Прејди на содржината

Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Кирил и Методиј
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Струмица
Општина Струмица
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Кирил и Методиј
Изградба 1750
1905
Завршено 1911
Ктитор Герасим Струмички
Зограф Нестор Алексиев
Архитектонски опис
Стил руски
Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Струмица
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
Координати41°26′4″N 22°38′8″E / 41.43444° СГШ; 22.63556° ИГД / 41.43444; 22.63556

Црква „Св. Кирил и Методиј“македонска православна црква која се наоѓа во стариот дел на градот Струмица. За нејзиниот денешен облик е одговорен истакнатиот голобрдски мајстор Атанас Митровски од Себишта.

Историја

[уреди | уреди извор]

Долна црква

[уреди | уреди извор]

Изградбата на првата црква започнала во 1750 година во времето на епископот Пасиј, а истата била завршена во 1760 година. Олтарот или т.н. долен олтар од денешната црква е подрумски и е посветен Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Во долната црква иконостасот е изработен од дабово дрво и овде се наоѓаат дел од моштите на Свети Василиј Велики и Свети Теофан Начертани. Овде се наоѓа и гробот на егзархискиот митрополит Герасим кој бил иницијатор за изградба на горната црква.

Горна црква

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век во градот Струмица постоеле две цркви и тоа Црква „Св. Константин и Елена“ и Црква „Св. Димитриј“ кои припаѓале на патријаршијата во Цариград односно на Струмичката грчка митрополија. Од своја страна, долго време на Бугарската егзархија не ѝ било дозволувано да изгради свој храм во градот. Егзархиската струмичка општина успеала да издејствува султански ферман за изградба на своја црква кон 1905 година[1].

Во времето на бугарскиот егзархиски митрополит Герасим започнала изградбата на нова црква, посветена на браќата Свети Кирил и Медодиј. За изградбата на црквата биле донирани средства од руските мисионери од манастирот „Св. Пантелејмон“ на Света Гора кој е руски манастир. Изградбата на оваа црква започнала во 1905 година, а била завршена во 1911 година[1].

Иконостасот во овој дел е изработен од липа од страна на мајсторот на дебарската школа Нестор Алексиев во 1935 година. Иконописот го изработиле зографите Григориј Пецанов од Струмица, Гаврил Атанасов од Берово и Д. А. Папрадишки, а имало и други анонимни автори[2].

Во оваа црква според отецот Ѓорѓи Митрев се наоѓаат икони од црквата „Св. Константин и Елена“[3] која денеска не постои.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Според инвеститорите, изгледот на црквата е во руски стил. Црквата има крстовидна основа со нартекс и камбанарија на западната страна, додека на источната страна содржи развиен олтар.

Во црквата во 2006 година по 1.700 години чување во тајност, моштите на Свети Василиј Велики биле изложени. Неговите коски 17 века се наоѓале во Струмица. Моштите биле откриени во 1958 година и биле соѕидани во трпезната маса, внатре во олтарот, во долната сала на црквата, која служи за крштевање.

Така, со благослов на струмичкиот митрополит Наум, првпат пред верниците биле изложени на празникот Василица[4]. Моштите се изложуваат секоја година на празникот Василица.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 158.
  2. „Соборна црква "Свети Кирил и Методиј" – сите убавини и обележја на Струмица“. http://www.strumicacity.com. Посетено на 2013-05-06. Надворешна врска во |publisher= (help)
  3. „Археолозите трагаат по темелите на средновековната црква Свети Константин и Елена во Струмица“. www.radioilinden.com. Посетено на 2013-05-06.[мртва врска]
  4. „Изложени моштите на св. Василиј Велики“. dnevnik.com.mk. Посетено на 2013-05-06.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]