Стара турска пошта (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара турска пошта
Old turkish post office in Strumica.jpg
Отварање на реновираниот музеј од страна на Елизабета Канческа Милевска
Стара турска пошта (Струмица) is located in Струмица
Стара турска пошта (Струмица)
Местоположба во рамките на Струмица
Општи податоци
Статусмузеј
Културно наследство
Стилосманлиска архитектура
Адресаул. „Тошо Арсов“ бр. 23
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′8.2″N 22°38′4″E / 41.435611° СГШ; 22.63444° ИГД / 41.435611; 22.63444
Почната19 век
Обновена2010
Трошок за изградба3,770,000 денари
СопственикНУ Завод и Музеј Струмица

Старата турска поштамузеј кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Објектот е лоциран во стариот дел на градот во близина на локалитетот Орта џамија, на улицата „Тошо Арсов“ бр. 23. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Постoи краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец ја опишува Старата турска пошта како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија. Објектот бил граден во текот на 19 век[1], и по неговата изградба служел како пошта во времето кога овие простори биле под власта на Отоманската Империја.

Покасно овој јавен објект бил претворен во приватна куќа во која живеело семејството Арсови, а од 2005 е во сопственост на НУ Завод и Музеј во Струмица и спаѓа во ретките објекти со споменна вредност која ја обликува архитектонската визура на некогашна Струмица.

Обликуван е со приближна квадратна основа, со подрумски дел од камен, приземје и кат во бондрук систем со карактеристична вертикална геометризација. Катот има еркерно мало исфрлање само на двете страни од куќата, додека широката стреа со обликуван венец силно го нагласува кровот изведен со ориентална ќерамида[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Отворена реставрираната Турска пошта од 19. век“ (Македонски). конс. 13 декември 2010. 
  2. „Стара архитектура во Општина Струмица“ (Македонски и Англиски). конс. 13 декември 2010. 
Old turkish post office in Strumica 2.jpg