Црква „Св. Константин и Елена“ - Струмица
Св. Константин и Елена — поранешна црква која се наоѓала во стариот град на Струмица.
Црквата се смета дека се наоѓала кај стариот суд во стариот дел на градот во непосредна близина на денешната црква Св. Кирил и Методиј каде освен оваа постоеле уште три други цркви. Според свештеникот Ѓорѓи Митрев црквата Свети Константин и Елена се наоѓа точно под темелите на стариот суд. Според него камените ѕидини се остатоци од црковниот сарај, а доказ за постоењето на оваа црква се зачуваните икони, кои биле откриени дури 1982 година.
|
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Струмица
- Археолошки наоѓалишта во Општина Струмица
- Цркви во Струмица
- Храмови посветени на Свети Константин и Елена во Македонија
- Поранешни цркви