Споменик на Бегалците (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик на бегалците
Monument of the kids-refugees (bezhanci), Strumica.jpg
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 419: No value was provided for longitude
Општи податоци
МестоОпштина Струмица
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′00″N 22°38′37.6″E / 41.43333° СГШ; 22.643778° ИГД / 41.43333; 22.643778
СопственикОпштина Струмица

Споменикот на Бегалците — споменик кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Автор на споменикот е вајарката Наташа Божарова – Пијанманова која победила на конкурсот што го распишал Одборот за подигање споменици на Советот на Општина Струмица.

Спомен-обележјето, на кое на карпеста подлога е прикажана мајка-бегалка која заштитнички го прегрнува своето дете, претставува симбол на апокалиптичните судбини и страдања на Македонците од Егејска Македонија, за време на бегалските погрони по Втората балканска, двете светски и граѓанската војна во Грција во првата половина од минатиот век.

Споменикот е поставен во Спомен-паркот посветен на бегалците и децата на бегалците, а за неговата изработка се потрошени околу 500.000 денари од општинскиот буџет.[1] На споменикот е поставена плоча на која пишува „Незаборавот ги чува корените“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]