Музеј на град Кратово

Координати: 42°04′40″N 22°10′51″E / 42.07778° СГШ; 22.18083° ИГД / 42.07778; 22.18083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на град Кратово
Зградата на музејот
Карта
Основан1993
МестоКратово, Македонија Македонија
ФондАрхеолошка поставка
Историска поставка
Етнолошка поставка
Одделение за конзервација на наодите

Музеј на град Кратовомузеј во градот Кратово. Музејот е основан во 1993 година и денес претставува локална установа чијашто надлежност е да овозможи заштита, чување и промоција на културно-историското наследство на подрачјето на градот Кратово и неговата поширока околина.

Од 2008 година на музејот му е доделена Саат-кулата, како простор со кој треба да управува и да се грижи за него. Саат-кулата е една од шесте кули кои опстанале од средновековниот и турскиот период на градот.

Градба[уреди | уреди извор]

Музејот на град Кратово е сместен во стара турска куќа, која е заштитена со закон, под која се наоѓа стариот турски затвор.

Поставки[уреди | уреди извор]

Во музејот постојат три мали поставки, каде се изложени соодветните збирки на наоди, како што се: археолошката, историската и етнолошката поставка, како и одделението за конзервација на наодите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Зградата на музејот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

42°04′40″N 22°10′51″E / 42.07778° СГШ; 22.18083° ИГД / 42.07778; 22.18083