Кале (Равен)
Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Равен. Претставува утврдена населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна некропола. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, на висок рид со зарамнето плато, каде се гледаат ѕидови од бедемот на тврдината, градени од кршен камен и варов малтер, дебели и до 2 м. Надворешниот појас на тврдината е исто така граден од кршен камен и варов малтер, а дебелината на овие ѕидови е до 0,60 м. Во подножјето на тврдината, спрема Јеловичка Река се откриени траги од населба -градби изведувани од кршен камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси. Најдени се и повеќе монети од Валентијан и Јустинијан. Северозападно од тврдината се откриени остатоци -гробови од доцноантичка некропола, а над неа, во горните слоеви, има гробови од словенска некропола кои се градени од камени плочи -тип циста.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Равен
- Археолошки наоѓалишта во Општина Гостивар
- Археолошки наоѓалишта во Гостиварско
- Културно наследство на Македонија во Општина Гостивар