Трговски центар Глобал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Глобал (Струмица))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трговски центар Глобал
Пазарот Глобал Струмица.jpg
Трговскиот центар во 2011 г.
МестоСтрумица, Македонија
Координати41°26′22.5″N 22°38′21.3″E / 41.439583° СГШ; 22.639250° ИГД / 41.439583; 22.639250
АдресаБулевар Ленинова бб
Отворен на2008
АрхитектКомпанија „Де Лукс“
Паркинг380 места

Трговскиот центар Глобал е градски пазар кој се наоѓа во Струмица, Република Македонија. Објектот започнал да се гради на 18 јули 2006 година, а бил завршен во 2008 година. Трговскиот центар во чии рамки се наоѓа првата катна гаража со капацитет од 380 возила зафаќа површина од 3.400 квадратни метри, а вкупната корисна површина е 40.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција на проектот чинела 14.000.000 евра.

По изградбата на објектот, во 2008 година поради можност за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар биле уапсени тогашниот градоначалник на Општина Струмица, Зоран Заев заедно со уште петмина негови соработници[1]. Случајот се завршил со аболиција потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со која Зоран Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода.

Наводи[уреди | уреди извор]