршувањето на Буџетот и долгот на Републиката. Владата врз основа на прегледот ги презема сите неопходни мерки со кои се обезбедува усогласување на главните буџетски цели со новите економски околности и му предлага на Собранието на Р. Македонија да донесе мерки.
Правото на корисниците на Буџетот за трошење на од Буџетот престанува на 31 декември. Сите ненаплатени обврски на корисниците на Буџетот на фискалната година ќе бидат повторно одобрени и предвидени во позиција во Буџетот за следната фискална година.
Одобрениот Буџет за корисниците на Буџетот важи до крајот на фискалната година. Неискористениот буџет на крајот од годината не се пренесува во наредната година. Приходите наплатени после 31 декември на сметките на Буџетот се евидентираат како приходи на Буџетот за следната фискална година.
Со буџетски документ се утврдува лимитот на годишното зголемување на вкупниот тековен долг.
Само Владата има право да зема заеми од правни и физички лица од земјата и од странство врз основа на закон, за покривање на буџетскиот дефицит и да дава гаранции за отплата на обврските по основ на земени заеми за оваа намена.
Владата може да одобрува краткорочни заеми само на единиците на локалната самоуправа и на фондовите доколку во Буџетот на Републиката се утврдени средства за оваа намена. Единиците на локалната самоуправа и фондовите се должни земените заеми да ги вратат најдоцна до крајот на фискалната година.
Министерот за финансии ги предлага на Владата видот на финансиите и условите под кои се земаат заемите.
За долговите издадени во форма на обврзници и благајнички записи соодветно се применуваат одредбите од Законот за хартии од вредност, доколку со овој закон не е поинаку одредено.
Во Буџетот на Републиката за тековната година се обезбедуваат средства за отплата на главнините и каматите кои пристигнуваат во текот на фискалната година по претходно склучените договори.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]