Управа за јавни приходи
Изглед
| Управа за јавни приходи | |
|---|---|
| Податоци за органот | |
| Основан | 1993 |
| Седиште | Скопје, Македонија |
| Вработени | 1,000[1] (2022) |
| Раководител | Елена Петрова (Директор) |
| Мрежно место | |
| ujp.gov.mk | |
Управата за јавни приходи или УЈП е државна установа во Македонија надлежна за прибирање на јавните приходи и за даночна контрола. Во надлежност на УЈП е и надзорот над примената на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
Организација
[уреди | уреди извор]Управата за јавни приходи функционира во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице. Таа дејствува прекуследниве организациски единици:[2]
- Генерална дирекција Скопје;
- Дирекција за големи даночни обврзници;
- Регионални дирекции (6) - сместени во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово;
- Даночни одделенија (17) - сместени во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар;
- Даночни шалтери (7) - сместени во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово;
- Мобилни даночни шалтери кои ги опслужуваат останатите општини каде не постои финансиско оправдување за нивно постојано лоцирање.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Архивирано од изворникот (PDF) на 2025-01-04. Посетено на 21 ноември 2024.
- ↑ Официјално мрежно место на УЈП (пристапено на 10.10.2017)