Судска власт

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Судство)
Федерален суд на Австралија

Судската власт е една од трите власти, заедно со законодавната и извршната. Неа ја вршат судовите.

Судската власт во Република Македонија[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија според Законот за судови од 1995, постојат 27 судови на прва инстанца, четири апелациони судови и Врховен Суд на Република Македонија. Покрај тоа, има и Уставен суд чии судии се избираат од страна на Собранието.

Судовите се автономни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Типовите на судови, нивните сфери на надлежност, нивното уредување, укинување, организација и состав, како и процедурата која ја следат се регулирани со закон, кој се усвојува со дво-третинско мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на Република Македонија.

Судиите имаат имунитет. Собранието одлучува за имунитетот на судиите. Извршувањето на судската функција не е компатибилно со извршување на други јавни функции, професии и членство во политичка партија. Политичко организирање и активност на судството е забрането.

Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во републиката и обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите.

Судскиот совет на Република Македонија[1] (претходно, Републичкиот судски совет) е органот кој ја контролира судската власт.