Стадион „Благој Истатов“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стадион Младост)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прволигашки натпревар на „Младост“ меѓу Беласица и Академија Пандев

Стадионот „Благој Истатов“ е фудбалски стадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има капацитет за повеќе од 7 ипол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.

„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[1] Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.

Меѓународни натпревари[уреди | уреди извор]

Датум Натпреварување Противник Резултат
ФК Беласица
Квалификации за УЕФА куп 2002/03 Португалија Леишоинс 2–2
Квалификации за УЕФА куп 2003/04 Словенија Публикум 0–5
Фудбалска репрезентација на Македонија
10 февруари 2009 пријателски натпревар  Канада 3–0
5 септември 2017 Квалификации за СП во фудбал 2018  Албанија 1–1
9 октомври 2017 Квалификации за СП во фудбал 2018  Лихтенштајн 4–0

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски објекти“ - стадион „Младост“. www.strumica.gov.mk - официјално мрежно место на општина Струмица.