Рецесија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во економијата, поимот рецесија е генерално забавување на економската активност во една земја за определен временски период, или намалување на деловниот циклус.[1][2] За време на рецесија многу макроекономски индикатори варираат на сличен начин. Продуктивноста мерена преку Бруто Домашниот Производ (БДП), вработувањата, инвестициите, искористувањата на капацитетите, приходите во домаќинствата и бизнис профитите се намалува за време на рецесија. Обично, владите преземаат активности против рецесијата преку усвојување на експанзивни макроекономски политики, како што се зголемување на парите во оптек, зголемување на владиното трошење и намалување на даноците.


Идентификување[уреди | уреди извор]

Во 1975 година во една статија издадена од Њујорк Тајмс, економскиот статистичар Јулиус Шискин (Julius Shiskin) навел неколку економски индикатори кои ја идентификуваат рецесијата, овие индикатори го вклучувале правилото на „ две последователни квартални опаѓања на БДП'.[3] Со текот на времето, другите правила биле главно заборавени и сега рецесијата е често дефинирана како период кога БДП на една земја опаѓа ( негативен реален економски раст) во најмалку два квартали.[4][5] Некои економисти сметаат дека е потребна поопширна дефиниција за рецесија, односно дека рецесија се случува кога невработеноста ќе се зголеми за 1.5% во период од 12 месеци.[6]

Во САД, Одборот за следење на бизнис циклусот кој е во рамките на Националното Биро за Економско Истражување (НБЕИ) се смета за служба која се занимава со следење на рецесијата во САД. НБЕИ ја дефинира економската рецесија како: значителен пад на економската активност во целата земја, кој трае повеќе месеци, особено видлив кај растот на реалниот БДП, реалниот личен приход, вработувањата (без фармерските платни списоци), индустриското производство и големо и малопродажбите.[7] Во голема мера, академиците,економистите, креаторите на политики и бизнис заедницата се потпираат врз тврдењата на НДЕИ за прецизно утврдување на почетокот и крајот на рецесијата.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Рецесијата има многу особини кои може да се појават истовремено и може да вклучуваат опаѓања во слични мерки на активност како што се вработувањата, инвестициите и профитите на корпорациите. Тешката ( БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува економска депресија, и покрај тоа што некои сметаат дека нивните причинители и мерки за закрепнување може да бидат различни.[6]

Индикатори на рецесијата[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што не постојат целосно доверливи предвидувачи на рецесија, сепак следниве се сметаат за можни.[8]

  • Во САД често пати пред почетокот на секоја рецесија претходеле значителни падови на берзанскиот пазар. Сепак, половина од падовите за 10 % или повеќе не биле проследени со рецесии.[9] Во околу 50 % од случаите, значителен пад на берзанскиот пазар се случил по почетокот на рецесијата.
  • Обратната крива на приходи [10] (* настанува кога приходите на долг рок паѓаат под приходите на краток рок), модел разработен од економистот Џонатан Х. Рајт (Jonathan H. Wright), ги користи приходите од 10 годишните и три месечните хартии од вредност на Државната благајна како и стапката на тековните неодамнешни фондови на Федералните резерви.[11] Друг модел, развиен од економистите од Банката на федералните резерви на Њујорк, го користи само 10 годишниот/три месечниот опсег.[12] Сепак, тој не е дефинитивен показател, и понекогаш по него следи рецесија.
  • Три месечната промена во стапката на невработеност и почетните изјави за невработеноста.[13]
  • Индексот на водечките (економски) индикатори (ги вклучува некои од горе наведените индикатори).[14]

Владини мерки[уреди | уреди извор]

Погледнете исто така кај: Политика за стабилизација

Повеќето традиционални економисти сметаат дека рецесиите се предизвикани од недоволна агрегатна побарувачка во економијата, и го фаворизираат користењето на експанзивната макроекономска политика за време на рецесија. Стратегиите кои се фаворизираат за закрепнување на економијата од рецесија, зависат од тоа на која економска школа и припаѓаат креаторите на политиките. Монетарците би ја фаворизирале примената на експанзивната економска политика, додека Кејнезианските економисти би се залагале за зголемено владино трошење со цел да се поттикне економскиот раст. Економистите кои се на страната на понудата, може да предложат намалување на даноците со цел да се промовира капиталното инвестирање во бизниси. Лесе фер ориентираните економисти (*Laissez-faire - е доктрина која тврди дека генерално владата не би требало да интервенира на пазарот) може едноставно да дадат препорака до Владата да не се меша во природните пазарни сили.

Берзанскиот пазар и рецесиите[уреди | уреди извор]

Кај некои рецесии се очекувало да дојде до берзански пад . Во книгата „Долгорочни акции “( Stocks for the Long Run ) , Сигел ( Siegel) пишува дека почнувајќи од 1948 година, на десет рецесии им претходел берзански пад, во период од 0 до 13 месеци ( просечно 5.7 месеци), додека десет берзански падови со повеќе од 10 % според ДЏИИ (Доу Џонс Индустриски Индекс) не биле проследени со рецесија[15].

Обично пред рецесија, слабее и пазарот на недвижнини[16] . Сепак, опаѓањето на недвижнините може да трае и подолго од рецесијата.

Поради тоа што е многу тешко да се предвиди бизнис циклусот, Сигел тврди дека не е можно да се искористат економските циклуси за временско определување на инвестициите. Дури и на Националното Биро за Економско Истражување (НБЕИ) му се потребни неколку месеци за да утврди дали дошло до пораст или до опаѓање во САД.[17]

За време на намалувањето на економската активност, високо доходовните акции (* се акции чиј дивиденден приход е поголем од кој било насочен просек на друга акција) како оние на брзо движечките потрошувачки добра ( * производи кои се распродаваат брзо по релативно ниски цени), фармацевтските производи и производите направени од тутун се држат подобро[18]. Сепак, кога економијата ќе почне да закрепнува и кога ќе го надмине дното на пазарот ( понекогаш обележувано на графиконите како МАЦД [19]) растечките акции побрзо закрепнуваат. Постои големо несогласување околу тоа како здравството и јавните претпријатија успеваат да закрепнат[20]. Распространувањето на портфолиото на меѓународните пазари може да обезбеди некаква сигурност, сепак економиите кои се тесно поврзани со американската економија можат исто така што бидат засегнати од рецесијата во САД.[21]

Постои гледиште кое е наречено правило на половина пат[22], врз основа на кое инвеститорите го намалуваат закрепнувањето на економијата за половина во време на рецесија. Просечното траење на 16 - те американски рецесии почнувајќи од 1919 година, било 13 месеци, и покрај тоа што неодамнешните рецесии биле пократки. Така, ако рецесијата од 2008 година го следи овој просек, падот на берзанските пазари би бил на најниско ниво околу ноември 2008 година.

Рецесијата и политиката[уреди | уреди извор]

Главно, администрацијата добива позитивни поени или обвинувања за економската состојба во време на рецесија.[23] Ова предизвикува несогласувања околу тоа кога всушност рецесијата почнала.[24] Во еден економски циклус, опаѓањето може да се смета за последица од експанзијата која достигнува неодржлива состојба, а се коригира преку кратко опаѓање. Така, не е лесно да се изолираат причините за специфичните фази на циклусот.

Рецесијата од 1981 година се смета дека е предизвикана од политиката на стегнати пари усвоена од Пол Вокер (Paul Volcker), управник на Одборот на Федералните резерви, пред Роналд Реган да стане претседател. Реган ја подржувал таа политика. Економистот, Волтер Хелер (Walter Heller), претседавач со Советот на Економски советници во 1960 - тите години ја нарече „ Реган- Вокер- Картерова рецесија“.[25] Сепак, резултатот од скротувањето на инфлацијата ја постави основата за интензивен пораст во периодот на Регановата администрација. Генерално, се претпоставува дека владината активност има влијание врз присуството или степенот на рецесија. Економистите обично тврдат дека до одреден степен рецесијата е неизбежна, и нејзините причинители не се многу разбирливи. Како резултат на ова, администрациите на актуелните влади се обидуваат да преземат чекори, кои исто така не се усогласени, за да ја ублажат рецесијата. Честопати тие обиди се неуспешни, барем што се однесува до спречување на рецесијата, и тешко е да се одреди дали тие всушност ја направиле помалку тешка или подолготрајна.

Историја на рецесиите[уреди | уреди извор]

Глобални рецесии[уреди | уреди извор]

Не постои општо прифатена дефиниција за глобална рецесија, според ММФ периодите кои се проследени со помалку од 3% глобален раст претставуваат глобални рецесии.[26] ММФ проценува дека глобалните рецесии се појавуваат во циклус кој трае од 8 до 10 години. За време на, она што ММФ го дефинира како минати три глобални рецесии во последните три децении , глобалниот раст на производство по глава на жител било нула или било негативно.[27] Економистите од Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) изјавуваат дека глобалната рецесија би го намалила глобалниот пораст за три или повеќе проценти. Според оваа мерка, се квалификуваат три периоди почнувајќи од 1985 година: 1990-1993 година, 1998година и 2001-2002 година.

Рецесии во Обединетото Кралство[уреди | уреди извор]

Главна статија: Листа на рецесии во Обединетото Кралство

Рецесии во Соединетите Американски Држави[уреди | уреди извор]

Главна статија: Листа на рецесии во Соединетите Американски Држави

Според економистите, почнувајќи од 1854 година, САД поминале низ 32 циклуси на експанзии и контракции, просечно 17 месеци на контракција и 38 месеци на експанзија.[7] Сепак, од 1980 година наваму имало само осум периоди на негативен економски раст во текот на еден или повеќе фискални квартали [28], и четири периоди се сметале за рецесии:

  • Јули 1981 година - ноември 1982 година: 14 месеци
  • Јули 1990 година - март 1991 година: 8 месеци
  • Март 2001 година - ноември 2001 година: 8 месеци
  • Декември 2007 - до денес : актуелна [29]

Што се однесува до минатите три рецесии, одлуката на НБЕИ приближно беше во согласност со дефиницијата, која вклучува два последователни квартали на опаѓање. Сепак, рецесијата од 2001 година не вклучуваше два последователни квартали на опаѓање, на неа и претходеа два квартали на наизменични падови и слаб раст.[28]

Актуелни рецесии во некои земји[уреди | уреди извор]

Подетални информации: Рецесијата од 2000 година

Официјалните економски податоци покажуваат дека значителен број на земји се во рецесија од почетокот на 2009 година. САД влезе во рецесија на крајот од 2007 година,[30] и во 2008 година многу други нации го проследија истиот тренд.


Соединетите Американски држави[уреди | уреди извор]

Корекцијата на американскиот пазар за недвижности ( како последица на американскиот станбен меур) и супрајмската хипотекарна криза значително придонесоа за рецесијата.

За прв пат во скоро 20 година приватната потрошувачка забележа пад за време на рецесијата од 2008/2009 година. Ова укажува на длабочината и сериозноста на актуелната рецесија. Поради малата доверба на потрошувачите ќе биде потребно подолго време за да дојде до закрепнување. Потрошувачите во САД се мошне погодени од актуелната рецесија, поради тоа што вредноста на нивните куќи постојано паѓа, а нивните пензиски заштеди на берзанскиот пазар се намалија за десет пати. Потрошувачите не се загрижени само затоа што нивните богатства се разјадени, туку сега тие стравуваат и за нивните работни места, со оглед на фактот дека невработеноста се зголемува. [31]

Американските работници изгубија 63 000 работни места во февруари 2008 година[32], ова е најголема бројка во последните пет години. На 6 април 2008 година, поранешниот претседател на Федералните резерви, Ален Гринспен (Alan Greenspan ) изјави: „ 50% е сигурно дека САД би можеле да влезат во рецесија.“[33]. На 1 октомври, Бирото за економска анализа објави дека вработеноста во септември се намалила за 156 000 работни места. Во април 2008 година, Модис ( Moody's - е холдинг компанија која прави финансиски истражувања и анализи за трговски и владини тела ) објави дека девет американски држави се во рецесија. Во ноември 2008 година, работодавците елиминираа 533 000 работни места, што е најголема месечна загуба за последните 34 години. [34] Проценето е дека во 2008 година се елиминирани 2.6 милиони американски работни места.[35]

Стапката на невработеност во САД во март 2009 година, порасна за 8.5%, а бројот на загубени работни места до март 2009 година изнесуваше 5.1 милион, поради тоа што рецесијата започна во декември 2007 година.[2] Во споредба со една година претходно ова е приближно 5 милиони повеќе невработени лица. [3] Ова е најголемиот годишен скок на бројот на невработени по 1940- тите години. [4].

И покрај тоа што економијата на САД во првиот квартал порасна за 1%, [36] [37] до јуни 2008 година, некои аналитичари изјавија дека поради долготрајната кредитна криза и „ незапирливата инфлација кај производите како што се нафтата, храната и челикот“ , земјата сепак е во рецесија.[38] Третиот квартал од 2008 година донесе намалување на БДП за 0,5 %,[39] што е најголемо опаѓање после 2001 година. Опаѓањето во третиот квартал за 6.4 % на потрошувачката на нетрајните производи, како што се облеката и храната, било најголемо после 1950 година. [40]

Извештајот од 17 ноември, 2008 година, подготвен од Банката на федерални резерви на Филаделфија , врз основа на испитувањето направено од 51 прогнозер, наведува дека рецесијата започнала во април 2008 година и ќе трае 14 месеци [41]. Тие предвиделе опаѓање на реалниот БДП на годишно ниво за 2.9% во четвртиот квартал и 1.1 % во првиот квартал од 2009 година. Овие прогнози претставуваат значајни ревизии на опаѓање за разлика од прогнозите направени три месеци претходно.

Извештајот од 1 декември 2008 година, подготвен од Националното Биро за Економско истражување соопштуваше дека САД се во рецесија уште од декември 2007 година ( кога економската активност била на врвот), врз основа на бројни мерки кои ги вклучуваат загубите на работните места, намалувањата на личните примања и опаѓањето на реалниот БДП. [42]

Други земји[уреди | уреди извор]

Овој дел не цитира никакви референции или извори. Ве молиме помогнете да се подобри оваа статија преку додавање на цитати од доверливи извори. Непроверениот материјал може да биде отфрлен или отстранет. ( февруари 2008 година) Неколку други земји се соочија со опаѓање на стапката на раст на БДП, генерално тоа се должи на намалената ликвидност, инфлација на цените на храната и енергијата, и забавувањето на американската економија. Овде влегуваат: Обединетото Кралство, Ирска, Канада, Јапонија, Австралија, Кина, Индија, Нов Зеланд и многу други земји во рамките на ЕЕП (Европски Економски Простор). Во некои земји, рецесијата веќе е потврдена од експертите, додека другите сè уште чекаат податоците за растот на БДП во четвртиот квартал да покажат два последователни квартали на негативен раст. Индија и Кина поминуваат низ економско забавување, но не и низ рецесија.

Погледнете кај[уреди | уреди извор]

  • Економска депресија
  • Економска стагнација
  • Големата депресија - од август 1929 година до септември 1939 година: најдолгата и (најдлабока) рецесија на 20 - от век
  • Листа на рецесии во САД - Листа на значајни рецесии во САД
  • Рецесијата од 2000 година
  • Стагфлација

Причини за рецесија[уреди | уреди извор]

  • Криза на валутите
  • Енергетска криза
  • Војна
  • Ниско ниво на потрошувачка
  • Преголемо производство
  • Финансиска криза

Последици од рецесиите[уреди | уреди извор]

  • Банкротирања
  • Кредитен теснец
  • Дефлација (или дисинфлација)
  • Отпуштања
  • Невработеност

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Recession“. Merriam-Webster Online Dictionary. http://www.merriam-webster.com/dictionary/recession. конс. 19 ноември 2008 г. 
  2. „Recession definition“. Encarta® World English Dictionary [North American Edition]. Microsoft Corporation. 2007. http://encarta.msn.com/encnet/features/dictionary/DictionaryResults.aspx?refid=1861699686. конс. 19 ноември 2008 г. 
  3. The risk of redefining recession, Lakshman Achuthan and Anirvan Banerji, Economic Cycle Research Institute, 7 мај, 2008
  4. „Financial Check Glossary“. Bloomberg.com. 2000. http://www.bloomberg.com/invest//glossary/bfglosr.htm. конс. 19 ноември 2008 г. 
  5. „Recession definition“. BusinessDictionary.com. 2007-2008. http://www.businessdictionary.com/definition/recession.html. конс. 19 ноември 2008 г. 
  6. 6,0 6,1 http://clubtroppo.com.au/2008/11/23/what-is-the-difference-between-a-recession-and-a-depression/ "What is the difference between a recession and a depression?" Saul Eslake Nov 2008
  7. 7,0 7,1 „Business Cycle Expansions and Contractions“. National Bureau of Economic Research. http://www.nber.org/cycles.html. конс. 19 ноември 2008 г. 
  8. A Estrella, FS Mishkin. „Predicting U.S. Recessions: Financial Variables as Leading Indicators“. MIT Press. http://www.mitpressjournals.org/doi/pdfplus/10.1162/003465398557320?cookieSet=1. 
  9. Jeremy Siegel, Stocks for the Long Run
  10. Grading Bonds on Inverted Curve By Michael Hudson
  11. Wright, Jonathan H., The Yield Curve and Predicting Recessions (March 2006). FEDs Working Paper No. 2006-7.
  12. Signal or Noise? Implications of the Term Premium for Recession Forecasting
  13. Labor Model Predicts Lower Recession Odds
  14. Leading Economic Indicators Suggest U.S. In Recession 21 јануари, 2008
  15. Siegel, Jeremy J. (2002). Stocks for the Long Run: The Definitive Guide to Financial Market Returns and Long-Term Investment Strategies, 3rd, New York: McGraw-Hill, 388. ISBN 978-0-07-137048-6
  16. Housing Has A Strong Correlation To Stocks Chris Ciovacco, 19 септември, 2006
  17. Recession Predictions and Investment Decisions by Allan Sloan, 11 декември, 2007
  18. Recession? Where to put your money now. Shawn Tully, February 6 2008
  19. crossover
  20. Rethinking Recession-Proof Stocks Joshua Lipton 01.28.08
  21. Recession Stock PicksDouglas Cohen, 18 јануари, 2008
  22. http://online.wsj.com/article/SB122635740974515379.html NOVEMBER 11, 2008 Recession Puts Halfway Rule to the Test, By DAVID GAFFEN
  23. Economy puts Republicans at risk 29 јануари 2008
  24. The Bush Recession Prepared by: Democrat staff, Senate Budget Committee,31 јули, 2003
  25. Ready for a Real Downer Monday, Nov. 23, 1981 By GEORGE J. CHURCH
  26. The Recession that Almost Was. Kenneth Rogoff, International Monetary Fund, Financial Times, 5 април, 2002
  27. Global Recession Risk Grows as U.S. `Damage' Spreads
  28. 28,0 28,1 http://www.bea.gov/national/xls/gdpchg.xls
  29. It's official: Recession since Dec. '07
  30. „Determination of the December 2007 Peak in Economic Activity.“. NBER Business Cycle Dating Committee. 11 декември 2008. http://www.nber.org/cycles/dec2008.pdf. конс. 26 април 2009 г. 
  31. Economic Crisis: When will it End? IBISWorld Recession Briefing " Dr. Richard J. Buczynski and Michael Bright, IBISWorld, January 2009
  32. [1]Job Loss Predictions
  33. Recession unlikely if US economy gets through next two crucial months
  34. http://www.nytimes.com/2008/12/06/business/economy/06jobs.html
  35. http://www.statesmanjournal.com/article/20090110/NEWS/901100332
  36. Real GDP First-Quarter 2008 Preliminary Estimate :: Brent Meyer :: Economic Trends :: 06.03.08 :: Federal Reserve Bank of Cleveland
  37. Fragile economy improves but not out of woods yet: Financial News - Yahoo! Finance
  38. Why it's worse than you think, 16 June 2008, Newsweek.
  39. GROSS DOMESTIC PRODUCT: THIRD QUARTER 2008
  40. U.S. Economy Contracts Most Since the 2001 Recession
  41. http://www.philadelphiafed.org/research-and-data/real-time-center/survey-of-professional-forecasters/2008/survq408.cfm?loc=interstitialskip Fourth Quarter 2008 Survey of Professional Forecasters Release Date: 17 ноември, 2008
  42. http://www.usatoday.com/money/economy/2008-12-01-recession-nber-statement_N.htm Text of the NBER's statement on the recession

Надворешни врски[уреди | уреди извор]