Република (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од насловната на весникот

Република бил прв независен македонски дневен информативен весник што се појавил на 2 август 1991 година, спроти Денот на осамостојувањето на Македонија. Основачи на весникот биле: Јордан Плевнеш, Гоце Трајковски (директор на НИО „Република“) и Неан Кристоф Нотиас (директор на Еуропрес инвестисман, Париз). Редовното излегување продолжило во октомври за да згасне во почетокот на 1992 година, по отпечатените 147 броја. Се печати како неделник, од 25 декември 1992 година. Главен и одговорен уредник е Владо Мокров, потоа Ненад Баткоски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мокров, Боро; Томе Груевски (1993) (на македонски). Преглед на македонскиот печат (1885-1992). Скопје: Студентски збор.