Образец
Образец или формулар — документ со празни места за пополнување или одбирање, за низа документи со слична содржина. Овие документи имаат исти печатени делови, освен серискиот број. Предностите на обрасците се:
- помалку пишување (додека печатењето се врши на некој автоматски начин)
- служи и како информатор и потесетник за бараните податоци и документи
- еднообразност (униформност), за полесна обработка
Дигитралните обрасци кои се пополнуваат на компјутер се згодни заради непосредното пополнување на разните делови (влезните податоци).
Пополнет образец може да биде извештај, барање или налог итн. Така, чекот е вид на образец. Постојат и обрасци за даноци кои законски мораат да се пополнат за да се утврди колку ѝ се должи на државата, или пак колку државата треба да врати.
Обрасците можат да се пополнуваат во дупликат (или трипликат) кога бараните податоци треба да се достават до повеќе одделенија во рамките на таа организација. Ова најчсто се прави со карбонска хартија (индиго).
Обрасците имаат долга историја. Историчарите на правото имаат отриено претпечатени правни обрасци од раниот XIX век кои мошне го упростувале процесот на поднесување жалби и разни други правни молби. Во некои јурисдикции како Калифорнија, жалбите мораат да се поднесат на официјални државни обрасци.
Празните обрасци не подлежат на авторски права.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ексима - Различни обрасци Архивирано на 11 мај 2008 г. (македонски)
- uslugi.com.mk - Најразлични обрасци од министерствата на Владата на Република Македонија Архивирано на 25 декември 2018 г. (македонски)