Саат-кула (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Саат-кула
Саат-кула во Скопје.jpg
Поглед на Саат-кулата во Скопје
Саат-кула (Скопје) се наоѓа во Општина Центар
Местоположба во рамките на Скопје
Општи податоци
Место Стара Скопска Чаршија
Град Скопје
Земја Македонија
Координати 42°00′07″ СГШ 21°26′28″ ИГД / 
Почната 1566
Завршена 1572

Саат-кулата во Скопје е шестокатна саат-кула, која се наоѓа северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија. Подигната е во периодот од 1566 до 1572 година. Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава.[1] Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на Турците. Изградена е на темелите на порана средновековна одбранбена кула. Некогаш била дрвена, но подоцна била преградена со тули.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според сознанијата, кулата била изградена во периодот од 1566 до 1572 година, а часовникот бил донесен од освоениот унгарски град Сигет. Нејзиниот долен ѕидан дел, всушност, е остаток од една од четирите кули во составот на бедемите кои го заштитувале манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“. Во палежот на градот и големиот пожар од 1689 година, кулата претрпела голема штета, но сепак останала во првобитниот облик сè до 1904 година, кога по наредба на валијата Хафиз-паша била преуредена и го добила денешниот облик. За време на земјотресот во 1963 г., на саат-кулата ѝ биле нанесени големи штети и притоа бил изгубен часовниот механизам. Подоцна, градбата на саат-кулата била обновена, но без нејзиниот часовен механизам.[1] Новите часовници на кулата биле додадени на 26 мај 2008 година, во рамките на проектот на Општина Чаир за нејзина реконструкција.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

За изгледот и намената на кулата, најмногу сведочат записите на познатите патеписци. Така, францускиот патеписец Филип Дифрен-Кане забележал дека:

„во Скопје има часовник што се слуша во целиот град, а часовите ги отчукува на француски начин.“[4]

Според Хаџи Калфа, пак, оваа саат-кула била најголема меѓу сите кули на христијаните, а часовникот ги отчукувал часовите и дење и ноќе, при што ѕвонењето се слушало на „два часа далечина“.[4]

Од записите на Евлија Челебија и Хаџи Калфа се согледува дека градбата на саат-кулата во својот првобитен облик била со шестоаголна основа, чиј горен дел бил изграден од дрвена конструкција. По нејзиното преуредување во 1904 година, дрвената конструкција била заменета, по што градбата била целосно изгардена од тули.[1] Од дното до врвот на кулата, каде што се поставени часовниците, водат 105 скали.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Саат кула, Проект „Стара скопска чаршија“.
  2. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008) (на македонски). Саат кулите во Република Македонија. Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0. http://www.kalamus.com.mk/pdf_spisanija/patrimonium_3/036%20-%2035%20Spisanie%20Vera%202010.pdf. 
  3. Саат-кулата повторно го мери времето, Дневник, 27 мај 2008.
  4. 4,0 4,1 Петвековно движење на стрелките, Вечер, 5 септември 2006.
  5. Саат кулата – скопскиот јавен часовник, sataracarsija.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]