Саат-кула (Струга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саат кула
Изглед на кулата пред рушењето
Карта
Општи податоци
ГрадСтруга
ЗемјаМакедонија Македонија
Урната1944

Саат-куласаат-кула во Струга. Таа се наоѓала кај сегашната пошта. Била во скромни димензии: 4 х 4 м. висока (со чатија) 6 м. Од четирите страни имала полукружни прозори. И влезната врата била исто така полукружна. Ќошовите на ѕидовите биле од делкан бигор.

Саат кулата во Струга се наоѓала покрај Мустафа Челеби џамијата на десниот брег од реката Дрим. Имала рустичен изглед поради дрвената конструкција од хоризонтално поставени балвани над камениот долен дел од градбата. Не е познато кога е изградена, била урната во зимата на 1944/45 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.