Пластични маси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пластичните маси се значајни производи на хемиската индустрија, а се добиваат од нафта, јаглен, шеќерна трска, кафе, соја и од други суровини. Во природата ги нема готови. Претворањето на пластични маси во готови производи се врши преку лиење, валање или влечење. Сите тие имаат голема примена благодарение на цврстината, малата тежина и големата отпорност.

Се употребуваат како замена за металите, кожата, дрвото, стаклото и други природни суровини. Најголеми производители на пластични маси се: САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Русија, Италија и Франција.