Чаршиски мост
Изглед
| Чаршиски мост | |
|---|---|
Поглед на Чаршискиот мост | |
| Координати | 42°04′43.1″N 22°10′54.6″E / 42.078639°N 22.181833°E |
| Преминува | Кратовска Река |
| Место | Кратово |
| Други називи | Царски мост |
| Зашт. статус | културно наследство на Македонија |
| Особености | |
| Вид | лачен |
| Материјал | камен |
| Распони | 1 |
| Историја | |
| Завршен | 1804 |
| Местоположба | |
![]() | |
Чаршиски мост (наречен и Царски мост) — историски камен мост преку Кратовска Река во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.[1]
Мостот е изграден во 1804 година. Реновиран е во 1933 година. Се вбројува меѓу симболите на градот и стои претставен на грбот на Општина Кратово.[2] Се наоѓа на околу 70 метри од Грофчанскиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по Ајдучката чаршија.
Изграден е од камен и има еден свод со големина од 0,90 × 2 м.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Милевски, Ивица (18 март 2014). „Кратово – град на средновековни кули и мостови“. ИГЕО-ПОРТАЛ - Институт за географија. Посетено на 12 јули 2017.
- ↑ „Чаршиски мост“. Центар за дигитизација на националното наследство (ЦДНН). Посетено на 12 јули 2017.[мртва врска]
