Црква „Св. Илија“ - Стар Дојран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
St. Elijah Church - Dojran (5).jpg

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба
Населено место Стар Дојран
Општина Дојран
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Изградба 1848
Запалена 1916
Архитектонски опис
Површина 600 м2
Портал „МПЦ“

Свети Пророк Илија — главната црква во Стар Дојран. Таа претставувала катедрална црква на разрушениот град Дојран.[1]

Податотека:Sv. Ilija Dojran.jpg
Поглед кон црквата во времето кога била разрушена

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште. Требала да им служи на сите дојрански христијани, но место тоа, станала јаболко на раздорот. По самата изградба, турскиот султан со указ ја дава на користење на грчките попови, односно на грчката патријаршија. Бидејки дојранските верници не го разбирале грчкиот јазик побарале од султанот да им ја даде на управа ним, односно богослужбата да се врши на словенски јазик. Султанот гледајки ја желбата на 2/3 од христијанските семејства во Дојран, со посебен указ црквата ја дава на Егзархијата како бугарска црква. Бугарскиот јазик како словенски јазик бил поразбирлив и поприфатлив за верниците, но не било реткост поповите богослужбите да ги служат и на македонски јазик. Губејки ја црквата, грчката патријаршија за потребите на своите верници, западно од таа црква, преку рекичката, изградиле нова црква „Св. Ѓорѓи“ во 1911 година која меѓу народот се нарекува „Грчка црква". Духовната поделеност на дојранчани ке живее се до рушењето на градот за време на Првата светска војна поточно до 1916 година, кога и црквата е комплетно разрушена

Со горењето на црквата изгорел голем дел покуќнина и богатство на дојранчани. Црквата Св. Илија со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри претставува вистинска архитектонска убавица на овие простори во Македонија. Со своите 600 м2 внатрешен простор и на два спрата можела да собере околу 600 верници. Градителите ја удостоиле со „акустични" стомни кои се гледаат во самите ѕидови од црквата, симетрично подредени како по висина така и по должина.

Реставрација[уреди | уреди извор]

Во 2003 година започната е комплетна реконструкција на црквата со цел да се врати некогашниот сјај на истата, а и самите жители на Стар Дојран и туристите да имаат можност да посетат достоен храм.[2] Се предвидува обновата да заврши во 2016 г., на стогодишнината од нејзиното бомбардирање.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. „Донација за соборниот храм во Стар Дојран“ (Македонски). МПЦ - ОА. конс. 2013-05-16. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]