Прејди на содржината

Хотел „Српски крал“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хотел „Српски крал“
Поглед кон објектот
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
Статусбанка
Културно наследство
Адресаул. „Тошо Арсов“ бр. 23
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′14.5″N 22°38′13.8″E / 41.437361° СГШ; 22.637167° ИГД / 41.437361; 22.637167
Почната1926
Завршена1928
Обновена2010

Хотел „Српски крал“ — објект кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Поглед кон хотелот и општинската зграда. Слика од 1930 година

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Објектот „Српски крал“ или „Стара На-Ма“ се наоѓа на аголот од улиците „Сандо Масев“ и „Благој Мучето“ и со својата положба и архитектура зазема доминантно место во рамките на амбиенталната градска целина во централното градско јадро. Спротивно од објектот се наоѓа Собранието на Општина Струмица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Објектот каде денеска се наоѓа „Српски крал“ во 1925 го купил војводата Илија Кацарски од село Босилово од Луна Јакуслова за 70.000 динари. Кацарски го купил местото со намера да гради дуќани. Но, наместо дуќани, со поддршка на неговиот пријател Жико Лазиќ, кој во тоа време бил влијателен човек и градски пратеник, започнал да гради објект од тврда градба со подрум, приземје, кат и поткровни простории. За кратко време објектот бил изграден и функционирал како хотел на двата ката.

Објектот бил изграден во периодот од 1926 до 1928 година од тврда градба и функционирал како прв бордел во градот Струмица. Посетители на оваа кафана биле угледни луѓе, трговци и офицери, а ги забавувал реномиран оркестар. На тротоарот пред објектот се поставувале дрвени маси со столови, каде гостите уживале во амбиентот на објектот и услугата на персоналот. По неколку години, објектот бил продаден и издаден под наем на Коце од Велес, искусен кафанџија, кој го разработил објектот до таа мера што во него доаѓале само искучителни гости, а музиката била донесена од Унгарија.

Во 1948 година објектот бил национализиран и преминал на располагање на Собранието на Струмица. Во 1949 година целиот објект бил даден на користење на претпријатието На-Ма. Во шеесеттите години на XX век била срушена куполата заедно со поткровниот дел на аголот од објектот и била изградена тераса на која се излегувало од поткровните простории. Во тој период објектот добил решение за споменик на културата.

Во осумдесеттите години на 20 век, приземниот дел го користел претпријатието Југопромет, катот бил издаван под кирија на станари, а поткровните простории ги користеле сликари за атељеа и работилници.

По денационализацијата, објектот бил напуштен и постепено започнал да пропаѓа[1].

Објектот денес

[уреди | уреди извор]

Со договор за купопродажба на недвижен имот во 2008 година, ПроКредит банка го откупил објектот. Објектот во текот на 2010 година бил реновиран. Проектот за ентериерот и ревитализацијата е дело на архитектот Томе Тимов и неговиот соработник Устапетров Илија.

На приземниот дел, денеска се наоѓа филијала од ПроКредит Банка[2].

Просторно е решен со приземје, кат и поткровни простории. Приземниот дел бил граден и опремен за градска кафеана, додека просториите на катовите како хотелски апартмани.

Фасадата е богато украсена со силно потенциран завршен венец профилиран со флорална декорација која се среќава над и под прозорците, како и на аголната преправна кула. Неговите две улични фасади биле украсени со релјефни сегменти од ренесанса и барок, а испакнатиот аголен дел со куполата бил знак на препознатливост на овој раскошен објект, кој го добил името „Српски крал“. Ентериерот во кафеаната изобилувал со луксуз. Во средината на просторот висел голем кристален лустер, а ѕидовите ги краселе кристални ѕидни ламби. На прозорците имало пердиња со кадифени црвени драперии. Црвените патеки на подот и скалите биле подарок за отворањето на објектот од Жико Лазиќ.

  1. „http://www.pcb.com.mk“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-11-05. Посетено на 2017-11-14. Надворешна врска во |title= (help)
  2. ПроКредит банка во некогашен хотел Српски краљ[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]