Струмички конгрес од 1905

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Струмичкиот конгрес од 1905 година на Струмичкиот револуционерен округ, Македонската револуционерна организација организација се одржал во летото 1905 година е еден од многуте конгреси кои биле одржани по Илинденското востание на кои биле разгледани голем број на прашања кои ја засегале Организацијата и македонското дело. Најпрво имало советување на Струмичкиот револуционерна околија, а потоа се одржал конгресот на целиот Струмички округ [1].

Работа[уреди | уреди извор]

На Конгресот биле разгледани голем број на прашања меѓу кој омасовизирањето на револуционерното дело и заврстување на ораганизациската мрежа.

Притоа овој Конгрес донел неколку решенија.

Созадавње на специјални судски институции и одземање на дотогашното право на управните тела да судат, притоа бил изработен специјален судски правилник.

Приходите од судството требало да одат во полза на членовите на Организацијата кои биле затворени [2].

Решенијата кој биле донесени на околискиот конгрес биле потврдени од страна на окружниот. Дополнително окружниот конгрес го разгледал неколку други прашања, борба против врховистите, борба против воружената грчка пропагандам, бугарскиот струмички митрополит Герасим кои бил осуден и парично казнет.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  2. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  • Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981
  • Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)