Герасим Струмички

Од Википедија — слободната енциклопедија
Герасим Струмички
Роден 5 октомври 1860
Свиленград, Бугарија
Починал 1 декември 1918
Софија
Занимање свештеник

Герасим Струмички бил струмички митрополит.

Тој е роден во тракискиот град Мустафа Паша (денес Свиленград) во 1860 година. Завршил духовно училиште во Едрене и примил монашки чин. Своето образование го продолжува на духовната богословија во Киев, која ја завршува во 1889 година. До 1891 година бил законоучител во Солунската машка гимназија и ѓакон. Истата година станал јеромонах и бил испратен од Бугарската егзархија за претседател на градот Струмица. На 20 јули 1894 година бил ракоположен за архимандрит.

На 22 декември 1897 година Герасим Струмички бил избран за канонски струмички митрополит на Струмичката епархија. Исто така со подигањето во архиерејскиот чин, тој влегол во остар конфликт со раководството на Струмичкиот револуционерен округ на ВМОРО и подоцна со Христо Чернопеев, претседателот на Струмичкиот окружен комитет. Конфликтот се заострил особено во 1905 година, по второто осудување "условно" на смрт од страна на Струмичкиот регионален конгрес.

Во зборовите, кажани од владиката по повод упатениот укор, тој изјавил:

„Власта ме брка и сака да ме тргне од Струмица, затоа што сум бил со Комитетот, а Комитетот сака од мене пари и ме гони, бидејќи не сум со него!"

Тој е автор и на некои научни трудови со етногеографска и црковна тематика. Ктитор е на соборниот храм Свети Кирил и Методиј - Струмица.

Герасим Струмички починал на 1 декември 1918 година во Софија. Бил погребан во криптата на катедралната црква „Свети Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.