Јапонски јен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јапонски јен
Mонети od сите 6 деноминации
Mонети od сите 6 деноминации
ISO 4217 код JPY (¥)
Корисник Flag of Japan.svg Јапонија
Инфлација 0.0% Feb. 2011
Извор The Statistics Bureau and the Director-General for Policy Planning, 2010 Feb. est.
Подвалута
1/100 sen
1/1000 rin
Монети ¥1, ¥5, ¥10, ¥50, ¥100, ¥500
Банкноти ¥1000, ¥2000, ¥5000, ¥10000
Централна банка Bank of Japan
Мреж. место www.boj.or.jp
Печати National Printing Bureau
Мреж. место www.npb.go.jp
Ковница Japan Mint
Мреж. место www.mint.go.jp

Јен (ISO 4217: JPY, нумерички код: 392) е валута што се користи во Јапонија. Таа е широко распространета како резервна валута, слично на доларот и еврото. На јапонски се изговара како „ен“. Латиничниот симбол за јенот е ¥, додека на јапонски се означува со писмото канџи 円.

Банкнота од 1000 јени со портретот на Нацуме Сосеки. Новите банкноти на јенот во промет се ставени на 1 ноември 2004 година

Историја[уреди]

Јенот како платежно средство е воведен во периодот Мејџи[1]. Тој го заменил комплексниот монетарен систем од Едо периодот базиран на јапонскиот мон. Во 1871 год. било прифатен децималнен систем на пресметување на јенот (1, 圓), шенот (1/100, 錢), и ринот (1/1000, 厘) со монети што биле тркалезни како оние на запад. (“Шен“ и “рин“ се исфрлени од употреба во 1954 година). Јенот официјално е дефиниран како 26.956 грама сребро.

Монета од 10 јени (задна страна)

Во периодот од 25 април 1949 до 1971 година јенот бил врзан за американскиот долар, со курс 1 долар = 360 јени. Во 1971 година дошло до паѓање на системот Бретон Вуд и јенот добил пазарен курс.

Означување[уреди]

Оргиналната ознака за јенот е иста како и ознаката на кинескиот јуан (圓 пинјин yuan 2). Во модерниот јапонски јазик се употребува ознаката (円). Латиничната ознака за јенот е иста како и ознаката за јуанот, со таа разлика што на ознаката за јуан се наоѓа една попречна црта, а на ознаката за јен има две.

Во буквален превод “јен“ значи „тркалезен предмет“, како и “јуан“ на кинески.

Монети и банкноти[уреди]

Во моментот во оптек се следните монети и банкноти: монети од 1 јен, 5 јени, 10 јени, 50 јени, 100 јени, 500 јени и хартиени пари од 1000 јени, 2000 јени, 5000 јени, 10000 јени. Монетата од 500 јени е монета со најголема вредност во светот.

Курс на јенот од 1949 година до денес[уреди]

Табелаtа го прикажува односот на јенот и американскиот долар.

година месец
јан фев мар апр мај јун јул авг сеп окт ное дек
1949 до 1971 360
1985 216
1986 154
1987 147
1988 132
1989 140
1990 137
1991 129
1992 120
1993 106
1994 100
1995 100
1996 112
2003 118 119 120 117 110 109 107
2004 107 106 109 104 110 110 109 111 109

Наводи[уреди]

  1. History of Japanese Currency, Currency Museum, Bank of Japan