Орта џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Орта Махале џамија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орта џамија
Orta mosque - Strumica (2).JPG
Изглед на џамијата
Орта џамија is located in Струмица
Местоположба во рамките на Струмица
Основни податоци
МестоСтрумица, Македонија
Координати41°26′08.7″N 22°38′05.6″E / 41.435750° СГШ; 22.634889° ИГД / 41.435750; 22.634889Координати: 41°26′08.7″N 22°38′05.6″E / 41.435750° СГШ; 22.634889° ИГД / 41.435750; 22.634889
ПрипадностИслам
ЕпархијаОпштина Струмица
Осветен11 век
Духовно-организациски статусмузеј
Културно наследство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија, археолошко наоѓалиште
Особености
Минариња1
Материјаликал камен

Орта џамија — археолошки комплекс од објекти кои се наоѓаат во стариот дел на градот Струмица, Македонија. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Грчко-римски период[уреди | уреди извор]

На овој локалитет при истражувањата биле пронајдени наоди од хелинистичкиот, римскиот и средновековниот период. Наодите од хелинистичкиот период се застапени со карактеристичните хомерски типови на мегарски чашки со претстави на хомероватаИлијада“ (3 век п.н.е.), сад со претстаава на Артемида, божицца на ловот, особено почитувана на овие простори, држалка на сад со претстава на Силен - шумско божество, орел со други наоди од римскиот период од 2 век, како и многубројни чинии, чаши, грниња и монети.

Овде е пронајден и мермерен постамент од статуа на Тибериј Клавдиј Менон. На овој објект се наоѓаат и остатоци од објект, за кој се претпоставува дека можеби овде постоела и ранохристијанска базилика.

Црква и некропола[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 11 век и почетокот на 12 век била изградена трикорабна црква посветена најверојатно на Пресвета Богородица, за која се говори и во повелбите на српскиот цар Стефан Душан (1331-1355) и византискиот цар Јован Кантакузин (1347-1354). Зачуваниот конструктивен дел од апсидата, кадешто се присутни Чесната трпеза и синтроносот, впрочем го потврдува епископскиот карактер на црквата. Градбата на црквата е создадена од камен и кал.

Фрагментарно зачуваните ликовни елементи стилски не упатуваат на сликарството од времето пред палеологовскта епоха со стилски и временски карактеристики блиски на црквата од Водоча, односно од првата половина на 11 век, а најзначајни фрески се оние на: Апостол Павле од композицијата Причестување на апостолате, Апостол Лука, Апостол Симон, Свештеномаченички од благородничко потекло, циклус на Големите празници, циклусот на Христовите страдања и евхаристична сцена во олтарот.

Најмногу доминантни наоди од овој период се накит и метални делови од облека, првенствено копчиња, кои исто така сведочат за погребните ритуали на средновековното население во овие делови. Исто така биле пронајдени и различни видови на обетки, прстени, нараквици и копчиња. Куриозитет претставува наодот на два пара стаклени белегзици откриени на двете раце во гроб на девојче. Тоа зборува за специфичната облека и начин на употреба на овој накит потврдени на фрескоживописот од св. Пантелејмон – Нерези, Скопје од 1164 година[1].

Црквата била опожарена во 13 век по кое ов место било претворено во средновековна некропола која била користена до 17 век.

Џамија[уреди | уреди извор]

На местото каде се наоѓала црквата, била изградена денешната Орта (Средна) џамија во 1613-1614 година[2]. Од натписот кој се наоѓа над влезната порта испишан со нефис писмо во десет полиња, се дознава дека џамијата била изградена од страна на Дурак-ефенди. Џамијата на Дурак-ефенди претставува едноставен провинциски тип на еднокуполна џамија. Куполата која е издигната на осмоаголен тамбур, денес е покриена со турска ќерамида.

Орта џамија своето име го добила по местоположбата на која се наоѓа - помеѓу тврдината и долниот град. Молитвениот простор, кој е со димензии 11,80 х 11,80 метри е засводен со купола носена на пандантифи. Џамијата има квадратна основа покриена со голема купола, чија височина изнесува 13,50 метри. Пандитивите се украсени со цитати од Куранот, а во внатрешноста има флорални декоративни мотиви[3].

Осветлувањето на внатрешноста е преку прозорските отвори поставени во два реда на секоја од страните. Со својата форма се издвојуваат прозорите во долната зона на северозападната страна во тремот – тие се правоаголни и се сместени во високи кружни михрабски ниши, кои завршуваат со декоративна сталактитна орнаментика во пет реда. Овој пример на сместување на прозорски отвори во просторот на михрабието е редок а можеби и единствен на просторот на Македонија. Оригиналниот трем, кој денес не постои, бил дрвен и поставен по целата должина на северозападната и североисточната фасада.Минарето кое се наоѓа на западната страна од џамијата е изградено е во триесетите години на 20 век (исто како и кровот и оградата на џамијата). поставено е на квадратен постамент кој преминува во кружно тело збогатено со шерефето оградено со перфорирани парапетни плочи. Опусот на градба е провинциски производ на комбинација од грубо обработеки[4].

Денес[уреди | уреди извор]

Реновирана е во 1984 година. Денеска, овој објект претставува археолошко наоѓалиште и музеј. Во 2019 година од страна на директорот на НУ „Завод и Музеј Струмица“ била најавена санација на објектот, чија цел е објектот да прерасне во музеј на исламската култура во регионот, но и салон за концерти, поради одличната акустика и соодветен простор[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маргарита Стаменова-Атанасова, Осврт на резултатите од ископувањата на средновековната некропола на локацијата Орта-Џамија во Струмица, стр. 507
  2. М. Стаменова-Атанасова, Духовните традиции на Тивериопол, Струмица, 2003
  3. „Отоманските споменици во Македонија“ - Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, стр. 72
  4. „Османлиски споменици“ - Македонско културно наследство, стр. 102
  5. Орта џамија во Струмица ќе се заштитува според методи од Дубаи и Истанбул