Економија на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Економија на Македонија
Народна Банка.jpg
Народна банка на Македонија, централната банка на Македонија
Ранг 130. (ПКМ, проц. 2014)
Валута 1 Македонски денар (MKD) = 100 дени
Фискална година календарска
Трговски организации СТО, ОБСЕ
Статистика
БДП 27,41 млрд. $ (ПКМ, проц. 2014)
Пораст на БДП 3,4% (реален, проц. 2014)
БДП по глава на жител 13.200 $ (ПКМ, проц. 2014)
БДП по сектор земјоделство: 10,4%; индустрија: 26,2%; услуги: 63,4% (проц. 2014)
Инфлација 3,1% (CPI, проц. 2013)
Сиромашно население 30,4% (2011)
Коефициент Џини 43,6 (2013)
Работна сила 960.700 (проц. 2013)
Работна сила
по занимање
земјоделство: 18,8%; индустрија: 27,5%; услуги: 53,7% (септември 2013)
Стапка на невработеност positive decrease 24,6% (2015, 4К)[1]
Просечна бруто плата 32.392 MKD, месечно (март 2016)[2]
Просечна нето плата 22.053 MKD, месечно (март 2016)[3]
Водечки индустрии прехранбена, пијалаци, текстил, хемикалии, железо, челик, цемент, енергија, лекови
Ранг според Ease of Doing Business 12та[4]
Надворешност
Извоз 4,934 млрд. $ (проц. 2014)
Извозни добра храна, пијалоци, тутун; текстил, разновидни производи, железо, челик, автомобилски делови
Главни извозни партнери  Германија 41.4%
 Бугарија 6.6%
 Италија 6.1%
 Србија 5.2%
 Косово 4.7%
 Грција 4.6% (проц. 2014)
Увоз 7,277 млрд. $ (проц. 2014)
Увозни добра машини и опрема, автомобили, хемикалии, горива, прехранбени производи
Главни увозни партнери  Обединето Кралство 12.3%
 Германија 11.1%
 Грција 9.2%
 Србија 8.2%
 Италија 6.2%
 Кина 5.9%
 Бугарија 5.3%
 Турција 5.1% (проц. 2014)
Странски директни инвестиции 4,695 млрд. $ (проц. 31 декември 2013)
Бруто надворешен долг 7,451 млрд. $ (30 септември 2013)
Јавни финансии
Јавен долг 45,8% од БДП (проц. 2014)
Буџетски дефицит -4,1% од БДП (проц. 2013)
Приходи 3,22 млрд. $ (проц. 2013)
Кредитен рејтинг Стандард и Пурс:[5]
BB-(домашна)
BB-(странска)
BB(T&C Assessment)
изглед: стабилен[6]
Фич:[6]
BB+
изглед: стабилен[7]
Девизни резерви 2,906 млрд. $ (31 декември 2013)
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА
Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари

Економија на Македонија - дел од поширокиот општествен систем на Македонија кој ги опфаќа стопанските односи, дејности, производството, трговијата и монетарно-финансиските текови. Според типот Македонија има отворена пазарна економија.

Историја[уреди | уреди извор]

Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ, по Референдумот од 1991 година, излегла како најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката трговска блокада на границата, економските санкции спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување. Но Република Македонија сѐ уште го нема достигнато ни нивото од од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987).

Економски состојби[уреди | уреди извор]

Кратко резиме на Националната стратегија за економски развој на Македонија изработена од МАНУ во 1997 (кликнете за да го отворите во целост)

Економијата е пост-транзициска, со голем број сѐ уште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско. Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри. Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага средно кфалификувана но евтин а работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република Македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство во 2005 изнесуваше 79,5%).

Меѓународни рангирања[уреди | уреди извор]

Во октомври 2014 година, познатото списание „Форбс (Forbes)“ ја рангирал Македонија на 36. место во светот според условите за водење бизнис. По одделни категории, Македонија остварила најдобри оценки во доменот на монетарната слобода и бирократските процедури, каде била рангирана на шестото и седмото место. Во категориите за заштита на инвеститорите и даночното оптоварување, Македонија се пласирала на 16. и 24. место во светот. Од друга страна, Македонија била најслабо рангирана во категориите: функционалност на пазарот (67 место), лични слободи (69 место), сопственички права (78 место) и иновации (82 место).[8]
Подоцна, во декември 2014 година, во новото рангирање на списанието „Форбс“, Македонија се нашла на 31. место. Притоа, таа била рангирана на третото место во категоријата „бирократски процедури“, а според монетарната слобода е нашла на шестото место, додека според даночното оптоварување била на седмото место. Најлош пласман, Македонија остварила во доменот на иновациите (65 место), личната слобода (67 место) и сопственичките права (72 место).[9]

Кредитен рејтинг[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, десетта година по ред, агенцијата „Фич“ го потврдила кредитниот рејтинг на Македонија на нивото „ВВ+“ при што стабилниот изглед бил заменет со негативна перспектива,[10] а истата оцена била потврдена и во февруари 2016 година.[11]

Секторска структура[уреди | уреди извор]

Рударство[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, во секторот на рударството работеле околу 300 претпријатија, од кои околу 160 биле ангажирани директно во рударството. Само во рудниците биле вработени околу 3.000 лица, додека заедно со фирмите за вадење камен, бројот на вработените изнесувал околу 12.000. Во 2011 година, производството на основни метали учествувало со 9,38% во БДП, додека учеството на секторот за вадење руди на метали изнесувало 1,7%. Вадењето руди на метали учествувало со 6,05% во вкупниот физички обем на производството во индустријата и рударството. Во 2014 година, извозот на основни метали изнесувал 894,6 милиони долари, а заедно со вадењето руди на метали, вкупниот извоз изнесувал 970 милиони долари.[12]

Енергија[уреди | уреди извор]

  • Електрична енергија-производство: 5.935 милијарди кWh (2006 година)
  • Електрична енергија-производство по ресурси:
    • фосилно гориво: 80,7%
    • водни: 18,3%
    • друг вид: 1% (2006 година)
  • Електрична енергија-потрошувачка: 8.929 милијарда кWh (2006 година)
  • Бензин-потрошувачка: 23,000 bbl/ден (2006 година)


Земјоделство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Земјоделство во Македонија.
Структура на физичкиот обем на земјоделството во Македонија

Земјоделството има значајно и стабилно учество во македонската економија, при што веднаш по индустријата тоа има најголемо учество во БДП кое во периодот од 1996 до 2001 година учествувало со 10,6%[13]. Во следните години учеството на земјоделството во вкупниот БДП на Македонија изнесувало 10,0% во 2002, 11,4 во 2003 и 11,3% во 2004 година, при што во периодот 2002-2004 година земјоделското производство се развивало побрзо од просекот на стопанството[14]. Меѓутоа, ако се додаде и процентот од учеството од индустријата кој изнесува 5,4% за прехранбената и тутунската индустрија, тогаш агрокомплексот во македонското стопанство добива поголемо економско значење[13]. Заклучно со 1997 година година, земјоделството покажувало негативен тренд на опаѓање[13]. Според податоците од Заводот за статистика, во 2003 година вкупната вредност на земјоделството во Македонија учествувала со 12%, а заедно со преработувачката индустрија 18%, при што изразената вредност на производството на земјоделската гранка изнесувала 57 милијарди денари или 925 милиони евра[15]. Вкупната меѓуфазна потрошувачка на семенски материјал, енергија (гориво), ѓубрива, средства за заштита, добиточна храна и друго имала вредност од 31 милијарда денари или 500 милиони евра, а додадената нето-вредност на земјоделската гранка изнесувала 23,6 милијарди денари или 380 милиони евра[15]. Во структурата на вредноста на земјоделските производи житата учествувале со 5.500.000.000 денари или 90.000.000 евра, градинарските производи со 15.300.000.000 денари или 250.000.000 евра, овошјето со 7.600.000.000 денари или 124 милиони евра, сточарското производство со 12.600.000.000 денари или 205.000.000 евра [15]. Со засилените политики за поддршка и развој на земјоделството по 2006 година, тоа бележи благ пораст и развој. Во структурата на физичкиот обем на земјоделството доминира учеството на растителното производство, кое постојано се зголемува (од 61% во 1994 на 70% во 1999 год.), а сразмерно на тоа, учеството на физичкиот обем на сточарството во истиот период се намалува (од 39% на 30%)[13]. Според учеството во БДП земјоделството во Македонија има слично значење во вработенсота и тоа заедно со прехранбената и тутунската индустрија, кои што се суровински засновани на земјоделското производство, покажува големо учество во вработеноста на населението[13]. Во 2014 година, во Македонија, во регистерот на Управата за јавни приходи биле регистрирани вкупно 164 992 земјоделци, од кои, 16 593 се регистрирале како лица на кои земјоделството им е основна дејност, додека другите 143 399 пријавиле дека земјоделството им е дополнителна дејност.[16] Земјоделството учествува и има големо значење и во трансакциите со машинската и хемиската индустрија во поглед на снабдувањето со земјоделски хемиски препарати за заштита и зајакнување на посевите и семенскиот материјал како и земјоделската механизација, а учествува и во сите услужни дејности, особено во трговијата, угостителството и туризмот[13]. Во македонскиот трговски биланс земјоделството до крајот на деведесетите години на ХХ век учествувало со 8-21% во вкупниот извоз и 8-17% во вкупниот увоз во Македонија[13]. Во 2010 година, Република Македонија остварила дотогаш највисок пласман на земјоделско-прехранбени производи на странските пазари со реализиран извоз од 424 милиони евра[17]. Според податоците на Државниот завод за статистика, извозот во 2010 година бил за 66 милиони евра повисок од износот на извезените земјоделски производи во 2009 година[17]. Како резултат на тоа трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи бил намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година[17]. Во 2010 година и вкупниот обем на трговска размена изнесувал 955 милиони евра во кои преовладувале примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките со 25 отсто и рибите и производите со риби со учество од 1 до 3 отсто[17].

Телекомуникации[уреди | уреди извор]

Во јуни 2015 година, по двегодишна работа, престанал да постои виртуелниот мобилен оператор „Албафоне“, а во исто време се споиле операторите „Вип“ и „Оне“. Во 2010 година, просечната цена за една минута разговор во мобилната телефонија во Македонија изнесувала 3,4 денари, а веќе во 2014 година, таа паднала на 1,27 денари. На крајот од 2014 година, во Македонија имало 2.224.439 мобилни претплатници, што претставувало стапка на пенетрација од 107,86%. Од вкупниот број претплатници, 1.234.726 биле при-пејд коринсици, 697.954 биле пост-пејд корисници, а 291.759 биле деловни пост-пејд корисници. Фирмата „Т-мобиле Македонија“ имала најголемо пазарно учество од 46,35%, а по неа следувале „Вип“ со 27,2% и „Оне“ со 25,9%, а операторот „Албафоне“ имал учество од 1,29%.[18] Во октомври 2015 година официјално започнала со работа новата компанија „Оне.Вип“ настаната со спојување на двата оператора „Оне“ и „Вип“. Притоа, во новата фирма, Телеком Австрија поседувала 55% од акциите, додека 45% биле во сопственост на Телеком Словенија.[19]

Индустрија[уреди | уреди извор]

Текстилна индустрија[уреди | уреди извор]

Текстилната индустрија е трета најзначајна индустриска гранка во Македонија. Производството на облека учествува со 12,73% во вкупното индустриско производство, а заедно со производството на текстил, учеството изнесува речиси 15%. Во 2009 година имало 1.930 претпријатија во текстилната индустрија, т.е. 4,3% од вкупниот број претпријатија во Македонија. Од нив, 600 биле производствени фирми. Речиси 50% до текстилните фирми се наоѓаат во Источна Македонија, а 87% се микро или мали претпријатија. Во 1998 година, извозот на текстилни производи учествувал со 31% во вкупниот македонски извоз, 17% во 2011 и 15,2% во 2014 година.[20]

Табела бр. 1: Извозот на текстилни производи (1998-2014)[21]

Година Извоз (мил. долари)
1998 405
2005 539
2007 684,5
2008 766
2009 627,5
2010 620
2011 720
2012 658
2013 701,5
2014 748,4

Производство на храна и пијалоци[уреди | уреди извор]

Во 1994 година, македонскиот извоз на вино изнесувал 15,6 милиони долари, а извозот се зголемил на 63,5 милиони во 2014 година. Во 2012 година биле извезени 118 милиони литри вино, од кои 79 милиони во ЕУ. [22]

Трговија и надворешнотрговска размена[уреди | уреди извор]

Структура на извозот според регионалната насоченост
Структура на увозот според регионалната насоченост

Трговијата во Македонија отсекогаш имала меѓународен карактер, благодарение на нејзината централна положба на Балканскиот полуостров и поволната природна и воедно најкрата врска помеѓу запад и исток по долината на реката Вардар, што било забележано уште од античките времиња кога главните римски патишта (Виа Егнација) минувале низ Македонија, а Скопје и Солун биле главни трговски центри со присуство на познати трговци од Дубровник, Венеција, Византија[14]. По осамостојувањето, Македонија како мала земја се соочила со императивот да ја зголеми својата отвореност и да ја подобри својата интегрираност во глобалните светски економски текови во 1990 г[14]. Учеството на надворешнотрговската размена односно вредноста на увозот и извозот заедно во Бруто домашниот производ на земјата кој изнесувал 60% во текот на 1990-тите години надминал 80%[14]. Според индексот на отвореност во меѓународната трговија Македонија е рангирана на 40то место помеѓу 141 држава, при што во регионот подобра позиција имаат само Словенија и Бугарија[14]. Тенденцијата на пораст на надворешнотрговската размена е проследена со намалување на степенот на покриеност на увозот со извоз и со пораст на трговскиот дефицит на земјата[14]. Ваквата состојба не е одржлива на подолг рок и упатува на потребата од пораст на учеството на производите со поголема додадена вредност во структурата на извозот[14]. Во структурата на извозот најголемо учество во 2005 година имале: текстилот и облеката (28,5%), железото и челикот (26%), земјоделските производи - храна и суровини (17,3%), минералните суровини - руда, горива и обоени метали (10,78%) и машини, канцелариска и транспортна опрема (5,38%)[14]. На страната на увозот доминирале: мин ералните суровини, рудите и горивата (21,85%), машините, канцелариската и транспортната опрема (17%), земјоделските производи - храна и суровини (13,77%), хемиските производи (10%) и различни полупроизводи (9%)[14]. Според податоците на Државниот завод за статистика во 2009 година Македонија остварила вкупен обрт на надворешнотрговска размена од 7,781 милијарда $ од кои 34,8% извоз и 65,2% увоз, додека во 2010 година забележала пораст на 8,825 милијарди $ со пораст на извозот на 37,97% и пад на увозот на 62,03%[23]. Најзначајни надворешнотрговски партнери на Македонија во последните години се: Србија, Германија, Италија, Грција, Бугарија, Русија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Словенија, Црна Гора и Косово[14].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Активно население“. Државен завод за статистика на Република Македонија. http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98. конс. 17 март 2016. 
  2. „Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен“. Државен завод за статистика на Република Македонија. http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=41. конс. 26 мај 2016. 
  3. „Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен“. Државен завод за статистика на Република Македонија. http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40. конс. 26 мај 2016. 
  4. „Ease of Doing Business in Macedonia“. Doing Business 2016. Светска банка. http://doingbusiness.org/data/exploreeconomies/macedonia-fyr/. конс. 30 октомври 2015. 
  5. „Список на рејтинг на државите“. Стандард и Пурс. http://www.standardandpoors.com/ratings/sovereigns/ratings-list/en/eu/;jsessionid=k1FKTWWXhvYrxdVvhTSP0zbLLC9PLG1F1RP4T5ZxHnNjGQw624vw!1264516119?subSectorCode=39&start=50&range=50. конс. 28 март 2014. 
  6. 6,0 6,1 Како Фич, Мудис и С&П го пресметуваат кредитниот рејтинг на секоја држава“, „The Guardian“, 15 април 2011 (конс. 31 мај 2011).
  7. „Фич уште еднаш го потврди кредитниот рејтинг на Македонија“. Дневник. МПМ Македонија. 6 септември 2014. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9DB04DE613E6B946982C7479CAEB7D10. конс. 6 септември 2014. 
  8. „Македонија на 36 место според можностите за водење бизнис“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 12.
  9. „Скок од 5 места на Македонија во дуинг бизнис листата на Форбс“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 13.
  10. „Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ+“, Економија и бизнис, година 18, број 207, 11 септември 2015, стр. 12.
  11. „Фич го потврди рејтингот на Македонија на ББ+ со негативен изглед“, Економија и бизнис, година 18, број 213, март 2016, стр. 12.
  12. Мирче Јовановски, „Рудниците под притисок на цените на металите“, Економија и бизнис, година 18, број 206, 12 август 2015, стр. 49-53.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 (на македонски) Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година. Скопје: МАНУ. јули 2001. стр. 16–17. 
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 14,7 14,8 14,9 Фити, Таки (2009). Блаже Ристовски. уред (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1005. 
  15. 15,0 15,1 15,2 Ѓошевски, Драган. (2009). „Вредноста на земјоделското производство“. Македонска енциклопедија 1: 315. Скопје: МАНУ.
  16. „Од 165.000 регистрирани земјоделци, 12.500 уплаќаат за пензија“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 6-7.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 „Македонија лани бележи историски најголем извоз на земјоделско-прехранбени производи“ (на македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 29 март 2011. http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/586. конс. 16 декември 2015. 
  18. Марјан Блажевски, „За пет години просечната цена на минута разговор се намали од 3,4 на 1,27 денар“, Дневник, година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 6-7.
  19. „Оне.Вип официјално стартуваше со работа“, Економија и бизнис, година 18, број 208, октомври 2015, стр. 10.
  20. Мирче Јовановски, „Текстилците се борат за секој денар“, Економија и бизнис, година 18, број 201, 20 март 2015, стр. 42-43.
  21. Мирче Јовановски, „Текстилците се борат за секој денар“, Економија и бизнис, година 18, број 201, 20 март 2015, стр. 42-43.
  22. Александар Стојков, „Сепак се движи!“, Економија и бизнис, година 18, број 200, 20 февруари 2015, стр. 56-59.
  23. Благица Новковска, уред (2012) (на македонски). Стоковна размена на Република Македонија со странство, 2010. Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија. стр. 8. ISBN 978-608-227-079-1. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/7.4.12.02.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]