Струмички амфитеатар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Струмички амфитеатар
Stadium Mladost - Strumica (4).JPG
Поглед кон амфитеатрот
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 419: No value was provided for longitude
Општи податоци
МестоОпштина Струмица
АдресаГрадски парк
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′41.6″N 22°38′24.4″E / 41.444889° СГШ; 22.640111° ИГД / 41.444889; 22.640111
Почната2010
Завршена10 декември 2010
СопственикОпштина Струмица
Технички податоци
Подна површина300 м²
Проектирање и изградба
Архит. бироДГТ “Неимар“
ДГУТ “Конинг градба

Струмички амфитеатар — мал амфитеатар кој се наоѓа во истоимениот град, Македонија.

Објектот бил изграден во текот на 2010 година, и официјално пуштен на 10 декември 2010 година, по повод празникот на градот Свети Петнаесет тивериополски маченици. Самиот објект бил изграден по претходна консултација со локалните местни заедници и финансиски подржан од страна на швајцарската Агенција за развој и соработка[1] и Општина Струмица.

Амфитеатарот е сместен во Градскиот парк на површина од 300 м² со капацитет од 200 седишта. Изведувач на градба била фирмата ДГТ “Неимар“ ДОО Струмица, а за надзор над изведувачот на градбата бил избран ДГУТ “Конинг градба“ ДООЕЛ Струмица.

Наводи[уреди | уреди извор]