Трговски биланс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биланс на кумулативна тековна сметка 1980–2008 според податоците на ММФ.
Биланс на кумулативна тековна сметка по жител 1980–2008 според податоците на ММФ.

Трговски биланс (или нето извоз, често се пишува со симболот NX) — разликата меѓу монетарната вредност на извозот и увозот како аутпут во една економија за определен период. Тоа е врската меѓу извозот и увозот на една нација.[1] Позитивен биланс се вика трговски суфицит, доколку повеќе се извезува отколку увезува. Негативниот биланс се вика трговски дефицит или неформално трговска разлика. Билансот на трговијата често се дели на биланс на добра и услуги. Првичните разбирања за функционирање на билансот на трговијата ги информира економските политика на раната модерна Европа дека се групирана под називот меркантилизам. Една изјава беше цитирана од делото Дискурс за општата добросостојба на ова англиско кралство во 1549 година и која гласи: „Секогаш треба да бидеме внимателни да не купуваме повеќе од странците отколку што им продаваме, бидејќи на тој начин ние ќе се осиромашиме, а нив ќе ги збогатиме“. Слично на ова се направи и систематско и кохерентно објаснување за балансот на трговијата со изјавата на Томас Мун од 1630 година: „Богатството на Англија е од надворешната трговија, односно, балансот на нашата надворешна трговија ја претставува доминантноста на нашето богатство“.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Трговскиот биланс е значаен дел од тековната сметка, која вклучува други трансакции како доход од меѓународната инвестициска позиција како и меѓународната помош. Доколку трговскиот биланс е во суфицит, соодветствено се зголемува и меѓународната позиција на нето актива на државата. Следствено, дефицитот ја намалува меѓународната позиција според нето активата. Трговскиот биланс е еднаков со разликите меѓу аутпутот на државата и нејзината домашна побарувачка (разликата меѓу кои добра една држави ги произведува и колку добра купува од странство. Ова не ги вклучува парите кои се повторно потрошени за странски резервим ниту пак вклучува факторот во концептот за увоз на добра за производство на домашниот пазар). Мерењето на трговскиот биланс може да биде проблематично поради проблемите во поглед на собирањето на податоци. Како илустрација на овој проблем, кога ќе се соберат официјалните податоци на сите држави, извозот го надминува увозот за речиси 1 процент. Изгледа дека светот има позитивен трговски биланс со самиот. Ова не може да биде вистинито, бидејќи сите трансакции вклучуваат еднаков кредит и долг на сметката на секоја нација. Контрадикцијата се верува дека може да се објасни преку трансакции кои се наменети да перат пари или да затајуваат данок, да криумчарат или други видливи проблеми. Сепак, особено за развиените држави постои точност. Фактори кои можат да влијаат на трговскиот биланс се:

  • Цената за производство (земја, труд, капитал, даноци, субенвенции итн.) во извозните економии наспроти увозните економии;
  • Цената и достапноста на суровините, полупроизводи и другите инпути;
  • Промена на стапката на размена;
  • Мултилатерални, билатерални и унилатерални даноци или ограничувања на трговијата;
  • Неданочни бариери како здравствени, еколошки и безбедносни стандарди;
  • Достапноста на соодветна девиза со која може да се плати за увозот; и
  • Цената на добра произведени дома (под влијание на реакцијата на понудата)

Притоа, веројатно е трговскиот биланс да се разликува во различни деловни циклуси. Во економиите кои се водечки според растот на извозот (како нафтата и раните индустриски добра), билансот на трговијата ќе се подобри за време на економска експанзија. Сепак, со економиите кои имаат раст на побарувачката (како Соединетите Американски Држави и Австралија) трговскиот биланс ќе се влоши во истата фаза на деловниот циклус. Од средината на осумдесеттите години на 20 век, Соединетите Американски Држави имаат растечки дефицит во добрата кои се тргуваат, особено со земјите од Азија (Кина и Јапонија) кои сега поседуваат големи суми од долгот на Соединетите Американски Држави кој ја финансираше потрошувачката. Соединетите Американски Држави имаат трговски суфицит со нациите како Австралија. Проблемот за трговскиот дефиците може да биде сложен. Трговскиот дефицит кој се создава во добра произведени за трговија, како произведени добра или софтвер можат да влијаат на домашното вработување до различни степени отколку трговскиот дефицит во суровини. Економиите како Канада, Јапонија и Германија кои имаат суфицитни заштеди, вообичаено имаат трговски суфицити. Кина, економија со голем раст има тенденција да произведува трговски суфицит. Соодветствено, САД со пониската стапка на заштеди има тенденција на висок трговски дефицит, особено со замјите од Азија.

Погледи врз економското влијание[уреди | уреди извор]

Услови кога трговскиот небаланс може да биде проблематичен[уреди | уреди извор]

Оние кои го игнорираат ефектот на долгорочниот трговски дефицит можеби не ги мешаат принципите на Дејвид Рикардо за компаративни предности со принципите на Адам Смит за апсолутна предност, особено не сфаќајќи ги сериозно принципите на Адам Смит. Економистот Пол Крег Робертс вели дека принципите на компаративна предност претставено од Дејвид Рикардо не ги зема предвид факторите на производство кои се мобилни во меѓународни рамки. Глобална трудова арбитража е феномен објаснет од економистот Стефан С. Роач, каде една држава ја искористува евтината работна рака од друга е случај на апсолутна предност и која е заемно корисна. Од стагфлацијата од седумдесеттите години на 20 век, економијата на САД се одликува со побавен раст на БДП (Бруто-домашен производ). Во 1985 година, започна сè поголемиот трговски дефицит на САД со Кина. На подолг период, нациите кои имаат трговски суфицит имаат тенденција да имаат и суфицит на заштедите. Главно, САД имаат пониска стапка на заштеда за разлика од своите трговски партнери, кои имаат тенденција да имаат трговски суфицит. Германија, Франција, Јапонија и Канада ги одржаа на високо ниво стапките на штедење отколку САД на долгорочен период. Неколку економисти веруваат дека БДП и невработеноста можат да бидат повлечени од преголемиот дефицит на долгорочен период. Други веруваат дека трговските дефицити се добри за економијата. Опортунитетни трошоци (трошоците кои еден производител ги пресметува доколку се занимивал со друга активност, за периодот кога ја работел сегашната) за лишените даноци можат да имаат поголемо влијание за добивката која се добива, особено каде со вештачки врзувања на валутата и манипулации ја искривуваат трговијата. Главните сектори за работа кој произведуваат богатство во САД, како што се оние во производствениот и компјутерскиот софтвер често се менуваат со потрошувачки работи кои се плаќаат многу помалку како оние во продажбата на мало и владата во услужниот сектор кога економијата се опоравува од рецесии. Некои економисти тврдат дека САД позајмува средства за да ја финансира потрошувачката од увозот, истовремено акумулирајќи неодржливи суми на долг. Во 2006 година, најголемите економски грижи се фокусираа на: висок национален долг (9 трилиони долари), висок хипотекарен долг (9 трилиони долари), висок долг на финансиските институции (12 трилиони долари), висока задолженост за нефинансираната здравствена заштита за старите лица (30 трилиони долари), висока задолженост на нефинансираната социјална заштита (12 трилиони долари), висок надворешен долг ( суми која им се должи на надворешните позајмувачи) и сериозни влошувања на нето меѓународната инвестициска позиција (НИИП) на САД (-24 проценти од БДП), висок трговски дефицит и зголемување на нелегалната имиграција. Овие пробелми отворија загриженост меѓу економистите и нефинансираните задолжувања се сметаат за сериозен проблем со кои ги посочи претседателот на САД за време на обраќањето во 2006 за состојбата на државата (State of the Union address). На 26 јуни 2009 година, Џеф Имелт, генералниот извршен директор на Џенерал Електрик (General Electric), апелираше за зголемување на производствената основа на САД за 20 проценти од работтната сила, коментирајќи дека САД испраќа премногу надворешни соработници (врши екстернализација) во одредени области и веќе не може да се потпира на финансискиот сектор и трошењето на потрошувачите за да ја движат побарувачката.

Услови кога трговските небаланс може да не биде проблематичен[уреди | уреди извор]

Малите трговски дефиците, вообичаено, не се сметаат дека се штетни за извозните економии и за увозните економии. Сепак, кога националниот трговски дисбаланс ќе се прошири и зголеми (вообичаено се смета дека е неколку проценти од БДП, за период од неколку години), прилагодување треба да се случи. Додека неодржливиот дисбаланс може да опстојува подолги периоди ( како што се суфицитот на Сингапур и дефицитот на Нов Зеланд), искривувањето најверојатно се случило од големиот прилив на богатство, кој не може да се поднесе, од една економија во друга економија. Едноставно кажано, трговските дефиците се платени од резервите во девизи и можат така да продолжат сè додека резервите не се потрошат целосно. Кога ќе дојде до оваа точка, узовникот веќе нема да може да купува отколку што продова надвор од државата. Ова може да има последици на девизниот курс: големи загуби на вредноста на девизниот курс во дефицитарната економија со менување на релативната цена на тргуваните добра од економијата чија валута има суфицит, и олеснување на враќањето кон баланс или (поверојатно) префрлање на суфицитот кон друга насока. Уште посложено, една економија нема да може да извезува добра а да плати за увозот, но ќе биде во состојба да најде средства на друго место. На пример, извозот на услуги, се повеќе од доволни за да се плати недостатокот на извоз на домашни добро во Хонгконг. Во посиромашните држави, странска помош може да ја пополни празнината додека пак во економиите со забрзан раст суфицит на капитална сметка го надополнува дефицитот на тековната сметка. За крај, постојат одредени економии каде трансферот на државјани на работа во странство придонесува за плаќање на увозот. Филипините, Бангледеш и Мексико се примери за економии кои се богати со трансфер на работна сила.

Адам Смит за трговските дефицити[уреди | уреди извор]

,, Во преходниот дел од ова поглавје се обидов да покажам, дури и со принципите на комерцијалниот систем, колку е непотребно да се поставуваат вонредни ограничувања врз увозот на добра од оние држави со кои трговскиот биланс треба да биде во неповолна позиција. Меѓутоа, ништо не може да биде поапсурдно отколку оваа цела доктрина за трговски биланс, врз која, не само овие ограничувања но речиси сите други регулирања на трговијата се основани. Кога две економии тргуваат меѓусебе, според оваа [апсурдна] доктрина треба да, доколку трговскиот биланс е еднаков, ниедна од нив да добие или загуби. Меѓутоа, доколку се наклонува кон една страна, таа губи, а другата добива сè до опаѓањето до соодветната рамнотежа.’’ (Смит, книга 4, глава III, дел II)

Фредирик Бастијат за заблудата на трговскиот дефицит[уреди | уреди извор]

Економистот и филозофот од 19 век, Фредерик Бастијат, објасни дека трговските дефицити се всушност манифестација на профит, а не на загуба. Како пример, тој кажа дека доколку тој, Французин, извезува француско вино и увозува британски јаглен, и притоа заработува. Доколку тој се наоѓа во Франција и испрати едно буре со вино кои во Англија вреди 50 франци. Царинарницата ќе запише дека се направил извоз од 50 франци. Доколку во Англија, виното се продаде за 70 франци (или еквивалетно во фунта), која што подоцна тој ја искористил да купи јаглен, кој го увозува во Франција и во Франција вреди 90 франци. Притоа тој прави профит од 40 франци. Меѓутоа, царинирницата ќе забележи дека вредноста на увозот ја надминува онаа на извозот и дека е трговски дефицит според салдото на Франција. Треба да се забележи дека Бастијат доаѓа до овој заклучок благодарение на сметководствената грешка во царинарницата. Царинарницата ги вреднува увозот и извозот врз основа на вредноста на добрата во домашната земја, а не на вредноста кој се плаќа кога всушност се случува меѓународната трговија како што се прави кога се пресметува трговскиот биланс. Поправајќи ја грешката на сметководството се постигнува еден неутрален заклучок: дека Франција продава вино за 70 франци и купува јаглен за 70 франци, а профитот на Бастијат не доаѓа од Англија но од разменетите добра во Франција. Според reduction ad absurdum, Бастијат сметаше дека националниот трговски дефицит е индикатор на една успешна, а не на неуспешна, економија. Бастијат предвиде дека успешна, растечка економија ќе резултира во поголем трговски дефицит, а дека еден неуспешна економија, економија која се смалува ќе резултира во намален трговски дефицит. Подоцна, во 20 век, ова го потврди Милтон Фридман.

Џон Мејнард Кејнс за трговскиот биланс[уреди | уреди извор]

Во последните години од својот живот, Џон Мејнард Кејнс беше преокупиран со прашањата за балансот на меѓународната трговија. Тој беше водач на британската делегација за време на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите Нации во 1944 година која го воспостави системот Бретон Вудс за управување со меѓународна валута. Тој беше главниот автор на предлогот , т.н. планот на Кејнс, за меѓународна унија за одржување на трговски биланс (International Clearing Union). Двата владејачки принципи на планот беа дека проблемот за поставуавање на врховни баланси треба да се реши преку ,,печатење’’ на дополнителни ,,меѓународни пари’’ и дека должникот и доверителот треба да бидат третирани речиси како дистрибутери на рамнотежа. Меѓутоа, за време на конференцијата овој предлог беше одбиен, делумно бидејќи ,, американците не сакаа да го прифатат принципот на еднаков третман во односот меѓу должник и доверител.’’ Неговите погледи, поддржани од многу економисти и критизери од тој период, беа дека земјите-доверители можеби сè исто толку одговорни за земјите-должнички за неурамнотеженоста во размените и дека и двете треба да бидат обврзани да ја вратат трговијата во состојба на трговски биланс. Нивниот неуспех да го направат ова има сериозни последици. Според зборовите на Џефри Кроутер, уредник на Економист од тој период, ,, доколку економските врски меѓу нациите не се доведени до баланс, на еден или друг начин, тогаш не постои збир од финансиски договорања кои можат да го спасат светот од осиромашувачките резултати на хаосот.’’ Овие идеи беа претставени за настаните пред Големата депресија кога – според мислењето на Кејнс и другите – меѓународните позајмувања, првично од САД, го надминуваа капацитетот на здрави инвестиции и затоа беа пренасочени ког непродуктивна и шпекулативна употреба, кое како резултат на тоа предизвика првична и неочекуван прекин на процесот на позајмување. Под влијание на Кејнс, економските текстови непосредно по повоениот период особено го нагласија трговскиот биланс. На пример, второто издание на популарниот учебник за почетници, Краток преглед на парите, последните три од вкупно десетте глави му ги посвети на прашањата за управување со девизи, а особено на ,,проблемот со баланс’’. Сепак, во последните години, по крајот на системот на Бретон Вудс во 1971 година, кога зголеменото влијание на монетаристичките школи во осумдесеттите години на 20 век, а особено во поглед на големите долготрајни трговски дисбаланси, овие грижи, а особено грижите за дестабилизирачките ефекти на големите трговски суфицити, веќе не беа воопшто застапени во дискурсите на економските трендови, а со тоа и Кејнс не се наоѓаше во центарот на економските идеи. Одредено внимание повторно добиваат со почетокот на финансиската криза 2007-2010 година.

Милтон Фридман за трговскиот дефицит[уреди | уреди извор]

Во осумдесеттите години на 20 век, Милтон Фридман, добитникот на Нобелова награда за економија и таткото на монетаризмот, тврдеше дека одредени грижи за трговскиот дефицит се нефер критики во обид да им се даде внимание на макроекономските политики кон кои се настроени извозните индустрии. Професорот Фридман сметаше дека трговските дефицити не мора да се исто толку значајни како што зголемениот извоз ја зголемува вредноста на валутата, намалувајќи ги претходно споменатите извози, и обратно за увозот, а со тоа природно отстранувајќи го трговскиот дефицит, а не отстранување на дефицитот со инвестиции. Од 1971 година, кога администрацијат на Никсон одлучи да ги укине фиксните стапки на размена. Тековната сметка на САД насобра трговски дефицит од 7,75 трилиони долари од 2010 година. Овој дефицит постои бидејќи се совпаѓа со инвестициите кои доаѓаат во САД – според дефиницијата на биланс на состојба, секој трговски дефицит кој постои се совпаѓа со прилив на странски инвестиции. Синот на Милтон Фридман, Дејвид Д. Фридман, ги дели погледите на својот татко и ги цитира концептите на компаративна предност од Дејвид Рикардо. Во последните години од седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите од 20 век, Соединетите Американски Држави преживеа висока инфлација и позициите на фридмановата политика имаа тенденција да го бранат силниот долар, во тој период. Тој веруваше дека овој трговски дефицит не мора да значи дека е штетен за економијата, бидејќи секогаш валутата се враќа назад во земјата (земја А продава на земја Б, земја Б и продава на земја В, која купува од земја А, но трговскиот дефицит ги вклучува само земјите А и Б). Меѓутоа, може да биде во една или друга форма, вклучувајќи го можниот опуртинитетен трошок (се откажува од едно добро за стекнување на друго) на странската контрола на средства. Според него, ,,најлошото сценарио’’ за валутата е таа никогаш да не се врати во земјата на потекло е всушност најдобриот исход: државата всушност купува добра и ги разменува за одредена количина на евитна хартија. Како што вели Фридман, ова ќе биде ист резултат како и кога државата која извезува ги запали доларите што ги заработила, со тоа што никогаш нема да ги врати во циркулација. Оваа позиција е попрефинета верзија на теоремата првпат разработена од Дејвид Хјум. Хјум смета дека Англија не може постојано да има добивка од извозот, бидејќи златото кое се натрупува (односно валутата) би довело да има злато во големи количини во Англија, а според тоа би се зголемили цените на англиските добра, правејќи ги понеатрактивни за извоз, странските добра поатрактивни за увоз. На овој начин, би се нарушиле трговките биланси на една држава. Фридман верувал дека дефицитите ќе се корегираат од слободните пазари како што се зголемуваат или намалуваат стапките на лебдечките валути со текот на времето, или одвраќање на увозот во корист на извозот, повторно префрлајќи во корист на увозите како што валутата станува сè посилна. Во вистинскиот свет, потенцијална тешкотија е тоа што пазарите на валута сè далеку од слободни пазари, каде најголеми играчи се владата и централните банки, и ова тешко може да се смени во блиска иднина. Сепак, неодамнешните настани покажуваат дека глобалната економија доживува значајни промени. Подолг период, САД позајмуваа и купуваа додека пак, главно, остатокот од светот зајмуваше и продаваше. Меѓутоа, како што предвиде Фридман, оваа парадигма изгледа се менува. Од октомври 2007 година, амерканскиот долар ослабе во однос на еврото, британската фунта и многу други валути. На пример, во октомври 2007 годинаедно евро се купуваше за 1,42 американски долари, најсилно од неговото воведување во 1999 година. И покрај назадувањето, амеркинаските извозници имаат многу поволен прекуокеански пазари за нивните производи и потрошувачите од САД одговараат со намалување на купувањето за општите домаќински работи, што дополнително ја забавува нивната потрошувачка. Понатаму, Кина, Блискиот Исток, Средна Европа и Африка апсобираат сè повеќе од светскиот увоз, кој на крајот на мај во светска економија која е поеднакво балансирана. Сето ова може да се додаде за поголемо повторно прилагодување на американскиот трговски дефицит, која како процент од БДП, започна во 1991 година. Фридман тврдеше дека структурата на платниот биланс дава погрешни насоки. Во едно интервју со Чарли Роуз, тој изјави дек ,,во книгите’’ САД се нето позајмувач на средства, користејќи ги тие средства да платат за добра и услуги. Во суштина, тој тврдеше дека странските средства не се пренесени во книгите во нивната поголема, вистинска вредност. Фридман ја претстави својата анализа за трговскиот биланс во делото, Слобода на избор, кое го сметаат за негово најзначајно и најпопуларно дело.

Ворен Бафет за трговскиот дефицит[уреди | уреди извор]

Познатиот американски стопанственик и инвеститор, Ворен Бафет, беше цитиран во Асошиејтед пресс (Associated Press) од 20 јануари 2006 година кога вели: ,, Трговскиот дефицит на САД е поголема закана за домашната економија отколку за дефицитот на федералниот буџет или потрошувачкиот долг и може да доведе до политички немири... Сега, остатокот од светот должи 3 трилиони повеќе од нас, отколку што ние им должиме на нив.’’ Бафет предложи алатка наречена ,,сертификати за увоз’’ како решение на проблемот на САД и да обезбеди балансирана трговија.

Физички трговски биланс[уреди | уреди извор]

Монетарниот трговски биланс е различен од физичкиот трговски биланс (кој се изразува во суровини, исто така познат како целосна потрошувачка на материјали). Развиените земји, вообичаено, увозуваат многу суровини од земјите во развој по ниски цени. Често, овие материјали се претвораат во крајни производи, и значајна сума се додава на цената. Иако, на пример, ЕУ (како и многу други развиени држави) има балансиран монетарен трговски биланс, нејзиниот физички трговски биланс (особено со земјите во развој) е негативен, што значи дека многу помалку материјали се извезуваат отколку што се увозуваат. Затоа, активистите зборуваат за проблемите со еколошкиот долг кој имплицира одреден вид на граблив економски систем. Природата на статистиката за трговскиот биланс е таква што го прекрива искривениот материјален тек.

Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави[уреди | уреди извор]

Трговскиот биланс на Соединетите Американски Држави (од 1960 година) со неготивни бројки што означува трговски дефицит

Почнувајќи од шеесеттите години на 20 век САД имаат трговски дефицит. Нивниот трговски дефицит сè повеќе се зголемува од 1997 година (види табела) и се зголеми за 49,8 милијарди долари меѓу 2005 година и 2006 година, поставувајќи рекордно висок трговски дефицит од 817,3 милијарди долари во однос на претходната година кога изнесуваше 767,5 милијарди долари. Графиконот покажува дека, како што предвиде Фредерик Бастијат, дефицитот беше во застој за време на рецесијата и порасна за време на експанзијата. Исто така многу економисти го пресметаа трговскиот дефицит и/или дефицитот на тековната сметка како процент од БДП. За последен пат САД имаа трговски суфицит во 1975 година. Секоја година кога имаше поголемо намалување на економскиот раст, беше проследено со намалување на трговскиот дефицит на САД.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sullivan, Arthur; Steven M. Sheffrin (2003). Economics: Principles in action. Upper Saddle River, New Jersey: Pearson Prentice Hall. стр. 462. ISBN 0-13-063085-3.