Споменик на грабнатото бекче
| Споменик на грабнатото бекче | |
|---|---|
| Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 614: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist | |
| Општи податоци | |
| Вид | бетон |
| Место | Општина Струмица |
| Град | Струмица |
| Земја | |
| Координати | 41°26′38″N 22°38′20″E / 41.44389°N 22.63889°E |
| Пуштена во употреба | 1978 |
| Сопственик | Општина Струмица |
| Проектирање и изградба | |
| Архитект | Борис Крстевски |
Споменик на грабнатото бекче — споменична композиција во Струмица. Споменикот е сместен на тревната површина во Градскиот парк на Струмица и претставува композиција од три скулптури од бетон, во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита Андон Ќосето и фигурата на Назлам-бег, синот на струмичкиот бег.
Сите три фигури се поставени на плато. Овие скулптури на симболичен начин го прикажуваат грабнувањето на Назлам-бег, настан кој се случил во септември 1897 година, при еден од престоите на Гоце Делчев во Струмица. Во грабнувањето учествувале Гоце Делчев, Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционери.
Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски, а подигнат е по повод 75. годишнината од Илинденското востание, односно во 1978 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Monument of the abducted Bey, Nazlam – Bey – Strumica Архивирано на 22 септември 2020 г.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||