Стар театар „Антон Панов“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стар театар „Антон Панов“
Поглед на театарот
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видтеатар
Стилкласицизам
Адресаул. „Боро Џони“ бр. 5
ГрадСтрумица
Земја Македонија
Почната1948
Завршена1949

Стар театар „Антон Панов“театарска зграда во градот Струмица, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Градбата е сместена во градскиот центар, на улица „Боро Џони“ бр. 5. Изградена е од есента 1948 до мај 1949 година со доброволен труд на граѓаните. Била изведена масивно, со приземје и кат со влез од север. Во 1969 година е извршена реконструкција, при која внатрешноста е обновена од уметникот Александар Јанкуловски и вајарот Насо Беќаров. Приземјето имало влезно фоаје, билетарница и скалила кон катот. Салата имала 460 седишта и две ложи по страните. Лево и десно од сцената имало работилници, гардероби и други придружни простории. Внатрешноста била богато украсена со мозаици и бакарни апликации.[1]

На почетокот на XXI век била зачувана само предната северна фасада кон улицата „Боро Џони“ и влезната врата, која е впечатливо изработена од дрво со бакарни апликации. Предната фасада е со нагласен централно поставен влез со два пиластра со капители. На приземјето има по еден прозорец лево и десно од влезот, а на катот се распоредени четири симетрични прозорци. Фасадата завршува со профилиран венец и профилиран тимпанон. Вратата била пренесена во Домот на културата.[1]

Градбата била целосно уништена откако настрадала во пожар. Во 2012 година отпочнала нејзината обнова во изворен облик.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Стар театар Антон Панов“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2018-07-12. Посетено на 6 ноември 2017.
  2. „ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на стариот театар во Струмица“. Вистиномер.мк. Посетено на 6 ноември 2017.
  3. „Стар театар“. Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Архивирано од изворникот на 2022-04-19. Посетено на 6 ноември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]