Унгарски форинт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Унгарски форинт
Magyar forint (унгарски)
5000 HUF 2017 ob.jpg Forints.jpg
Банкнота од 5000 унгарски форинтиБанкноти и монети од форинти
ISO 4217
Код HUF
Број 384
Показател 2
Составници
Подединица
 1/100 филер
(укината)
Множина Јазико на кој припаѓа единицата нема граматички број.
Демографија

Форинт (ознака: Ft; код: HUF) — валута на Унгарија. На почетокот била поделена на 100 филери, но филерите (fillér) како монети повеќе не се во употреба. Воведувањето на форинтот на 1 август 1946 година бил клучен чекор во стабилизацијата на унгарската економија по Втората светска војна и валутата останала релативно стабилна се до 1980-тите години. Преминувањето кон пазарна економија на почетокот од 1990-тите неповолно влијаело врз вредноста на форинтот; инфлацијата се искачила до 35% во 1991 година. Од 2001 година, инфлацијата е во едноцифрена вредност и форинтот се смета како целосто конвертибилен конвертибилен.[1] Како член на Европска Унија, долготрајна цел на владата на Унгарија е замена на форинтот со евро, но тоа веројатно нема да се случи до 2020-тите.[2][3][4]

Историја[уреди | уреди извор]

Форинт од Луј Први од Унгарија (1342–1382)

Името на форинтот потекнува од градот Фиренца, каде што биле ковани златници од 1252 година и биле наречени fiorino d'oro. Во Унгарија, флорентин (florentinus) (подоцна форинт (forint)), исто така монети создадени од злато, биле употребувани од 1325 година од Charles Robert и неколку други земји го следеле нивниот пример.[се бара извор]

Меѓу 1868 и 1892 година форинт било име употребувано во Унгарски за парите од Австро-Унгарската Империја, познат на германски како гулден од флорин. Тој бил поделен на 100 krajczár (крајцери (krajcár) на модерен унгарски orthography).[5]

Форинтот бил повторно вратен во употреба на 1 август 1946 година, кога пенго речиси целосно ја загубил вредноста од огромната хиперинфлација во 1945–46 година: највисока било кога забележана. Процесон бил спроведен од Унгарската Комунистичка Партија, која ги имала владеачките места во владата. Успехот на форинтот бил употребуван за политички придобивки, и придонел кон превземање на целата власт од страна на Комунистите во 1948–49 година. Форинтот го заменил пенго (pengő) со курс од 1 форинт (forint) = 4×1029 пенго (pengő) — со кратење на 29 нули од старата валута. Всушност, ова била имагинарна стапка на замена. Со најголемата банкнота од 100 милиони B. pengő (1020 pengő), вкупната количина на пенго (pengő) во оптек имала вредност од помалку од 0.1 филер (fillér). (The "B" stood for an old-style "billion", i.e. a million million.) Од поголема важност била стапката на замена на адопенго (adópengő) од 1 форинт = 200 милиони адопенго (adópengő).[се бара извор]

Во минатото форинтот бил поделен на 100 филери (fillér) (во споредбена вредност како пени), иако монетите на филерите биле сметани за безвредни заради инфлацијата и не се во оптек од 1999 година. (Од 2000 година, еден форинт имал вредност од околу половина САД цент или нешто помалку.) Унгарска кратенка за форинт е Ft, која се пишува по бројот со празно место меѓу нив. Името филер, помалиот дел на сите унгарски валути од 1925 година, потекнува од германски збор Heller. Кратенката за филер била f, исто така пишувана по бројот со празно место меѓу нив.[се бара извор]

Во 1946 година, САД доларот имал вредност од 11.7 форинти.

По неговото воведување во 1946 година, форинтот останал стабилен во тек на следните две децении, но почнал да ја губи својата платежна моќ како што социјалистичкиот економски систем на државата (Планска економија) ја загубил својата компетитивност за време на 1970-тите и 1980-тите. По демократската промена во 1989–90 година, форинтот забележал годишна инфлација од околу 35% во тек на следните три години, но големи реформи на економијата помогнале тој да биде стабилизиран.

Монети[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Coins of the Hungarian forint.

Во 1946 година, монетите биле воведени во употреба во деноминации од 2, 10, 20 филери (fillér) и 1, 2, 5 форинти (forint). Сребрена монета од 5 форинти биле повторно издадена само следната година, подоцна таа била повлечена од оптек. Монети од 5 и 50 филери биле издадени во 1948 година. Во 1967 година, монета од 5 форинти повторно била пуштена во оптек, следено од монета од 10 форинти во 1971 година и 20 форинти во 1982 година.

Во 1992 година, нови серии на монети биле пуштени во оптек во деноминации од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100 и (нешто различна, 500 silver) монета од 200 форинти. Производството на монети од 2 и 5 филери било сопрено во 1992 година, со повлекување од оптек на сите монети од филери во 1999 година. Од 1996 година, биколор монета од 100 форинти била кована како замена за верзијата од 1992 година, бидејќи последната била сметана за премногу голема и грда, и лесно можела да биде измешана со монетата од 20 форинти.

Сребрената монета од 200 форинти била повлечена во 1998 година (бидејќи нејзината номинална вредност била премногу ниска во споредба со нејзината претходна метална замена); монетите од 1 и 2 форинти останале во оптек се до 29 февруари 2008 година.[6] За платежни цели, вкупната цена сега се заокружува до најблиската вредност од 5 форинти (на 0 или на 5).[7] Новата монета од 200 форинти[8] направена од основна метална легура tбила пувтена во оптек како банкнота од 200 форинти на 15 јуни 2009 година.

Банкноти[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Banknotes of the Hungarian forint.

Во 1946 година, банкноти од 10 и 100 форинти биле воведени во употреба од Magyar Nemzeti Bank (Народна Банка на Унгарија). Нови серии на банкноти со повисок квалитет (во деноминации од 10-, 20 и 100 форинти) биле пуштени во употреба во 1947 и 1948 година. Банкноти од 50 форинти биле додадени во 1953 година, банкноти од 500 форинти во 1970 година, следени од 1000 форинти во 1983 година, и 5000 форинти во 1991 година.

Целосно редизајнирани нови серии на банкноти во деноминации од 200-, 500-, 1000-, 2000-, 5000-, 10,000 и 20,000 форинти биле пуштени постепено во периодот меѓу 1997 и 2001 година. Секоја банкнота прикажува познат унгарски водач или политичар на аверсот и место или настан поврзан со него на реверсот. Сите банкноти се со воден печат, содржат вградена вертикална безбедносна лента и се соодветни за лица со нарушен вид. Деноминациите од 1000 форинти и повеќе се заштитени со испреплетена холографска безбедносна лента. Банкнотите имаат идентична големина од 154 × 70 mm. Банкнотите се печатени од Корпорацијата за печатење на банкноти на Унгарија (the Hungarian Banknote Printing Corp.) во Будимпешта на хартија произведена од Diósgyőr Papermill во Мишколц (Miskolc).

Неодамна исто така се издадени и комеморативни банкноти: банкноти од 1000 и 2000 форинти за обележување на милениумот (во 2000 година) и банкнота од 500 форинти за обележување на 50-годишницата од револуцијата од 1956 година (во 2006 година).

Фалсификување на банкнотите од форинтите не е забележано во значајни размери. Сепак, фалсификувани банкноти од 20,000 форинти печатени на хартија од банкноти од 2000 форинти по растворувањето на оригиналното мастило може да се појави и тие тешко можат да бидат препознаени. Друга деноминација преферирана од фалсификаторите е банкнотата од 1000 форинти се до додавањето на дополнителни безбедносни мерки во 2006 година.

Банкнотите кои претходно биле во оптек се повлечени и рециклирани како материјали за производство на брикети.

Листа на банкноти кои се валидни во моментот[уреди | уреди извор]

Сите банкноти се со големина од 154 × 70 mm.

Current series
Вредност Image Основна боја Опис Прва издадена серија Последна издадена серија
Аверс Реверс Аверс Реверс
500 Ft 500 forint elolap.png 500 forint hatlap.png Розева Принц благородник Франц Втори Ракочи (Francis II Rákóczi) Замок Шароспатак (Sárospatak) 2018 2018
1000 Ft HUF 1000 2018 obverse.png HUF 1000 2018 reverse.png Сина Крал Матиас Корвинус (Matthias Corvinus) Фонтана на Херкул од замокот Вишеград (Visegrád) 2017 2017
2000 Ft 2000 HUF 2017 ob.jpg 2000 HUF 2017 rev.jpg Кафена Принц благородник Габриел Бетлен (Gabriel Bethlen) Слика на Виктор Мадараш (Viktor Madarász) "Габор Бетлен (Gábor Bethlen) меѓу своите научници" 2016 2016
5000 Ft 5000 HUF 2017 ob.jpg 5000 HUF 2017 rev.jpg Жолта Grof Иштван Шечењи (István Széchenyi) Дворец Шечењи (Széchenyi Mansion) во Наѓиценк (Nagycenk) 2016 2016
10,000 Ft 10000 HUF 2014 ob.jpg 10000 HUF 2014 rev.jpg Виолетова и портокалова Крал Стефан Први Поглед врз Ештергом (Esztergom) 2014 2014
20,000 Ft 20000 HUF 2015 ob.png 20000 HUF 2015 rev.png Зелена и портокалова Ференц Дак (Ferenc Deák) Стара куќа на Пратениците (Representatives) во Пешта (Pest) 2015 2015

Моментални девизни курсеви[уреди | уреди извор]

Тековен девизен курс на HUF
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD

Историско движење[уреди | уреди извор]

Најтргувани валути (од 31 декември 1990 г.):

Година САД USD Европска Унија EUR Германија DEM Обединето Кралство GBP Швајцарија CHF Јапонија JPY
1990 61,45 40,47 116,58 47,41 0,4524
1991 75,62 49,83 141,48 55,85 0,6035
1992 83,97 51,96 127,03 57,61 0,6732
1993 100,70 58,06 148,90 68,11 0,9022
1994 110,69 71,47 173,11 84,46 1,1105
1995 139,47 97,38 215,40 121,19 1,3539
1996 164,93 106,17 280,30 122,22 1,4174
1997 203,50 113,59 337,22 139,82 1,5650
1998 219,03 130,65 362,30 158,94 1,9242
1999 252,52 254,92 130,34 408,30 158,85 2,4706
2000 284,73 264,94 135,46 425,47 173,92 2,4770
2001 279,03 246,33 125,95 404,15 166,23 2,1251
2002 225,16 235,90 362,67 162,37 1,8966
2003 207,92 262,23 370,66 168,30 1,9443
2004 180,29 245,93 347,83 159,34 1,7584
2005 213,58 252,73 368,40 162,33 1,8200
2006 191,62 252,30 375,77 156,99 1,6111
2007 172,61 253,35 344,84 152,42 1,5244
2008 187,91 264,78 272,36 177,78 2,0823
2009 188,07 270,84 303,17 182,34 2,0363
2010 208,65 278,75 323,37 222,68 2,5652
2011 240,68 311,13 371,15 255,91 3,1051
2012 220,93 291,29 355,39 241,06 2,5696
2013 215,67 296,91 356,76 242,14 2,0542
2014 259,13 314,89 403,75 261,85 2,1686
2015 286,63 313,12 424,96 289,38 2,3812
2016 293,69 311,02 361,62 289,41 2,5134
2017 258,82 310,14 349,48 265,24 2,2984

Извори: arfolyam.iridium.hu

Валути на соседните држави (од 31 декември 2010 г.):

Year Полска PLN Чешка CZK Романија RON Србија RSD Русија RUB Турција TRY
2010 70,40 11,12 65,07 2,62 6,83 135,33
2011 70.51 12.05 72.07 2.96 7.47 125.57
2012 71.50 11.62 65.71 2.56 7.26 123.29
2013 71.60 10.84 66.29 2.59 6.55 101.10
2014 73.88 11.35 70.23 2.60 4.45 111.36
2015 73.46 11.58 69.22 2.58 3.88 97.86
2016 70.29 11.51 68.53 2.52 4.78 83.29
2017 74.35 12.13 66.57 2.62 4.49 68.68

Sources: arfolyam.iridium.hu

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BBC News Унгарија ги укинала последните ограничувања во однос на валутата на 18 јуни 2001 година.
  2. „Hungary's New Notes Speak of Late Conversion to Euro“. The Wall Street Journal. 1 септември 2014. https://blogs.wsj.com/emergingeurope/2014/09/01/hungarys-new-notes-speak-of-late-conversion-to-euro/. посет. 24 мај 2015 г. 
  3. „HUNGARY'S ECONOMY MINISTER SEES POSSIBILITY FOR ADOPTING EURO BY 2020 – UPDATE“. Daily News Hungary. 3 јуни 2015. http://dailynewshungary.com/hungarys-economy-minister-sees-possibility-for-adopting-euro-by-2020/. 
  4. „Hungary mulls euro adoption by 2020“. BR-epaper. 19 јули 2016. http://epaper.brecorder.com/2016/07/27/7-page/779083-news.html. 
  5. „A stable currency in search of a stable Empire? The Austro-Hungarian experience of monetary union“. History & Policy. 19 април 2017. http://www.historyandpolicy.org/policy-papers/papers/a-stable-currency-in-search-of-a-stable-empire-the-austro-hungarian-experie. 
  6. [1] 1 and 2 forint coins were withdrawn from use from 1 March 2008.
  7. [2] The sum of total purchases is rounded
  8. [3] The new 200 forint coin

Литература[уреди | уреди извор]

  • Gyula Rádóczy; Géza Tasnádi (1992). Magyar papírpénzek 1848–1992 (Hungarian paper money 1848–1992). Danubius Kódex Kiadói Kft. ISBN 963-7434-11-9. 
  • Károly Leányfalusi; Ádám Nagy (1998). Magyarország fém- és papírpénzei 1926–1998 (Coins and paper money of Hungary 1926–1998). Magyar Éremgyűjtők Egyesülete, Budapest. ISBN 963-03-6023-3. 
  • Károly Léányfalusi; Ádám Nagy (2006). Magyarország fém- és papírpénzei 1946–2006 (Coins and paper money of Hungary 1964–2006). Magyar Éremgyűjtők Egyesülete, Budapest. ISBN 978-963-7122-16-3. 
  • Mihály Kupa id. dr. (1993). Corpus notarum pecuniariarum Hungariae I-II. (Magyar Egyetemes Pénzjegytár) (General Hungarian Banknote Catalog). Informatika Történeti Múzeum Alapítvány, Budapest. ISBN 963-04-3658-2. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник:
Hungarian pengő
Причина: inflation
Сооднос: 1 forint = 4×1029 pengő
Валута на Унгарија
1 August 1946 –
Заедно со: adópengő until 30 September 1946
Следбеник:
Моментална
Претходник:
Hungarian adópengő
Причина: inflation
Сооднос: 1 forint = 2×108 adópengő